Не знам како да се навикнам. Турско кафе без шеќер ми е гадно, чај уште погадно, а какао или топло чоколадо без шеќер не можам да пијам.
Малку ти е храна ова, и калориски многу малку е...да не те фати многу глад па за вечера касни и 1 варено јајце.. Е па топло чоколадо по секако не треба дур си на диета, какао одбегнувај некое време и мене ми е гадно без шерќер, прво најлесно ќе се навикнеш со кафето, па после чајот. Пиј вода поеќе..
Какао и топло чоколадо одамна немам пиено, кај ми спомна, сега ми се припи. Убави се за ова време, но не се диетални . Кафето го навикнав, не знам навика е стварно, а за чај ми помага тоа што додавам лимон и така ми е супер. Без лимон не ми се свиѓа.
Не сум знаела , јас секој ден обавезно по 2 шољи какао пијам секако без шеќер .. Фала што ми кажа , ќе сменам навика веројатно дека доилка сум па затоа
Не не таман работа, дури за анемија се препорачува какао..него дека без шеќер и мене не ми е убаво е сега поубаво не го пијам отколку да се нервирам и мрштам дека не е убаво..
Чим си доилка пиј, не крати многу на храна и пијалоци, а и докажано е дека е здраво какаото. Плус чим пиеш без шеќер, немаш некоја штета од него.
Е па ти најубаво си знаеш..јас онака, малку ми е ова.. Е па за едно ништо страшно..работата е да се одвикнеме од процесиран шеќер..а дефинитвно е навика.. јас порано само макијато пиев кога ќе излезев и турко обавезно со шеќер, сега пијам исклучиво еспресо без шеќер..се е до навиката и сега не ми е убаво со шеќер..
Па и најевтини се тие пијалоци, да пијам така ќе заштедам. Плус бенефит. Извинете што ви направив лиги . Чај само со лимон, грозно ми е и тоа. Многу сум гадлива од се.
Јас кафе пијам со шеќер.Неполно лажиче.И малку млеко. Не се лишувам од тоа задоволство.Калориски не е многу сметав еднаш не се сеќавам точно. Д :смути и кафе Р зелка манџа и марулка салата В на гости сум ама ќе се трудам само месо и салата нешто.Може и едно ситно колаче
20 калории е една лажица. Не е многу калориски точно, но јас сакав да го исфрлам/намалам зошто не е здрав, не само ради диета.