Јас веќе 3-4 дена сум БЕЗ физичка активност ради менструалниот циклус. Веднаш штом почнам да вежбам нешто ме здоболува Само завчера пеш одев од Кисела Вода до парк, и тоа е нешто? валда.... Еве утре кај да е ќе ми заврши па јажето во рака и скокање братеее Се наканувам секое утро порано да станувам но нешто не ми дава, како некоја виша сила да ми ги затвора очиве па регуларно секое утро си станувам во 1:30 И ручекот после пладне...
Дечки бееее, ме фати нервоза и јадев во мекдоналс.. за денес вкупно си пресметав 1700 калории . Ми се плаче
Девојки летово можам да стигнам само до 70 килограми, дали ќе изгледам предебело?! Онака искрени бидете! Инаку 166 cm сум висока. Знам дека идеалната тежина ми е 50-60 килограми, меѓутоа јас до крајот на ова лето до толку само ќе дојдам бидејки за месец дена губам по 4-5 килограми и плус со вежбањево. Инаку барам искрен одговор!
Јас сум 167 и до одмор планирам да дојдам до 70 кг. И планирам да изгледам SUPER DAMN HOT! Планирав и јас повеќе, ама оди бавно, сега не можам да се убијам нормално, кога си имам уплатено за одмор. А и таму ќе се симне некое килце, пливање, пешачење, сексање... по некоја кавга... Што се заморуваш толку, диета ќе си држиме и после летото, ќе видиме кој за Нова година ќе биде најзгоден!
Рамен стомак со стомачни и евентиално со вртење хулахоп. Трчањето и возењето точак се за нозете, не за стомакот.
Јас денес јадев пиперки полнети, и за ручек (кон 13 часот) и за вечера ( кон 18 часот) изедов по 1 и плус салата со краставици, ама и леб јадев. Инаку, многу сум задоволна од постигнатото. Со оглед на ПМСов, јас сум уште ослабена. Завчера облеков едни фармерки во кои пред некое време ( можеби пред околу 2 недели) успеав да влезам ама тогаш малце ми висеше мевов, ама сега ми се кнап, ни мев виси, ни спојлер излегува ни ништо и нозеве ми изгледаа секси во нив ( барем мене ми изгледаа ), баш си се бедисав и задоволно си се фрцкав Но, не застанувам тука - преродбата продолжува , ќе продолжам со внимавање на исхраната и вежбање - и за слабеење и затоа што поубаво се чувствувам. Поздрав
Денес сабајле крај 10ипол изедов кисело млеко и смоки.Дома за ручек јадев пржени виршли со салата со патлиџани и краставици.Вежбав потоа,вртев хулахоп.Излегов да попешачам, кога се вратив јадев лубеница.Не знам што да поткаснам уште нешто додека легнам,сигурно ќе ми се сојаде. ех ова навика ми стана да се исповедувам тука...хаха
Уште еден грешник на рапорт Денес не издржав на мирисот на топли кифлички и слатки посни со мармаладче од јаболче, а немав време да се испотам Уствари, цел ден ’рмбав, ама не онака ко што сакам, а сега нозеве не ме држат да седам па не да играм или трчам Ама се тешам со „од еднаш не се станува“ и со тоа што да беше некој друг ден, пола тепсија ќе ја мавнев, а вака изедов по неколку од двете врсти Патем, да ви спомнам и јас, и мене ова кафе ми е повкусно од обичното 3 во 1, ама не можам ни две да испијам
Тренди ама некако ми заобиколуваш ти околу одговоров Не очекувам јас дотогаш да изгледам како манекенка ама нема да изгледам и онака прееемногу дебело..или? Сега несакам салово преку ноќ да исчезне ама ќе се забележува на мене и ќе можам ли облека да си најдам подобра?
Уште еден грешник. Цел ден си терав супер, отидов кај дечко ми, јадев некои 50 грама сончоглед, и после пола ќесиче чоколадни кикирики. Е*бате диетата моја, е*ате. Мрцина саловидна.
Валерин, оти бе се демотивираш со прашањево. Разлика меѓу тебе и Трендафилка е цел сантиметар и ти вели и јас планирам до 70 да стасам и планирам да изгледам СЕКСИ! Така да разбери дека ти треба да се осеќаш секси, бидејќи и изгледаш посекси одошто претходно. Телото ти е ослабено, не е стигнато до идеална тежина, ама побогу ко што вели Трендафилка преку ноќ не може да стане. Ти слабееш само за одморов сега или воопшто слабееш за и по одморот да изгледаш убаво. Е ако ти е за и по одморот да изгледаш убаво и да се осеќаш убаво, тогаш моја препорака не се замарај дали на твоите 1.66 ќе имаш идеална тежина кога ќе си во купаќи. Подобра облека одошто си носела ќе најдеш. Поубаво ќе ти стои да и поубаво ќе изгледаш бре одошто си изгледала претходно цело време додека си била на онаа претходна тежина... што повеќе од тоа. Одморот е бре не само за да изгледа човек убаво во купаќи, а да си помине лудо и незаборавно. Па глеј не си го отежнувај овој вториот дел со бубачките во глава, каква ќе си во купаќи со твоите 70 кила и 1.66 цм.. по прекрасна ќе си од пред некој месец и ќе стануваш се попрекрасна.
Напротив, трчањето е најдобро за стомакот. Стомачните плус. Со стомачни само се зацврстуваат мускулите, додека со трчањето се затегнуваат и истовремено се топи салото. Значи за рамен стомак трчање е одлично. Ако некој има цел six pack тогаш стомачни се неизбежни
Можно е Валери и донт бери гајле, убаво ти кажале девојките, и убаво ќе изгледаш, знам точно зошто прашуваш, многу добро ми текнува на еден твој пост полн со болка и фрустрираност. Убава си, ќе подослабеш уште малку и топ си кис4е Многу му се секираш па ти. За Нова година топ ќе бидеме, околу Божик пак ќе јадеме па после до Велигден пак на диета, по Велигден руска салатичка па до лето пак на диета. Се подзафилозофирав, нема врска. туку да ви кажам јас си достоив на зборот. Затоа дојдов да се пофалам, ништо друго не сум јадена. Цревава кркораааат, бараат, плачат. Сум му се качила и на орибтрејк, ако врне утре знајте до тоа е. Тедимече драстични промени прави. А денеска и на многу други начини потрошив апла калории. Детали не се битни. Ај останете ми со здравје.
Би требало да се смета за идеална тежина, минус 110 од висината, значи перфектно. Иако зависи од конструкцијата, би рекла дека е таман.
Завршив за денес со јадењето па да се исповедам Појадував супа и кафе без шеќер Ручав тост со интегрален леб, тенко парче печеница, тенко парче кашкавал и една зденка Потоа грицнав некоја смока од ќесето на колешка ми и пиев пак кафе без шеќер И...потоа следеше мојата грешка... вечерав подоцна и јадев покалорична храна , поточно стек на скара и шопска салата! Малце скокав сабајлето на јаже и преку цел ден пиев многу вода! Аххх ќе има ли ефект од овој мој труд или џабе си го мачам желудникот!
Јас денес сум оправдано грешник . Роденден ми беше, па 2 парчиња торта, а цел ден со гости, мислам дека не е малку . Вака се тешам . Денес само риба, торта и 4 реда чоколада јадев, и неколку квики. Ама па само еднаш годишно ми е роденден де . Утре се знае, овошје и салата, да се прочистам. Инаку да се пофалам, се гледам во огледало и во обем сум видно намалила, дури и сестра ми вика види ја бе ослабела. А она ти е многу искрена и критична, па затоа неа најмногу и верувам. Јас, Валерин многу добро те сфаќам, и јас имав околу 70 кг. За мене беа вишок, и знам како се чуствуваш, но битно е да не се демотивираш и да знаеш дека сега си поубава и послаба од претходно. Јас сум 1.66 висока, а имам моментално 60-61 кг. Првата цел ми е 55. Зимово стигнав до 57, но празници имаше многу . Јас морам да имам максимум 53 кг, па затоа толку форсирам, а имам и лоша градба, имам широки колкови, слаби раце и половина, па затоа и изгледам крупно. Но и тоа немаше да ми смета да не ми беше здравствениот проблем, заради кој морам да ослабнам, бидејќи со соодветна гардероба знам многу добро да се прекријам . Многу е битно како се чуствувате во вашето тело, кг кај секој човек се релативни и не стојат на секого исто, па дури и на иста висина ако сте. Јас имам ваква градба, другарка ми има сосема различно, па и сестра ми и со овие кг воопшто не изгледаат како да имаат вишок, секој е различен и има различна конструкција па затоа никогаш не се раководејте според друг. едит: Мина стек на скара и шопска за вечера воопшто не е грев. Протеини е тоа, и може да се јадат за вечера. Месото е храна за мускулот и не дебелее, ако правилно се конзумира, како во твојот случај, затоа ич не се грижи, правилно е вака .