1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Монтевидео-Бог те видео (2010)

Дискусија во 'Филмови' започната од Abeja, 20 декември 2012.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Монтевидео-Бог те видео (2010)

    [​IMG]

    [​IMG]

    Филмот е режисерски првенец на српскиот актер Драган Белогрлиќ, работен по сценарио на Срѓан Драгоевиќ и Ранко Бочиќ.
    Сценариото е напишано по истоимената книга на спортскиот новинар Владимир Станковиќ и говори за големиот успех на кралството Југославија на светското првенство во фудбал,откако ќе добие покана за учество од FIFA, одржано во Уругвај 1930 година. Филмот се состои од два дела (односно две приказни), а од снимениот материјал е направена и ТВ серија од 15 епизоди.

    Главни улоги:
    Александар Тирнанић - Тирке (Mилош Биковић) е момче од населбата Чубура, кое е приморано да избере помеѓу работа во фабрика и фудбал. Тој го одбира второто. Природниот фудбалски талент од чубурската калдрма го внесува во клубот БСК, каде се запознава со Моша Марјановиќ. Тие двајца стануваат пријатели и легендарен тандем. И покрај тоа што е мангуп, Тирке е амбициозен, праведен и пред се, со чиста душа.
    Благоје-Моша Марјановиќ (Петар Стругар) е дел од фудбалската екипа БСК, единствен професионалец, платен за секој гол. Се облекува во нови модни трендови, вози Форд Т, се движи во елитни ноќни клубови, каде што ја запознава либералната и слободоумна Валерија.
    Валерија (Нина Јанковиќ) е ексцентрична белградски уметник и сликар, член на белградската елита. Таа е чест посетител на Џокеј клуб. Станува девојка на Моша, но сплетот на околностите ја води до Тирке. Тогаш чистата душа ќе биде ставена на искушение.
    Роса (Дафина Јевтиќ) е љубезна и простодушна личност, роднина на Рајко и Ѓурѓа. Таа доаѓа во нивната кафеана за да им помогне. Роса ќе го привлече вниманието на младиот Тирке.

    Филмот е снимен по вистински настани и го следи составувањето на националниот тим од 11 талентирани фудбалери, меѓу кои и познатиот тандем Тирке и Моша. Тирке ја има таа среќа да го исполни својот сон како фудбалер, откако идниот селектор на тимот, ќе го примети како игра на калдрмите во Чубура. Кога ќе се уверат во неговите способности и уметноста која ја внесува во фудбалот, претседателството на клубот БСК ќе го вклучи Тирке во тимот, каде од почетокот ќе биде во судир со Шима, по што ќе станат многу добри пријатели. Соочен со финансиски проблеми, поради немање поддршка од кралот (поради тоа што хрватите не ипратиле фудбалери) тимот е разочаран што наместо нив предложено е да оди Бугарија. По пријателскиот натпревар со Бугарија, откако буквално "ги смачкаа", народот собира пари преку услугите на малиот Станоје (мало пријателче и поддршка на Тирке) кој им ги чистеше кондурите на гледачите и мали закани врз Бугарчето :lol: , одлучено кралството Југославија да оди на светско првенство во Уругвај.
    И покрај тоа што главната тема е фудбалот и успехот на светско првенство, филмот претставува и мелодрама каде што и љубовта има големо значење, како и сиромаштијата, преживувањето на народот, културата, обичаите, пријателството, моралот.

    Главната тема на филмот е историскиот успех на југословенската репрезентација на Монтевидео 1930 година, каде истата се закити со бронзен медал. Ова се случува кон крајот на 1929 година до почеток на септември 1930 година, кога фудбалерите по 75-дневните авантури триумфално пристигнуваат во Белград. На железничката станица биле дочекани од преку 5000 фанови, кои ги носеле по балканската улице, се до Теразија.

    Филмов ми се допадна, можеби дека е проткаен и со хумор, едвај чекам да го гледам и вториот дел-во Уругвај, на првенството.
     
    На SnowWhite91 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Alesia

    Alesia Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Леле го имам гледано филмов, преубав е, го обожавам. Едвеј чекам да излезе новиот дел, ако веќе не е излезен. :D
    Поздрав
     
  3. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Леле јас не знам од кога се канам да го гледам и никако да седнам (додуша не знам ни јас од кога не сум седнала воопшто да гледам некој филм :lol: )
    Ама во петок ми завршуваат колоквиуми па дефинитивно петок вечер, со топло чоколадо и пуканки пред монитор и „Монтевидео, Бог те видео“ :angel:
     
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Многу си го сакам филмов, и за прв и за втор и за трет пат гледање го бива. Глумците се одлично избрани, убаво што направиле комбинација од поискусни и по тазе глумци. Музиката и сценографијата ме оставија без зборови, Србиве некој Оскар треба да добијат за сценографија, во секој филм тоа е на завидно ниво.

    Приказната е исто така убаво склопена, со оформени ликови. Некои цитати се прекрасни и си ги имам и запишано. Сега со нетрпение го чекам и вториот дел, се надевам ќе биде добар како и првиов.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Филмов го обожавам!
     
  6. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Филмов ми е убавини. Од актерите, до приказната. Го обожавам и го имам гледано неколку пати :)
     
  7. jovana-nialler

    jovana-nialler Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Филмот е предобар...Едноставно го обожавам...
    и ве замолувам ако можи некој да ми каже синпсис или сценарио за монтевидео бог те видео
    Ве молам за утре ми треба!!!!!
    Ве сакаммммммммммммммммм ;****
     
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.213
    Пол:
    Женски
    Убаво што се потрудиле во филм да ја овековечат репрезентацијата која однела трето место на првото светско фудбалско првенство, но единствена светла точка во филмот е промоцијата на своевремено ветувачките млади актери, Биковиќ и Нина Јанковиќ. Инаку ми нема спортски дух, млитаво како за таков историски потфат. А, да, песната на Мањифико ја запомнив. :lol: