Да си пишам и тука. Чисто за статистика. Вчера: Доручек: Овес, овесно млеко, чиа, брусница, орев Ужинка: едно rawbar и една галета од пченка Ручек: омлет со печурки, салата и овесно лепче Вечера: пуканки Денес доручек и ужина исти како вчера Ручек: Сарма со лозов лист Вечера тиква
Мене не ми оди воопшто. Вагата не мрда и не мрда... Искрено се откажувам. Јадела, не јадела, заглавив на исти килограми со месеци. Тоа е. Не сум веќе на диета, ќе живеам нормално.
Мој совет смени нешто очигледно со тоа темпо не оде затоа смени нешто Сеа ми е рано но после некое време заборавам кој ден ми е па темава ко дневник ја користам
Па да , тоа ми беше поентата. И после јадење брза храна добро е следните неколку оброци да се полесна грана и што можно помалку калорична.
Кога почнам да пишувам гледам дека многу јадам 2 Јаболка, една шака аронија, шака ореви Парче месо и јогурт 2 јапонски јаболка Плескавица и зелка салата
Д банана, млеко, бисквити Р сирење, туна, домат, ред чоколадо В 2 мандарини У 2 кафиња, бадеми, чај, цеден лимон, моркови Денес и испешачив добро
Не сум нешто денес за фалење. Се набрзина од нога. Д солена палачинка и јогурт Р туна но со малку бел леб(таков само имав)
Денес 65,8 или точно еден килограм помалку од предходната среда. Кога почнав на 1 септември целта ми беше да намалувам по пола кило неделно и сум поставила некоја нереална цел до крај на ноември да имам 60кг, што е математички невозможно. Значи не сум јас неозбилна, туку неписмена За вежби уште не смеам, но вчера саат време пешачев на угорница. Влегов во едни фармерки од пред бременост, до душа пошироки се, ама порано не ми влегуваа ич. Сега баш комотно ми стојат.
Морнинг Среда ден за мерење Ајде да видам резултати Јас понеделник се мерам незнам како да се убацам со вас да се мерам среда не е ич изводливо на сред недела да имам мерење Ја знаев дека првата недела ке биде најмногу а за наредните недели и со1 кг минус ке бидам презадоволна Ден бр10 П-лимон кафе банана Р-стек со салата В-пола од ручекот Вечера 99 %и не јадам
Јас сум стабилна, исто како минатата недела. Задоволна сум. Не слабеам веќе, ок ми е сегашната килажа, така што се одјавувам од темава, барем сега за сега. Многу успех на сите што продолжувате и да не се враќаме веќе тука .
Во понеделник се мериш, во среда пријавуваш колку си била во понеделник. Пак даваш неделни извештаи, ама ако пријавуваш истовремено со останатите ќе те има во месечните списоци на @Espadrila Јас сабајлево 68.9кг, 1.4 во минус од претходната среда, од кои 400 грама се реален минус, другото е килцето од ПМС што го качив. Мени од неделава досега: Понеделник: Доручек чија пудинг; вечера интегрални тестенини во доматен сос со спанаќ. Вторник: доручек тост (едно парче, интегрален) со варено јајце, пушен лосос и авокадо премаз; вечера говедски гулаш и пире. Денес: доручек овесна каша со путер од кикиритки и боровинки; вечера полнети тиквици со мелено месо и зеленчуци.
Еххх ами како ке додржам од понеделник до среда да не се изпофалам Ми се укочи мозок и не ми текнува шо имаше утре за ручек за да изпазарам денес и зготвам вечер Вака ми е многу полесно Си идам дома имам ручек готов ,ручам и ставам ручек за нареден ден
Да пријавам и јас за денес П: 2 тортиљи со варено јајце,наут,хумус и малку салата- калории околу 750 со здрави намирници Р: малку ориз со пилешки копан В: зелка салата Уж: мандарина, кафе, чај И + вежбање
Прашање Коа викате дека сте у пмс и не симнивате ич или ептен малце или плус кажува вагата Мислите на периодот -Некој ден пред циклус -или таа недела додека имате циклус
Индивидуално е. Кај мене е баш во ПМС, неделата пред да добијам. Не само што не симнувам, туку и нагоре знае да отиде вагата за кило-две, поради задршка на вода во организмот. Откако ќе добијам, за ден-два сум назад во нормала.
Ја на 19 треба да добијам ама стално ми касне шо значи наредма недела ке ми биде таа шо нема да симнам
Не мора да значи Алиске, баш секој организам различно се носи со ПМС, може кај тебе па ќе има спротивно дејство па ќе симнеш дупло. Имам другарка што баш на средина на циклус, околу овулација е цела подуена и калчува килажа, исто како јас пред добивање.
Јас сум -400 гр ама сеуште не сум добила, незнам што ми е... Д овес со јаболка и банана У индиски ореви Р сарма со салата В или салата или кисело млеко