Се е пробано. И се од ова правам во моментов. Браво за тебе, ама јас дефинитивнои не би можела да ослабам 25 кила за 6 месеци. Дури ни во лудило. За да бидам малку ОК за прв роденден на детето јадев строго диета препишана од нутриционист и ослабев цело 1 кило за месец дена. Јас останав бремена со ИВФ по терапија од година дена со метформин и дрилинг на јајници (при што докторката ми кажа дека имам јајници како на жена од 120 кила, а јас тогаш имав 62 и дека прв пат во живот гледа жена со такво изглед на тело во пар со таков изглед на јајници). Во бременост откако прекинав со метформин нагло качив килажа и некое време веројатно додека не ми се исчисти телото од сите работи не можев да мрднам надолу. Секогаш сум одржувала ОК изглед на тело и килажа со вежбање и внимавање на исхрана, ама никогаш не сум во тие среќните што лесно слабеат и тешко се дебелеат. Затоа пазам максимално многу на исхрана и вежбам редовно. Фала ти на совет сепак.
Ден бр.11 П-кафе лимон јабока Р-туна марула млад кромиди лимон В-цвц нема Кревам два прста за хипо хашимото и микроцистични јајници под вид на пцос
ПЦОС собиранка овде И јас сум со ПЦОС и инсулинска резистенција, се помирив дека мора многу повеќе да пазам доколку сакам да бидам здрава и да изгледам/се чувствувам добро.
Да, ќе се мачиме цел живот тоа е.... Најтешко е кога вежбаш пазиш и ќе се разбудш натечен и три кила потежок и депресивен. Ужасно. Пијте и магнезиум редовно и чај од нане
значи најубиствена комбинација хипи хашимото и пцос Ручав туна марула и млад кромид салата, ми се вечераше па пак вечерав туна со млад кромид и лимон сеа кој знае колку корнам хахаха Имав луфта калориски па си реков да вечерам овие денови планирам да правам бомбици од суво овошје малце да се заблажам Според вас колку е грешка овошјето навечер??? оваа мојата нутриоцинистка не дава навечер овошје а некогаш ми се пие цеден сок од портокал
Д банана, млеко, бисквити Р овесна каша, јогурт, ред чоколадо В мексикански микс У 3 кафиња, гранола, интегрални соленки
Д 2 јајца парче црн леб и малку печеница У 2 бисквитчиња уз кафе Р карфиол печен,1 плескавица. В 1 колаче пиварка(и мислам од него кандида активирав) Ова стално ми се случува а сум подолго време вака на внимавање (оти не е некој незнам каков строг режим на диета моево) ми се активира кандида.А напротив нели ептен малку шеќери внесувам , бело брашно скоро ич...
Ако е само овошјето, не е океј за да не те фати нагло глад при спиење. А ако си имаш нормална вечера, малку овошје не штети.
Ден бр12 П-кафе лимон јаболка Р-јајца +салата В-салата Изгледа почна мојот пмс се осекам балон утре треба да добијам
А зашто да не , еве јас пред спиење по едно јаболко си кркам нека каже некоја поискусна во врска со тоа
По мое оскудно знаење јаглехидрати не се јдат навечер, затоа во диетите (посебно препишани од нутриционист) се завршува со салата и месо тоа е вечера..е сега кога пазиш на калориски внес помалку калории има едно јаболко отколку нешто друго ама кој како му е убаво така нека тера, па едно јаболко не е крај света, не е парче торта Вчера вечер имав гости, значи цел ден си го утнав за малку..голема грижа на совест ми е вака кога јадам нешто плус, а и во последно време ми се јаде чоколадо или нешто така калорично благо а се знам ако почнам пак да јадам ми нема назад.. Ај кажете ми : пази што правиш дебељуцо една За денес Д овесна каша со јаболко У јаболка Р туна салата В ништо
поточно која храна е со јаглехидрати ? уствари да не одиме офф топик, ќе си барам на интернет Убав ден на сите
@andrejko82 еден ден каде што ќе се опуштиш не е крај на светот. Тераш понатаму. АКо ти се јаде благо направи бомбици со урми, какао,овес и мелени јатки и малку сок од портокал. Или изеди едед ред темно чоколадо. Или зголеми внес на протеини или сложеи јаглехидрати (ова за да бидеш посита и да не чувстуваш потреба за благо). Денес доручек: лепче печено во тавче од мелен овес, јајце и малку овесно млеко намачкано со хумус. Ужинка: raw bar И неколку останати смоки (ова не ми требаше ама ете ги лапнав) Ручек: Ќофте и компири печени и салата. Вечера: Планирам козјо кисело млеко и малку банана @ALISA0000 јас знам дека овошје навечер не се јаде заради подобро варење и заради тоа што го „буди“ организмот. Од овошје знам дека може да се јаде банана, тиква и цреши навечер заради смирувачкото дејство на организмот. И да нутриционисти препорачуваат овошјето да се комбинира со протеини дури и за ужинка сег по нов (со макронутриенти и слично) од аспект балансирање на шеќерите од овошјето со протеини. Ова последново секако за тебе не важи зашто тебе диетата не ти е од тој тип така што ако имаш простор и некогаш ти се пие сок од портокал слободно пиј. Мене на пример портокал навечер ми прави киселина (пробано).