Форумџика на годината

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Мина, срце си кога те читам ама морам да ти кажам нешто оти не ме држи га*от :D Стекот на скара е можеби помалку масен од зденката. Зденката има мал тон калории и маснотии, батали ја ич не е препорачлива.
    и не е грешка што си јадела месо навечер и шопска. Месото е протеин, а млечните производи како сирење во нормални количини навечер не се штетни. Олабави се. ;)

    И вие дома имате огледалцееее ???? Па јас да дојдам на минус 100ка од висината идеме во мекдоналдс сите да ве частам :rofl: :rofl: :rofl:

    Совршенство не постои, ни -100, ни -110 ништо не е сигурно. Совршенството како такво е различно за секој. Така да оди поврти се пред огледало, и што ќе сфатиш ... немаш никаков вишок. И според секој мерач ќе ти испадне истото. ;) Извини ама стварно е глупаво на 21 година такво прашање. Самата треба да се видиш и да знаеш, ок сум или не сум ок. :wasntme: Мада според мене си сосема во ред, дури идеш накај топ. :D
     
    На Hopeful, mina, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Значи Мече да ја баталам зденката, калорична е? Абе оти бе не кажувате вакви работа, јас пак мислам нешто паметно правам со тоа што сум си каснала и зденка за ручек :lol: Крајно сум неинформирана во врска со калории, маснотии, диети затоа не ме штедете бре, веднаш ми укажувајте на грешките!
    Од утре ќе си ручам без зденка... и онака не сум некој голем љубител на зденките :P
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    251.381
    Да не редактирам но морам да го спомнам и оваа бидејќи многу девојки ради 2-3 кг се измачуваат и се стават на диети. Без љутење, ама некои од вас немаат потреба од диета, имаат убава тежина, а се преокупирани дека треба да ослабат уште. Подобро вежбајте, но диета не. И јас во четврта средно имав 53-54 варирав, и бев слаба, таман, ама поради моето лигавење, си набив филм дека сум дебела и сакав да дојдам до 50 кг. И се изгладнував, што јадев повраќав, абе катастрофа, и на крај завршив во болница и на лекови. Се здебелив, што од лекови, што од јадење, студенскиот начин на исхрана си ги даде последиците. Е тогаш навистина бев дебела, но кога го сфатив ова, веќе беше предоцна. Една година не се замарав и не слабеав, но еве веќе 2 години се борам со вишокот на кг. Иако веќе не сум дебела, сепак јас морам да ослабнам, за жал ради здравје. И јас реално имам проблем со тежината, проблем имаат и оние девојки кои секојдневно се мачат да ослабнат 10 кг минус, и кои не се борат за 2-3. Тоа е проблем со тежината која бара диети и вежбање. Се друго може да се регулира со вежбање и правилна исхрана. Несакам никој да ми се наљути, сепак секој си знае за себе и како се чуствува во своето тело, но убаво е да знаете дека нема што да слабеете и да бидете благодарни и задоволни што немате вишок кг.
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Мина, ручекот што го практикуваш неколку дена колку што гледам, скроз батали го. Премини си на манџичка.. ем ќе те држи подолго, ем помалку калории ќе внесеш и мислам поздраво и поубаво ќе ти е на желудникот, мада со супата на сабајле си надополнуваш на тој сув ручек... сепак. Било каква манџа, без дебели запршки, или просто турлитави зеленчук, ориз со зеленчук, компир салата, печен селски компир, полнети пиперки, полнети патлиџани... милиони работи има што подобри ќе ти се за организмот.. што знам бар јас така мислам, отколку тост да ручаш. А, остави го кашкавалот и зденката. Месо, сирење, јајца или јогурт навечер со салата.

    едит: Девојки еве ви за криза за јадење кога ќе ве фати, што да грицкате :D до 100 калории максимално пресметано, се што можете да си ставите во желудникот :)
    мада... за некои од нештава :worried:
    http://www.mothernature.com/l/Your-Perf ... _2080.html
     
    На Valerin и mina им се допаѓа ова.
  5. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Абе Жабче та тоа е проблемот бе, за време на ручек сум на работа и нема шанси манџа да си каснам! ЈАс стварно врска немам што треба да јадам за ручек а на располагање имам само бели пецива и сендвичи...и еден скоремн мини маркет во близина! Па се правам паметна, си правам од дома сендвич :$ демек скормен ми е ручекот, а изгледа правам грешка со тоа! :fubar:
    И ќе мора да сменам нешто... од утре правам промена,ќе си сварам јајце за ручек (а ич ги нејкам бре) :doh:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    511
    Пилешкото месо содржи најмалку маснотии, но затоа е најбогато со протеини (а нели протеините се градивен материјал, па затоа одбегнувајте да јадите месо).
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    251.381
    Месото не дебелее, значи протеините се добри за диетите, јаглехидратите дебелеат, протеинот е храна за мускулот, значи мускулот се храни а не салото. Еве најпросто од протеинската диета и диетите кои се на база на протеини се најефикасни и најмногу се слабее. Од јаглехидрати не.
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Грешка сте и двете. И протеини и јаглехидрати му требаат на човекот. Јаглехидратите дебелеат, ама не ве дебелеат добри јаглехидрати, кои ги содржи овошјето, а јаглехидрати - вештачки шеќери, слатки работи. Јаглехидратите во време на диета ви се потребни бидејќи се храна за мозокот, само со нив се храни мозокот инаку. За да нормално ви функционира морате. И тие се храна за ткивото на телото, за негово одржување. Така што и едните и другите ви требаат.... се што е во ограничени количини е ок, не е штетно. Не се ограничувајте, според диетата каква е - протеинска или на база на јаглехидрати, а бирајте такви кои не ве ограничуваат, ви нудат се. Работата е да не се мешаат, бидејќи се прави целулит од тоа. Од таму е целулитот на нашето тело месо+компир да речеме... а кај нас сите рецепти се врзани, па згора на се зејтинче да си макнеш со тоа лепчето, запржка една дебела со брашненце м,м.. прсти да излижеш :D
     
    На Hopeful, teddybear, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Ајмо и јас на рапорт :)

    Денес појадував во 9, овесни снегулки со ленено семе + 1 лажица мед, и некоја праска.
    Пред 15тина мин ручав, незнам ни јас зошто, не бев гладна ама ајде, си правев еден мој рецепт, експеримент од печена соја со лути пиперки, патлиџан, малку сирење, кисело млеко и јајце. И испадна њам! :D

    Се на се, гледав да бидат протеини, за да нели се излезе според прописот на Ирена :)

    И си смислив уште нешто, бидејќи во последно време јадам неконтролирано и не си ги ограничувам оброците, како да сакам да ги забрзам јо-јо ефектите од диетата со јаворов сируп и како да не треба да се појавам на плажа, туку во кланица, пред колење :tmi: Enough is ENOUGH! :fubar: И што ми беше зборот, порцијата предвидена за ручек, ќе ја делам на два мини оброка, со размак од некои 3-4 часа, а со тоа желудникот полн нели, илузија дека нема рестрикции, и јадам цело време :D

    Кај 4 ќе си го дојадам останатиот дел од ручекот, а во 7 планирам да вечерам супа со некој зеленчук.
    Сега малце ќе се разшетаме со сестра ми, по горештиниве, будалетинки, ама кожа не ме држи дома да седам, тоа е :)

    А да :!: и се мерев сабајле, наместо помала бројка, поголема, ама си се тешам дека вежбав многу деновиве и имам некој грам мускулна маса |( Башка бев и на гости, па неможев да ги планирам до толку оброците.

    Имајте убав и енергичен ден, keep it up! ;)
     
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Епа, јас да ви кажам една тајна.
    Си купив едни апчиња од билдерска продавница :wasntme:
    :D Демек за побрзо потење додека вежбаш, ама кардио вежби и демек побрзо се топеле мастите со забрзаното чукање на срцето. И пиев сабајле, ама попосле ќе вежбам оти сега ќе чистам. Да видам што ќе се случи. :wasntme: Некои 10 минути орбитрејкчево ќе мора да ја трпи мојата тежина :D

    Инаку доручкував виршли(три) и две јајца од кои едно без жолчка. Уште не сум ручана ништо, а ќе ручам маалку ориз. Ама стварно малку зашто не ми се јаде некако денес, стомакот ми е подуен. :)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Хидроксикат макс? :D
     
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Е од кај знаеш?? :D Ама не се макс адвансд се.
    Арни се?? :wasntme:
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ууу теди, си мавнала ти јак протеин сабајлево :D инаку, за виршлите, немој да претеруваш, содржат многу конзерванси!
    јас јадев по 1 виршла и 2 јајца сиренце и домат на времето :D ги избегавав виршливе зашто не се здрави!
    не дека имаат нешто калории до 70 максимум 80 има во една, ама не се добри, така да подобро јади јајца повеќе! :D Hе биле здрави јајцава дрн дрн, до сега мене холестеролот ѕ647653978 требаше да ми биде :lol:
    инаку јас станав накај 12, сега јадев малце мусака со тиквички, вечер ќе јадам чорба од школки :mm: и сутра путујем далеко :D
     
    На Hopeful, JuLleE, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Знааам,знааам :D Добри се да,одлични :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  15. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    1.111
    Чевтртина пица доручкував, т.е. две парчиња, и абер неам од глад. Вчера останатиот дел од пицата, на фази ја јадам. :D И нон стоп се мерам, симнав 4 кила рамно и тука стојам, се мислам дали уште. |(
     
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Теди пробај да издржиш повеќе на орбирекот. Малку се 10мин, нема да постигнеш ефекти многу, освен кондиција
    Во првите 10 минути од вежбањето главен извор на енергија се јагленохидратите. За да почнат да се трошат мастите потребно е подолго вежбање.
    Ова го имам прочитано некаде и влезено ми е во глава. Ако неможеш повеќе од 10 тогаш денес 10, утре 12, па 14....и така за една недела ќе можеш да издржуваш по 20 и повеќе минути, па ќе почнат и ефектите
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  17. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    59, 6 кила ми вика вагата, и не можам а да не бидам задоволна. За месец ипол се малку 4,5 кила, ама кога ќе размислам колку грешки и пропусти направив, и ова ми е доста. Уште 4 и ќе бидам супер, само да се стегнам со дисциплината, брзо ќе ги снема.
    Ама еве, денес пак грешка, во 2 станав и не појадував, дури сега ручав, пак јаболко па зелка манџа. :(
    Да ми спадне јадењето и ќе вежбам малку, имам едно табуретче и си користам како степер, пред некој ден една песна ми сврте 2 пати додека вежбав, значи 8 минути, ама ептен се напнав, како навиена бев, горе доле цело време, и папсав. Ми требаа цели 20 минути лежење на кревет за да се смирам, срцето ме болеше, се гушев што се вика. Колку сум глупа. Сега ќе правам подолго време ама по споро, барем 20 минути да издржам, па утре повеќе и така :D

    Едит-за сите што сакате да вежбате со музика, еве ви едно песниче од мене специјално за дебељуцките луѓе како нас :D :D

    http://www.youtube.com/watch?v=mYP4MgxDV2U

    A little sweat ain't never hurt nobody
    Don't just stand there on the wall
    Everybody, just move your body
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.094
    Пол:
    Женски
    И јас конечно купив вага :rofl: 58 ми вика, ама не знам порано колку имав за да знам колку сум симнала :D Сепак до 55 да стигнам и таман ми е. Ама овие ситниве најтешко одат некако :^)
     
  19. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас таман си ослабев, дојдов до 60 кг, колку што сакам и последнава недела ко му се фрлив на јадење. строго навечер, вагата покажува +2 килца :(
    Никако да ја искоренам таа глупава навика, преку ден еднаш ако јадам, не ми се јаде, ама на вечер се забавувам во фрижидер :$ тогаш се ми се пријадува, па уште филмче ако начекам некое, одма со брзина на светлината правам сендвиче :$ :@
     
  20. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Рапорт.... ----> Појадок попкејк во 12 и едно турско без шеќер :D , во 3 и 20 (не можев да издржам 4 часа) летна манџа и краставица салата, вечера најверојатно чаша млеко. физичка активност денес 20 минути зумба :dance: (виновен е пмс за толку малку :devil: ) и тоа е тоа, ама може и после да шетнам малце онака брзо одење .
    И така девојки останете ми мотивирани и понатаму оти ние можеме и ќе ги победиме килограмите :) :*

    [​IMG]
     
    На Lux и Extraordinary.girl им се допаѓа ова.