1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Монтажно креветче

Дискусија во 'Бебе' започната од women17, 12 мај 2014.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Ме интересира дали може еве на пример со поквалитетен душек бебето да ми спие до 3 годинки во монтажно креветче или за помалку е? И дали се покажани како добри овие креветчиња? Сакам да земам вакво за да можам и во дневна да си го ставам кога ќе си бидам и јас во дневната и бебето да ми спие таму.
     
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Мојава е 22 месеци и удобно си спие во монтажно. После вториот роденден сигурно ќе продолжи да спие таму. Колку долго не би можела да кажам, дали 2.5 дали 3.... претпоставувам од детето зависи.
    Ама ќе биде максимално искористено.
     
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Епа добро е тоа. Барем ете до 2.5 години да спие. Зашто една ми викаше као само до 1 година можело бебето да спие во монтажно.
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Јас на старт користев колевка, некаде до 4-5 месеци мислам. Потоа ја префрлив во класично, дрвено креветче.
    Хорор ми беше. Детево толку се трескаше во него кога малку малку опркна. Буквално страв ме фаќаше дека главата ќе си ја расцепе.
    Потоа набавив минтажно и раат сме.
    Спиењето зависи од душек. Не глеедам никаква предност на дрвено во однос на монтажно на тоа поле.
    Димензиите се тие. Повторно не гледам некоја предност.
    А на монтажното предност е што низ цела куќа можеш да го шеташ, едната страна е како мрежа па детето си гледа, а и ние него.
    Најголемата предност е што не може да се повреди. Тие затворените креветчиња мене ми се клаустофобични. Тие со решетки дете ќе пикне може дел од тело и ќе се заглави, плус дрво ако се удри и те како ќе боли.
    Ова споредби од искуството што го имам и со дрвени и со монтажни.
    Јас сум само за монтажно.
     
    На Ema.Sk, mariz, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.902
    Пол:
    Женски
    Јас имам монтажно и ми рекоа комотно додека го собира може да се користи. 2,3,4 години, зависи детето колку ти е крупно и долго. Ова кога купував. Не се плашам да го оставам сам, си игра со мрежата, не може да се повреди. Јас не ни купив дрвено. Директ у монтажно го сместив. :)
     
    На vitamina и Black girl им се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.155
    Допаѓања:
    169.432
    Пред повеке од 15 години купив монтажно само шо испаднаа и беа изгор скапи
    прво едното до 4 години после другото до 6 години спеше во него
    максимално го изкористивме и сеуште беше здраво и функционално
     
    Последна измена: 10 мај 2017
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Многу ми се погоди мене. Големиот спиеше во него до 4 или 4 и пол години, па го префрлив во своја соба на голем кревет. Сега малото е во него. Со солиден душек кој достигнува до пола висина од креветчето нема ни да осетиш дека е монтажно. Е зависи од детето секако, покрупни и повисоки дечиња пократко време го користат, пишуваше на нашево колку што се сеќавам, до 15-16 кг може да се користи, ама еве, тука некаде се и дрвените креветчиња. Димензиите се исти, само што дрвените можеби трпат повеќе тежина.
     
    На LadyC и Black girl им се допаѓа ова.
  8. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.680
    Допаѓања:
    8.629
    Пол:
    Женски
    I jas se mislam da zemam montazno, epten se udira i se pika vo resetkite na drvenoto, plus sega i letovo ke ni treba neli za po odmori. Eh da mi bese ovoj pamet koga go kupuvav drvenoto nemase 15000 da se oprcam za na kraj pak so montazno da zavrsam :@ iskreno togas gledav izgled marka ama sea.....a ne deka ne e iskoristeno celo vreme si spie vo nego od ragjanje ama eve kako raste pocnuva da se udira dzabe i ogradici i sve se pika pod niv neznam kako moze
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Мојава е научена да спие само во дрвеното, иако многу се чука.. Страшно спие, а една вечер толку се изнервирав и го спакував дрвеното на таван и ја ставив во монтажното. Цела вечер ми гребеше на мрежата, жива ненаспана бев утрото и јас и она, па видов не видов го вратив дрвеното, ако не ја боли нека се чука, само го залепив за спалната.
    Монтажното го користиме како игрална во дневна, а кога одиме некаде за викенди го земам но не спие убаво во него, не е навикната.
    Инаку зависи до детето до кога ќе го користи, мојава е доста крупна сега има 11кг, а и височка е скоро 80цм на 10+,така да не верувам дека ни до 2год би го користеле.
     
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Зависи има монтажни 100-120. Јас имам дрвено 100см долго и уште го собира синко кој е 2год и 1м, а е доста големо дете, надпросечно висок цело време... :)
     
    На augustd, LadyC и danichap им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Двете монтажни ми се 120x60. Тоа се стандардни димензии.

    А кога дечињата проодуваат најчесто не качуваат веќе толку на тежина, така да и јас мислам подолго ќе си спијат бебушите внатре.
     
    На kukla21, Annath, LadyC и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.902
    Пол:
    Женски
    Исто е и моето. Башка добив за повојница „игрална“ поголемо монтажно од моево од крш. Не знам колкаво е на димензии ама дефинитивно наредни 5-6 години сум обезбедена. :D
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Imaat periodi na stagniranje, sinko od Dek e 15kg, ne mrdnal :D a kolku e porasnat vo visina neznam... ama cim go sobira taman vo 100cm krevet, ne e povekje od 100cm... ova drvenovo kje bide za novoto bebce, za nego krevet golem kje zememe :D
     
    На LadyC и danichap им се допаѓа ова.
  14. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    И јас сум во голема дилема. Да купиме монтажно ( што не ми се допаѓа) или дрвено кое веќе ми е одбрано. Читајќи ве вас стварно незнам, имам уште малку време да се помислам. Не знам во кое ќе му биде поудобно на бебето.
     
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    I jas ja imav istata dilema, pomegu montazno koe e poprakticno i poeftino i drveno koe mnogu poveke mi se svigase.
    Na kraj se resiv za drvenoto, epten golem mi bese merakot, se pravi posle i krevet za pogolemo bebe, taka da veruvam ke go iskoristime maksimalno. Za sega spie mirno i ne se mava uste, za ponataka ke vidime.
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  16. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    И мене меракот ми е голем и веќе ми е одбрано со 4 фиоки е од долу има димензии 60/120 и 70/140 се мислам и за тоа уште. Инаку планирам и оградници да купиме за околу цело креветче, се надевам нема да згрешиме.


    Имам и едно прашање
    Дали душекот може да се искористи и за дрвено и за монтажно креветче или не? За ако понатаму купиме монтажно да знам дали ќе треба и нов душек да се купува.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Moze istiot dusek dokolu krevetceto e so isti dimenzii.
    Vo vrska so ogradicite, jas zemav 2 kompleta postelnina so ogradici i uste gi nemam staveno zasto dusekot ni e na vtoro nivo i ne mozat da se postavat ogradicite. Koga ke se spusti dolu togas ke moze, ama toa koga bebo ke bide pogolem. Taka da mozes da go odlozis kupuvanjeto na ogradici i onaka se dosta skapi.
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    А дали оние преносливите душеци што се ставаат во торба се квалитетни колку и другите и дали ги купувате од беби шоп?
     
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Имам дрвено... Ни фиоките ги користам, нит е удобно, повеќе спие со нас отколку во креветчето. Додека беше бебе и не се вртеше многу многу спиеше таму, а кога почна да се врти и да се мава, да заглавува нозе меѓу решетки почнав да го зимам со мене, за да спијам ко човек :D До 1год супер му беше... после мавање глава, нозе, раце... Да би бирала пак, дрвено никакооо... за тие пари ке купам ептен квалитетно монтажно... мој совет. Сега ке му земам кревет нов, зашто како и да е бебчето кое е на пат ке си спие во креветче... а ке одам до Бг, до една продавница има монтажни со ептен убави цени... па може на крај и ке си купам :)
     
    Последна измена: 11 мај 2017
    На bella12, orhideea и TheSecret им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Имаме две монтажни, едно скапо, едно ефтино 2000 ден од џамбо. Второво ни е за носење и за во дневна за играње. Задоволна сум
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.