И јас сум -400 грама. Јас веќе сум онака салам во пред менопауза па незнам ни кога сум по пмс ни ништо Претходната недела имав баш такви симптоми а добив само слабо во трагови . А многу често сум подуена станувам отечена ко бумбари да ме касале.
Битно имате минус Шо е битно колку е, битно оде надоле вагата. Ја овој пат имам некое предчуство дека ке симнувам ептен убаво Шо знам оти толку сум оптимистички настроена
Да се пријавам и јас после некое време. Значи никако да се симнам подолу и да видам фамозна друга десетка, па макар со најгорните броеви од таа десетка. Со физичката активност минатата недела имав само еднаш, а како е тргнато неделава и оваа ќе биде така, што ми е многу мака. Ама тоа е, родителски средби, амбуланти, набавки, домашни задачи, некогаш и премногу умор.......а времето е тоа... Како и да е, не се откажувам. Иако мислев дека сум се зезнала викендов со декаденција, сепак вагата денес беше културна. Тука сум заглавена. кило горе- кило долу. Одиме ОЗБИЛНО
Ај и јас да пријавам. МИнус едно кило од претходно мерење (пред неколку недели). Битно едното кило од летово го симнав. Плус имам добиено а неколку дена пред добивање и во тек на циклус имам плус грамови. Сега дали ќе симувам уште не знам, битно да не качувам. И вака ми е ОК. Наредна недела нема пак мерење нема да сум во државава. Е добро ќе биде ако не качам килажа. . Инаку изгледа ова ифрлањето намирници ми помага за проблемот со синусите. Се надевам ќе го решам. Само што заради ограничувањата некогаш чувствувавм глад (најмногу навечер кога немам идеја што од дозволеното да јадам за ем да сум сита ем да не набутам многу калории). Доручекот и ручекот ми се ОК. Имам доволно замени ама за навечер сум крш со храната. Ќе си најдам модус само ми треба малку време. Како и со се. Кај мене ми се падна побогу и ПЦОС и проблеми со синуси итн итн. Цел живот се борам со ветерници со хранава. Се на нешто пазам.
Посакувам да е Ариел прва што отишла и не се вратила на темава, и после сите по неа. По повод 1000 страни на темава си го исчитав мислењата и од 2013 сум тука на секои 2 3 години се враќам, и се таа екипа сме +/- уште некој. Прашањето ми е, ќе ослабнеме ли еднаш засекогаш? Читам како "паметни" совети сум давала кога сум била 53 кила, кој што треба да јаде, како да вежба... ама најлесно ми е памет да солам на друг Еве ви мотивација, побарајте си ги старите мислења од категоријата каде што веќе имате резултати. Ако тогаш сте ослабнале можете и сега, ако не, за се има прв пат
Јас таа недела баш. Ама и пред добивање осеќам подуеност и разлика во килажата . После кога ќе ми заврши и многу порамен стомак имам и килажа помала имам.
Јас знам дека нема никогаш да ослабам и да се задржам ако не пазам баш баш многу. ПЦОС не ми дава. Мало опуштање и одма се приметува на плус килограми, а слабеам со брзина на полжав (и со нутриционисти и без нив исто ми се фаќа). И сега таман ќе фатам ред на ПЦОС ќе се приближам до менопауза и тогаш не знам што ме чека. Битно забавен е животов.
Д: овес и млеко У: тирамису и нескафе (знам покалорично ама пешачев многу па си се тешам дека потрошив калориите ) Р: стек, ориз, супа и салата ќе биде, уште не сум гладна, ме држи десертот И до вечер планирам и банана и чај уште.
Здраво женски, јас некаде до мај месец ве дружев секојдневно овде. Од 87 спуштив некаде на 71 максимум. Од мајот натака како што ми почнаа и сезонските работи дури по 12 часа на ден немав време да се хранам доволно здраво и буквално не одбивав ништо, си јадев се, но во помали количини. Денес се мерев но после појадокот после вода, кафе, чисто онака да видам до каде сум, плус во моментов имам и циклус па сум малку подуена. Вагата ми покажа 73.2 кг. Мислам дека најдобро ќе бидам да сум некаде околу 67 кила, може и 65 зошто да не, но под тоа никако бидејќи нема да ми стои. Па ајде реков од денес по полека да почнам со вас. Д: Едно црно лепче, две јајца на око, сосем малку ајварче и чаша јогурт. У: Еден портокал и коцка бело чоколадо Р: Не знам што има мама зготвено во секој момент треба да си појдам дома В: Планирам чисто марула салата, покасно може уште еден портокал.
Претерав со стекот изгледа некои 350-400 гр изедив за ручек нема да вечерам секако ме занимаше кој знае колку калории има 100 гр пилешки стек
динстан е ок па не е многу пак немам претерано околу 700 се од него зелка салатаи банана не верувам од 1200 да имам повеке
Ајде и јас се приклучувам на темата и да ви раскажам на кратко -цел живот слабичка -како девојка 47 кг висока 160 -трудна 58 -доење 54 -и најстрашно ми е кога се откажавме од доење 59 Ајде некој совет како да балансирам во исхраната
Дечкиии, помош и совет како побрзо да симнам килажа… Би сакала да ослабам што е можно повеќе за два-три месеци горе доле бидејќи имам сега 85 кг а би сакала барем до 70 кг да стигнам затоа што сакаме со сопругот бебенце а со оваа килажа моментално не се осудувам на тоа… Немам многу време за вежбање бидејќи работам три смени и имам уште еден куп други обврски што е нормално и затоа би сакала некоја идеја или совет, затоа што откако се преселив од Мк качив 20 кг и се борам сега со нив година ипол. Кога ќе дојдам зимово ќе проверам и хормонски статус и се, но до тогаш да се обидам да симнам колку можам повеќе. Благодарам однапред
Вчерашно мени: Д банана, млеко, бисквити Р салата со домати, печурки, морков, зелка, мексиканска мешавина, ред чоколадо У 3 кафиња, бадеми, зелен чај, цеден лимон, моркови В 2 мандарини
Д: геврек и јогурт Р: ќе биде мусака, салата, црн леб У: нескафе, зелен чај, банана, бадеми, мусли чоколатце Денеска и ќе вежбам вечер. Вчера бев преуморна и не вежбав вечерта.
Здраво Joy, те читам дека имаш мака со ПЦОС и регулирање килажа. Можам да ти кажам дека те разбирам и јас имам ПЦОС и Хипотироидизам +Хашимото. Ужасна комбинација... Ноооо иако е претешко не е невозможно да симнеш и одржуваш килажа. Цел живот сум била просечна, а и не сум се замарала искрено со килажата си имав самодоверба. Останав трудна со 60 кг и бев веќе на терапија за тироидата. Во бременост качив 25 кг, огромна бев. Почнав да пазам со храна (калориски дефицит и вежбање) три месеци после царскиот рез, за 6 месеци бев 30 кг полесна и најслаба што сум била во животот. Еве две години подоцна уште сум на иста килажа. Мој совет е следен: исфрлање на сите млечни производи (ќе ти помогне за инсулинската резистенција, квалитет на кожа, коса, намалување килажа) и броење калории. Нема друг начин на слабеење освен калориски дефицит. Јас дополнително не јадам ни глутен поради Хашимото. Искрен совет за ПЦОС е да пробаш барем еден месец без млечни производи. Среќно!
Ццц денеска колку сум гладна. Доручек: кисело млеко со овес. Ручек: печен компир со некоја салата. Вечера: незнам се уште што ќе јадам