Имав прилика да видам и во изградба и готова Готовите нашминкани ке речеш супер се ама штом влегов во таа што беше во градба одма реков НЕ толку фушерајски направено значи не време би 100 е а не 400 евра за метар квадратен
Репрокорм ги гледам на интерент некако мн симпатични ми се куќите,дали некоја можеби има искуство со нив?
Темава не е активна,се надевам некој ќе сподели со мене искуство со овие куќи,лично или некој близок ако познавате има монтажна куќа? Дали се квалитетни? Што подразбира гаранцијата на изведбата? Тоа прашање секогаш ме мачи,дали после рокот за гаранција,куќата почнува да се распаѓа или што….?
Дали има некој искуство што живее или познава некој во монтажна куќа. Ги гледав Хот и Хот куќите изгледаат одлично од надвор... Каков е квалитетот на истите?
Здраво на сите, Ги прочитав сите коментари иако темава е од 2016 година и цените се зголемени, сакам да ве прашам дали има некој искуство денес како е со монтажните куќи, ме интересира квалитетот на градбата и цените во споредба колку е поевтино во однос на цврста градба. Ви благодарам
Јас работам со браварија/лимарија/пвц дограма и во глобала со се од таков тип на работа (градежно) Искрено да ти кажам брат ми си купи место во близина на Прилеп и сега ќе правиме монтажна куќа,за него е многу поисплатливо затоа што со некои 30-40 илјади евра ќе направиме куќа од 150м2 комплет со се намештај
Аха лажи луѓе тука по форум да ги заколите демек брат ми дрндрн а вие "газди"на квази фирми шо градите т.е не градите шупи Па пази со мебел дури Бреееј Само мебел е таа сума не градба Апла се гледа дека појма си немаш
Ти ако купуваш мебел за една куќа од 40.000 евра навистина си богата хехе,ние не трошиме толку пари на мебел а ако нешто навистина е прескапо за нас или сами го прајме или не го купуваме . Како што кажав сами си прајме се,ниту се рекламирам ниту па убедувам ако не сакаш да веруваш не мораш. Да се надоврзам на темата - мислам дека е поевтино да инвестираш во монтажна куќа, факт е дека е и побрзо. Што се однесува до изработката - за тоа нема што да се преговара се знае кој си сносува одговорност,онај што ја прифаќа нели? Така да нема потреба да пишувате фалш се монтажните куќи и такви нешта бидејќи има и добри и лоши мајстори ... Сепак ќе кажам - ако не сте финансиски најспремни тогаш монтажните куќи не се лоша опција, можете само да добиете а не да изгубите.
Мое мислење е дека сепак е подобро да се гради објект/куќа тврда градба. Све зависи кој што како преферира, монтажните куќи имаат можеби некој предности како на пр. побрз рок на изведба на градење, поотпорни, по прилагодливи ете така да кажам во однос на земјотреси поради материјалот од кој се направени. Сум видел и сум бил во неколку такви објекти навистина се скоцкани и дотерани особено надворешен изглед све е супер, ама има и примери каде што материјалот дрвената граѓа не е со добар висок квалитет и со текот на времето таа работи и се јавуваат проблеми кој што треба да се санираат. И за монтажна куќа и за куќа тврда градба треба добри мајстори кој ќе го изведат објектот како што треба како и добар квалитетен градежен материјал. Материјалот е многу поскапен за разлика од порано, исто така и за мајстори сега се плаќа поскапо. Градењето на куќа е сериозно голем проект за кој покрај финансиска конструкција потребно е и многу трпение упорност сила за да се реализира истиот.
Пред две години за 46 квадрати ни побараа 50.000 евра за монтажна, без мебел. А цената што ја напиша може е вистина само ако со брат ти сами ќе работите и дополнително да ги викнете роднините да ви помогнат гратис.
Абе глупости Преваранти тешки барат жртви по нет Зимат капар и изчезнуваат Еден од Крушево сол направи низ мк
Има една поговорка " прашај паталец, а не гаталец" Во последно време многу преваранти и приучени мајстори.