Од топли пијалоци само кафе и чај пијам и тоа без шеќер. Кафе веќе па не можам да смислам со шеќер, гадно ми е. А чајот веќе ако ептен не можам да го пијам без шеќер, ставам малку мед во него и топ ми е.
Поздрава варијанта ти е од шеќерот секако. Пробај така чај да пиеш, со мед и лимон, ќе ти се свиѓа можеби.
Режим од нутриоцинист е Јас другата среда ке се мерам со вас за дружба Понеделник ми е инаку мене ден за мерење Не Ана Боранијата е скоб? Оти мојава нутр. ја рачуна како протеин
Денес 1 јаболко, варена пченица со ореви 1 јапонско јаболко, сирење 1 јапонско јаболко Изедов 1 бонбонче и имам грижа на совест. Утре не се мерам, или ќе се мерам ама нема да ви пишам. Вежбав, вообичаено околу 10 минути. Ме опуштаат вежбичките ако не друго. Проблем со столица. Се надевав ќе се среди без леб тестенини ...ама тешко. Јадам ленено семе секое сабајле ама не помага доволно, не знам веќе како да си помогнам.
Д банана, чок.млеко, 3 бисквити Р кифличка, домат, зденка, 2 парчиња чајна, 2 интегрални соленки, ред чоколадо В јаболко У малку тортиља чипс, чај, цеден лимон, коцка чоколадо
Зошто толку малку храна? На некаков посебен режим си или сама си се ставаш на толку строго и оскудно јадење?
Сама. Искрено не знам како, може си го забавувам метаболизмоѕ вака, ама слабо резултати и си кратам на јадење. Ќе треба да сменам нешто.
На организмот му треба балансирана храна , вака ќе изгладнуваш ептен.. Јади повеќе зеленчук, овошје јас така се зафркнав веќе долго време и станав анорексична со куп проблеми
Ден бр 3 П-лимон вода кафе овошје некое ке биде Р-туна +марула В-пола од ручекот 2-3недели се најтешки дур да се навикнеш после веке е лесно нема ни да приметуваш дека тераш некој режим
Пријавувам 66,8 кг или пола килограм помалку од предходна недела. Со оглед на тоа што вторник ми е чит деј, и вчера пола тенџере макарони изедов, не е лошо. Почнав и на фитнес да одам, бидејќи не смеам да вежбам сеуште, одам само на лента. Предходната недела бев 3 пати по 40 минути. Денес ќе одам пак.
Со претерано кратење на храна, да, си го забавуваш метаболизмот, а забавен метаболизам значи споро слабеење. Што значи, го правиш обратното од што треба. Ти го прочитав само последниот опишан ден некое мислење погоре и ќе кажам само едно - немаш протеин. Воопшто не ти се избалансирани оброците, башка што севкупно се многу малку калории. Големи се шансите дека и поради тоа имаш и проблем со столицата. Наместо да гледаш што помалку да јадеш, гледај што поразновидно да јадеш. И обиди се оброците да ти се избалансирани со доволно протеини и здрави извори на јаглехидрати и масти. Пример идеи за оброци: појадок - варено јајце, хумус, краставица свиткани во тортиља; палента со грчки јогурт и мелен лен; овесни снегулки со трици, соино млеко, путер од кикирики и парче овошје; кајгана со кришка тонус, домат, маслинки и ќефир; варена хељда со грчки јогурт, чиа и парче овошје; варена киноа урда, јајце, маслинки и парче зеленчук; ручек - парче месо секогаш искомбинирано со повеќе свеж зеленчук со: ориз, варен компир, грашок, леќа, боранија, булгур, киноа, печени тиквици, печен модар домат, паста; вечера - парче овошје со путер од кикирики или јатки; богата салата (повеќе измешани зеленчуци) со урда, маслинки, семки од тиква; богата салата со туна; варени јајца и свеж зеленчук; чиа (пудинг) со парче овошје. Пиј секој ден ќефир, да видиш дали ќе ти помогне околу столицата. Башка ќе ти зголемува ситост. Пиј доволно вода, ама стварно. Прати колку пиеш, да е барем 1,5 л до 2. Не се изгладнувај.
Само да пријавам -2 кила од последно мерење....БМИ 22.2 Ме нема ,бурен период,па не сум ве читала... немам никаков режим, само немам апетит ко што имав, ама лека полека ќе биде....