Јас па немам таков проблем да ми е мачно ако изедам повеќе. И да изедам цел оброк на излегување после ми е таман. Да не ми беше јака страна самоконтролава лошо ќе беше.
Јас ќе ти го кажам мојот начин шо во никој случај не е правилен, можда затоа и тапкам в место. Еве да речиме терам пола ден со здрава исхрана, амаа по “грешка” јадам два три реда чоколадо, цела рака чипс или еве пица нека е. После тоа ми се уклучува алармот на ждерење и си велам ко згрешив, можам да одам со грешење до крај денес и јадење како да ќе нема утре. Пошто веќе наредниот ден ми е во план да бидам послушна, па вака да искористам шо можам. Загрев сум. Инаку да се редактирам, @Ariel никогаш не ми е мачно од повеќе храна, поготово ако е од онаа нездравата, мојата омилена. Ќе збивтам, ќе пукнам ама не се давам, се’ шо е за мене ќе го изедам. И баш ми е убаво, немам мака никаква од после, комотно можам да си прилегнам.
Епа немам проблем ни јас со количината на храната. Голем гурман сум. Не сакам манџи и салати, да можам на нездрава храна би живеела само ама знам колку не е тоа здраво, затоа и се мачам со сама себе.
Добар ден и од мене. Ве читкам ама никако да ви зе придружам саглам. Вежбам и пазам ама сеуште не можам да најдам батерија за вагата (посебна големина некоја била) за да фатам саглам. @Peppermintka продолжуваш понатаму. Гледаш другите оброци тој ден да не се толку калорични и утредента пак на режимот што го тераш. Гледај на начинот на исхрана како промена на досегашните навики. Значи генерално избалансирано да се храниш и да пазиш и на калории и на нутритивен баланс, а неколку оброци да се пре-калорични или надвор од она што е планирано е ОК. Ако знаеш дека не сакаш манџи не јади манџи. Јади здрава варијанта на нездравите оброци. Пример домашен бургер (телешко мелено, кромид, сенф и малку доматно пире во месото и ако сакаш малку сецкана кисела краставичка. Замесуваш и пржиш на тефлонска тава без масло) сервиран со печен зеленчук (во рерна со вентилатор со малку масло попрскан зеленчукот - копмпир, сладок компир и модар патлиџан или прокељ или пиперка). Го сервираш на марула место во леб или подиетално лебче (има рецепти за земички со јогурт и овес и прашок за пециво). Е сега секако на количина треба да внимаваш. @S.o.F.i не се предавај. Диети не ни успеваат. Успева промена на начин на исхрана. И тоа најчлесто персонализирање на начинот на исхрана. Види што најмногу ти прави проблем и на тоа реагирај. Цел живот пазам на исхрана. Кога повеќе кога помалку ама морам да пазам. Имам ПЦОС и ако се опуштам отидов на 120 кила. Знам дека е тешко, ама опсесија со диети не е добро. Маѓепсан круг се диетите. Затоа направи мали промени во исхрана за почеток па потоа поголеми. Секако не чувај дома храна што не е добра за тебе (пример ние дома не чуваме кикирики и грицки зашто ако ги има не престануваме додека не се изедат. Исто и со чоколади). И не се прекорувај себе си за една/две грешки. Продолжи понатаму.
1000 страници, еј! Сигурно имам пишувано на пола од нив . Посакувам во следните страници да не се враќаме толку често, да си ја задржиме килажата откако ќе ослабеме . Продолжуваме понатаму…
Мали промени во менито. Место само црно чоколадо, направив здрав десерт од него. Сепак ќе гледам да не изедам многу, благо е благо, без разлика помалку калорично или не.
И мене в очи ми падна 1000 кава . Инаку и јас немам проблем од плус храна,нека си е подуен стомакот Од малку имам мака јас, ко ќе ми квичи. За денес имам хроно пита.Уште и палачинките од леќа да ги направам некој ден и ќе имам комплет мени од пролетошното слабеење. Неделава сум поумна ама јас утре ќе се мерам за среда оти утревечер сум на слава и стрвниот ми г'з ќе проработи
Дојдов потпис да ставам , оти печат секако имам оставено низ страниците наназад Мислам 1000 стр... Без везе некој период, должам ранг листа,ама сум во некоја динамика јака извесно време, а и ќе ми потрае ... Ц ц ц Диеталки и максималки Како што сме распишани,така да сме развежбани И секако Само озбилно
Ви покажува ли вагата +кога имате добиено? Па и стомакот подуен. Едвај чекам да помоне да видам ќе се нормализира ли.
Да. И до 2кг дури некогаш може да ми варира килажата тогаш. После кога ќе ми заврши сум уште повеќе во минус од пред тоа што сум била, секогаш.
Д: и Р: :две во едно :хроно пита В: 2 кифлички и урда Измеѓу каснав 1 крембананче.Ме фати стрв за благо.
и до 2 до 3 кг за време циклус кажува плус да знаеш таа недела кога е циклусот или не симнувам иц или мнооогу малку како за прв ден арно терам гладна сум ама морам да се навикнам на малце храна како да се навикнам да вежбам за движење се движам цел ден у покрет сум ама за вежбање плус и проблемот со вратот мни висе нутриоцинистот ми вика пежачење да а вежбање не
,Алиске некој на претходните страни беше пратил видеа многу добри ..за по дома, движења со чекори, и баш се соодветни мислам...не вежбаш....а движиш и трошиш.... Побарај,види..grow with Jo.... Така некако побарај на Јутуб
@andrejko82 потпис дека најредовна Почни вежби за почетници. Ќе видиш ако неможеш ќе престанеш ќе пешачиш само, ама мислам кој почнал да вежба нит кичма , ни врат ништо не боли на поарно оди ...пробај! Е супер што ме потсети на питата ....ќе ја правам...
Д банана, чок.млеко, 3 бисквити Р домат, пола краставица, парче сирење, 3 оризови галети В протеински пудинг У 2 кафиња, гранола, интегрални соленки Ама ич немам време за особена физичка активност.
Ден бр 2 (колку лито звуче) За денес у план е П-лимон со вода ,кафе,1банана Р-боранија +салата зелка и марула В-салата