А требаше само да го земе в раце и да го гушне. Ова бебенце е тука негде како моето и баш се згрозив, се расплачав, душичка мила, од мисли не ми излегува, ем без звук гледав и поарно. И се сетив, како еден пријател порано се вратил од работа и што да види дадилката со љубовникот на топло, а децата во ладна соба, сега ќе бев во затвор велеше. И баш од тоа негово искуство си размислував, доколку ангажирам некоја да го чува малиот кога ќе тргнам на работа да поставам камера дома 24/7. Сега не да размислувам, туку сигурно ќе поставам, насекаде и тоа live stream. Нема шанси да го гледам пак, неможам.
Леле луѓе го гледав вчера се згрозив, да ми падне во раце ја убивам на лице место не ја жалам таа е болна ненормална една . Душичка малечка толку ми беше тешко додека гледав монструмот што му правеше да има како да и влезам од компјутер внатре ке и покажам убаво
Баш зборев со мајка ми за ова и мајка ми е згрозена, дури не и се веруваше дека вакви луѓе постојат. Ми кажа едно искуство на нејзина пријателка. Имала две девојчиња и викнала дадилка да и ги чува децата. Нешто приметиле соседите, нешто и она и решила да види што е работата. Се вратила порано од работа и што ќе види, девојкава во када гола со дечкото, а девојчињата оставени само во соба со отворен прозорец, а живееле на 13 спрат. Среќа биле мирни па ништо не им се случило. Значи какви луѓе држи оваа земја, да се чудиш и да се крстиш.
Вакво нешто може да оправда само психопат. Цел ден ми се врти во глава беспомошното и невино бебенце. Монструмот ќе помине со парична казна од £500 или 3 месеци затвор. Спојлер http://www.therealsupermumblog.com/2013/02/babysitter-in-russia-beating-nine-month-old-baby/
Леле прочитав, три месеци затвор или 500 фунти. Ова не е нормално, значи цел свет го виде видеово и немаше човек кој не се згрози. Јас да сум на местото на родителите ја решавам одма, нема да чекам правдата да ја стигне за 500 фунти или 3 месеци затвор. Оваа остатокот од животот да го помине во затвор малку и е.
имам завршен педагошки факултет, се згрозив кога го слушнав ова.како може да ја изнервира едно мало бебенце со својот плач .под итно треба некој да превземе нешто,се работи за човечки живот.
Тешко ми падна на душава откако го изгледав ова... Три месеци затвор за ова...Кутро истрауматизирано бебенце, кој знае колку му било страв и си ја сакало мама...
Искрено ова не ме чуди, слични вакви раб и во Италија се дешаваат и тоа у приватни градинки. Според мене најстроги мерки треба да се земат за вакво (НЕ)однесување. Ај да тргнеме на стр шо е болна типкава него и што може трајно да се наштети на едно дете ? Плус вакво удирање у глава ? Па ни на зафрканција бре несмее да се случи .
Немав срце да го догледам целосно видеово, па го исклучив веднаш кога видов што ќе се случува. Ме вознемири до максимум и ме разгневи. Премногу ми е жал за детето, невина и чиста душичка - што е потребно да ги трпи фрустрациите на некоја си болно пореметена жена. Ме прави среќна фактот што откриена е на време, ако ништо друго. Баш монструм, добро сте и го доловиле карактерот..
Јас искрено се надевам дека ова не е вистина. Не ми е јасно како може едно толку беспомошно и невино суштество да предизвика такво однесување. Па зар има нешто помило и почисто од бебе? Ваквите луѓе заслужуваат бесилка, можам да замислам како и е било на мајката кога гледала како се чува нејзиното бебе. Навистина жално.
Изгледав 20 секунди од видеото, не можев повеќе Искрено да бев мајката на ово душиче, никогаш немаше да стигне снимката до полиција, директно дома и одев на психопатката и срцето со раце ќе и го искорнев, немаше порота која ќе те осуди после изгледувањето на снимката. Инаку мене уште една работа ме загрижува, во тие 20 секунди што дотрпев да ги изгледам имаше теглење на рачиња, удари по глава и удари со клоци а се гледа дека не и е првпат вака да тепа психопатката, нели приметиле тие родители траги од удари по телото на бебето
После ова видео што го гледав,и некогаш во животов кога би имала дете,не би го оставила некоја дадилка.Ај за дадилка ај,ама и на свекрва не и го оставам Се зафркавам,oва за свекрвата Не вистина многу тажно,греотичка детенцето.
Нека ми ја дадат старата вештерка да и пресудам... Жива да ја изделкам...Сирото златно бебе... После ова тешко дека жена би земала да ми чува дете...Само мајка ми може...
Греота бебенцето , леле само колку се натажив Бидејки постојат секакви луѓе НИКОГАШ не би дала дете на некој друг да чува..
Смрт за вештеркава е многу хумана работа! Јас би да ја мачат, да си сечат рака, нога...да и вадат нокт по нокт. Аме ми доаѓаат идеи за кои не сум верувала дека може да ги помислам за живо суштество.
Женава е пореметена и е за во лудница.Ц ц ц би ја бесела еј Се надевам само дека бргу е откриено ова,косата ми се крева нанагоре кога ке помислам дека можеби подолго траело мачењево врз бебето. Незнам само што ја предизвикало вака да прави,па бебето си е мирно,ништо не прави,нормално е дека ке плаче,па бебе е. Се надевам само дека бебето си е во ред,и дека неа да има трауми или некакви последици.Таа дефинитивно не била свесна дека со еден таков удар може и да го усмрти тоа малечко и невино бебе. Страшно,страшно ...
Леле душичка... Како е можно да постојат вакви луѓе бе, што срце треба да имаш за да малтретираш толкацко бебенце... Што и направило кутрото душиче бе? Што се постои низ светот, немам зборови Страшно
Јас да сум на место на родителите на бебево, немаше да чекам полиција да ја средува работава...јас лично би и пресудила...вештерка грда уффф