Душече ви е некако препорачливо за креветчињата иако на нив пишува дека не смее ништо друго освен таа подлога од безбедносни причини. Мојов сега спие само на подлогата бидејќи патувавме со авион и овде само креветче ни дадоа и ич не сака да спие само на подлога. Дома имаме за монтажното и склоплиц душек до мемори пена купен од БлуБлу во СитиМол. Е сега друга работа е што овие креветчиња јас лично од искуство не би ви ги пропорачала за секојденвна употреба. Стандрадно дрвено креветче со повеќе нивоа е подобра опција. Моевно сеуште на 17 месеци знае да се разбуди ноќе и да треба да до погалам, занишкам или земам. Во дрвеното тоа сосема добро се прави ама монтажните долното ниво им е ептен ниско и ич не е практично за земање, галење на дете и слично. Плус и он си е навикнат да ме гледа мене ноќе ако се подразбуди а вака плаче и станува да ме види.
Леле продавачкиве еј! Се нешто бисер ќе кажат. Паметам и за транспортер и релаксатор кога земав така беше. Па и 6м знаат дури. Те лажат, измишљотини трескаат. Што детето после 6м, ќе се навикне на тврдото?! Таа подлогата е се само удобна не, обавазно треба душече.
Пa гледам јас дека таа подлога некако не е удобна, а тие после 6 месеци требало. Ќе си земам душече. Фала ти за информацијата
Јас дури мислам дека таа подлога е дрво доле, барем така изгледа, само обложено со сунѓер. Бебе нема шанси на тоа да спие, тоа само ако се користи за игрална е ок.
Па и јас така мислам, ја допирав и ми беше тврда, а па таа продавачката ми вика исто е како душече таа облога
Внуците мои на почетокот спиеја само на таа подлога по препорака на доктор. На душече ги префрлија после 5-6 месеци, не се сеќавам точно.
Мене една ми кажа на почеток на спална со тебе ќе спие..не ти треба креветче а викам не не....вика ај ќе видиш. Викам уште од прв ден ако го ставам меѓу нас убаво ќе напраам.
Како повеќе време поминува така повеќе сум за монтажно креветче.Не сум искусна по ова прашање па сеуште собирам информации. Се прават ли монтажните на 2 нивоа?
Да, има две нивоа, првото е долу, второто ниво некаде на половина од креветчето со специјална подлога што се прицврстува на оградата од креветчето, барем такво е нашето. Првото го ставав на таа подлога, а второво директно на душечето, дека е високо.
@mal.ecka можеби ќе ти биде од помош моево постаро мислење Дополнување. Од две години дури малава почна безбедно повторно да спие во дрвено.
Од блиските никој нема монтажно и не сум видела како изгледа и функционира.А може цело време да спие во монтажно,пошто ако земам такво не планирам дрвено.
Може, секако, со соодветно душече. Големово до 4 години спиеше во него, сега малото е на ред. До кога, здравје ќе видиме.
За цело време е истото. И дење и ноќе. Само што го шетаме по собите и пред очи ни е нон стоп е предноста.
Си гледала низ продавнициве? Ме бендиса едно во енци менци, ама чудно е што нема тркалца. Обично монтажните креветчиња имаат 2 тркалца и 2 статични ногарки, ама во енци менци не најдов ниту едно такво.
И јас само таму сум гледала (во Битола, ама секаде им е иста роба ваљда) и да, немаат тркалца стварно
Ќе ти биде напорно со такво, без тркалца. Барај и по другите или на интернет. Јас си нарачав он лајн за кај мајка ми, од локо кроко. По карго и го донесоа. Договарањето си помина без никаков проблем.