Да!!! Не знам како не гледате дека сите овие методи со фенси имиња се за да ви ги земаат парите. Џабе дрвени играчки ако не седнеш да му објасниш на детето, ако ти како родител не си посветен. Какви се тие едукативни играчки??? Џабе едукација и методи ако децата гледаат дека родителите дремат на фејсбук по цел ден, вашиот личен пример е најважен.
Мене само ме интересира вие што сте во стан, не ги лупаат дрвените играчки од под? Јас му ги држам скриени во друга соба и му ги давам само околу 10-11 зашто претпоставувам комшиите тогаш се на работа. Инаку, главата ќе им ја пукне. И најчесто ги носиме кај моите дека се во куќа.
kids_hut_mk се на инстаграм, таму најдов кула/столче https://www.instagram.com/p/CIYuGLErPiZ/?utm_medium=copy_link за Триаголникот, некаде 4.000 ден мислам беше, плус има опција за додатоци, тобоган и сл. @Jana06 во стан сме и ние, тропа често да, се бунат комшиите, ама разбирливо е, дете имаме, не е возможно да го спречуваме. Теписи планираме да ставиме, така ќе се неутрализира звукот...
Мислам дека има и литература од Марија Монтесори. Дали можеби некој има или во пдф формат или да знае каде може да се најде?
Стави теписи и нека игра. Не вреди заради комшии да не си игра детето. Јас не употребувам методи, оставам сама да истражува. Давам инфо плус, за се. Гледам да се заинтересира за разговор за се, ако не сака, не напнувам. Од игри најчесто е песок, кал, земја, вода. Сега е поголема па учи да сади, наводнува и бере зеленчук. Набрзо и куче ќе има. Во зима е во снег, и книги. Играчки сака коцки. Од боење оставам како сака да бои. Да истражува. Правила не давам. Преку игра научи да пишува кирилица и латиница, а преку тв научи Бројки, оти само едукативни пуштам. Ама и тоа не е баш добро. Омилена игра и е кутија од чевли, од чаши од што и да е. Сама ја бои и ја лепи, јас сечам и станува кола, куќа... Од ништо нешто. Не се согласувам со Монтесори за бајките. Треба фантазија која поттикнува креативност. Ама ја кажувам и реалноста. На пример Др гарка и и кажала дека самовила го зема запчето и остава паричка. Сега се 5 години и ги спремаме дека ќе паѓаат забите. Јас и кажав дека не е самовила, јас ќе бидам тоа, ама ако сака нека си мисли дека е самовила.
Дали користите Монтесори кревет и кој би го препорачале? https://bebehome.mk/wp-content/uploads/0.1.1-Krevet-so-enterirer.-1-600x600.jpg
Убаво изгледаат на алика, во живо се крш. Барав 3 месеци за син ми, и му купивме на крај од икea toddler bed.
Ние сами направивме, не го користиме се' уште. Некако има мал простор меѓу душекот и ѕидот, ми е страв да не заглави таму ако го оставам сам. Без ограда е нашиот кревет, и скроз е низок. Не е уште за сам да спие на него, без разлика што ги препорачуваат од почеток. Заборавив колкаво беше твоето дете, ама ова од сликата не ми изгледа на соодветен кревет. Превисок е.
21 месец има... затоа и ме интересираат искуства, голема инвестиција е за да не го користи ако го земеме...
Да пробаш само душек на под? На почеток со детето дур да ги научи границите на креветот. Вака во теорија звучи добро. Инаку ние зедовме најобичен кревет, му ги скративме ногарките и го исфарбавме бело. Може да се стави од оние огради што се продаваат посебно, ама па што е поентата така? Исто ко обичен кревет за бебе, само поголем. Нели треба да е целосно безбедна собата, а креветот скроз низок за да може детето да се спушти само и да си игра. Моето дете не е толку независно. Ама пак ќе речам, во теорија се' звучи подобро.
Здраво Потребна ми е вашата помош. Каде во Скопје можам да најдам монтесори играчки за мал бебуш ? Дале може да ми помогните од каде ги купувате играчките кои што ги користите. Ви благодарам, имајте убав ден !
Во Сити Мол најгоре,пред Крш има штанд отворен со играчки и балони мислам.Брендот Janod е фин избор на дрвени играчки.
@mim12 како што кажа Дуника, Story box има најголем избор, а има и Montessoritoys.mk и Logoeduko на Инстаграм