П: чиа со путер од кикирики и јаболка Р: супа и бурито Не изгледа којзнае колку, ама имам чувство дека ќе експлодирам. Уште сум болна и не можам да вежбам…
исто и јас вчера така се чуствував, ама и сеуште не сум добила и незнам што ми е..ќе пукнам..Ама извежбав синојка као подобро ми е денес ќе видам како ќе истерам денот до 19 ќе бидам излезена... Д лепче со хумус и 1 јајце варено У јаболка Р ќе купам некој сендвич со тиквица и зелка салата В нема
Заборавив сношти да пишам Д банана, чок.млеко, 3 бисквити Р варена брокула и јајце, кисело млеко, ред чоколадо У 2 кафиња, rawbar, 3 бисквити
Ден бр.5 За денес писмото вика вака П-лимон со вода ,кафе,1јабока Р-пилешко +салата зелка,рукола,краставица В-пола од ручекот или само салата Како ми се поклопуваат оброците и аутофагија терам ми се чине 17:7 ми испаѓа или 19:5 Засега е супер само нека има резултати и ке терам вака наредните 3 месеци секако Лошо е шо кај мене може да нема ич резултати па да се разочарам и да заебам скроз
Се намдевам ќе има резултат, зашто вака како што го гледам менува повеќе на гладување отколку на јадење ми седи дека е базирано. Освен ако не изедеш пола кило месо практично ништо протеини и масти нема да внесеш во тек на денот. Јас еднаш со вакво мени освен што си го симнав железото на 7 па морав со лекови да го оправам после ништо друго не постигнав. Ми одеше да одам и да ја искубам таа нутриционистката што наводно сите ја фалеа.
Железо имам 28 Па рачунај околу 300 гр месо имам на порција Повеке пати ми е ова терано така да сигурно ми е
ОК ако е така. Само мене ми се гледа премалку калории за да биде одржливо на долг рок и премалку протеини/масти. Јас железо никогаш сум немала високо така што вакви ептен тешки диети не ми одговараат. А со нив не ни слабеам (за два месеци едно кило само ослабев тогаш).
Јас можно е и со оваа храна да не симнам Јас сум ти вансериски случај другите ме знаат ти ме немаш читано од порано па затоа реагираш Со страв ми даваше скроб ептен ретко За 3 м симнував 10 кг и многу обем Јадење има повеке у појадокот ама неможам да јадам Има цедени цитрони портокали јагоди има бомбици од суво овошје со кокос и чококадо но не секојдневно Пример денес за ручек имам 2 копан со поткопан Или 1 за ручек еден за вечера Тоа му иде 400 гр Малце? Не би рекла
Д: 2 варени јајца, црн леб, салата, чаша јогурт Р: мусака и пак салата У: кафе, банана, зелен чај Денес и доста пешачев, а вечер и ќе вежбам.
Едно такво парче е отприлика 350 калории. Двете се 700. За базален метаболизам на возрасен човек му се потребни 1200 калории. Уште 500 нема шанси да добиеш од едно јаболко и салата. Под 1200 телото се буни. Или нема,да симнеш или ќе симнеш па ќе вратиш. Се надевам ќе симнеш и нема да вратиш.
Д: тост (без кашкавал најверојатно беше) Р туна со марулка и пченка И бааѓи кафе и чај од ѓумбир... Сега ми се јаде ми се плаче...
Ова многу сложен процес значи е, зошто не е толку тешко и кога качуваш кг. Јас стагнирам , мора да си го најдам правиот начин. Пред неколку години многу ослабнав, околу 20 -25 кг и си ја одржував кг се до бременоста после тоа пак се опуштив. Ама тогаш скроб и јх скроз имав отфрлено. Јадев месо јајца млечни производи салати , неутрални намирници, а овошје минимално. Сега јадам повеќе овошје, ориз грав грашок леќа не сакам да отфрлам. Еве компирот не го јадам иако ми е омилен. А и калории не знам да бројам.
Се враќа ако јадеш како пред слабеење. Во апликацијата што ја користам вика дека 1000 калории дневно е минимум. Мислам дека 1000-1100 не е страшно, особено ако е за пократок период.
Ден бр 6 П-лимон со млака вода ,1банана ,1круша,1мандарина кафе Р-безглутенски шпагети негде околу150-200 гр ,сос од патлиџан со босилок и нане оригано плус печурки плус моцарела В- пола од ручекот или ништо се зависи дали ке осетам глад вечерта Јас мислам дека и калориски гледано горе доле сум 1000ка Ако некој знае нека ми прерачуна И никој неможе да ми докаже дека кг се вракаат оти си на ваков или онаков режим Кг се вракаат ако внесуваш повеке калории а тоа значи се вракаш на тесто благо и такви ми ти работи Јас имав ослабнато 16 кг и едно добри 5 години си се орджавав Ми се зафркна тироидната и тука почна интересното качи симни и се така у круг Си го научив организмот со малце калории да функционира и ако јадам нормално качувам килажа па коа видов не бива си посетив нутриоцинст и ми направи за мене програма Си симнав кг ама си се вракам на стара исхрана стрвен газ за благо пица бурек хамбургер и пак се наакав Не беше бурекот или пицата проблем ,проблемот беше шо често ги конзумирав да е еднаш месечно да си почастиш душа не е проблем Инаку керка ми и она тера со мене она вежба теретана секој ден и тренира одбојка 3 пати неделно башка пешаче по 8 км Јас и викам да си каснува и шо сака плус не мора толку строго ама она сакала да симне некое кило
Враќате кг или не слабеете затоа што кога сте на режим, гладувате. Со 1000-1100 калории дневно се истоштувате и си го нарушувате метаболизмот. Кога ќе се вратите на старо, телото складира за следна доза гладување. И така се вртите во круг. Научете се да јадете балансирано, со 1500-1800 калории дневно, вежбајте или движете се, правилно комбинирајте макронутриенти, не ги исклучувајте микронутриентите, и нема да има потреба да се лишувате од ништо, ем ќе слабеете, ем најадени ќе сте, ем ќе може и благо и тесто да јадете. Има доста студии за женскиот организам, хормоните, метаболизмот и промените кои се неизбежни со годините. Гладувањето не е решение, а во никој случај долгорочно не носи резултати.
1200 калории за возрасен човек се доволни само ако цел ден го помине во кревет и не направи ни два чекори. 1500 калории според мене се минимум шо треба да внесуваме, се’ под тоа не чини. Брзо губиш кила ама уште побрзо и дупло ги враќаш.
Кој ќе го научи ова, нема никогаш да има потреба од диета. Мене умереност никогаш за ништо не ми одела од рака.
Голема грешка е шо сакаме брзи резултати, ете да зборувам за мене. Намалив на храна, четири дена се немам прејадено и се’ си е умерено и сум ептен горда на себе. Толку малку дена може за некој звучи смешно, ама јас си знам колку слаб карактер имам кога е храна во прашање и колку сум подложна на прејадување. И за овие дена намалив само 200гр, ништо повеќе. И ова малку ме депримира, а во никој случај не треба да е така, уште на почеток сум. Друга работа, времето е крш, в теретана нема шанси на ова ладно да се мкнам, дома баш и немам некој простор да вежбам и единствена варијанта ми е пешачењето. И затоа ми оди побавно. Ама нема предавање никако, многу сакам да се “исушам”, никогаш не сум била слаба во животот.