Викендов стицај околности каснав бел леб и тоа домашен топол.Потешко на стомак и поподуено никогаш не сум се чувствувала. Го љуфнав цел викенд општо.Може не толку во вкупен калориски внес ама во неправилни намирници А саботата сабајле што убава бројка на вагата имаше(се мерам јас и сред недела) Од утре се надевам се враќам во нормала.
исто кисело млеко урда и моцарела од млечни те читнав со топлиот леб и сакав да ти пишам да не го јадеш дека ке те изкине желудник сега после толку време без леб никогаш нема да заборавам коа после 5 месеци каснав пита со јајца и свинско топла коа не умрев тогаш не умирам сега така да немој друг пат
А бе мислев дека кој знае што направив со лебот дека дома месен. А не сум јас ич без леб периодов подкаснувам ама воглавном црн Сега 2 дена еве не можам да се оправам.
Откако јадам црн леб последниве години, бел леб не можам да смислам. Не ми е тежок, само ми стана многу грд. Има сепак разлика меѓу бел и црн леб голема, тоа увидов откако го сменив белиот леб во исхраната.
Јас сум во пмс и ближам 65 кила. Поподуено од сега не сум се осеќала одамна, како да ми е долниот дел од стомакот полн со камења, ќе пукнам. Наредно ќе ви пишам во среда за килажа, иако и тогаш сеуште ќе сум во пмс. На една недела до добивање сум, ќе почекам до тогаш да спласне надуеното. Со среќа во новата недела.
Знам убаво те разбирам страшни болки се у желудникот после па и дијареа ке те опне и така од здрав болен ке се направиш јас две недели немам каснато не ни купуваме дома леб ако некогаш ме фане стрв за нешто тонус у план сум да земам јас сум со една ден доцнење у пмс ли сум кај сум неам појма знам само дека немам подуеност изгледа назад ми е орото
А зошто не јадете млечни производи? Јас јадам само кисело млеко, малце сирење и тоа дали еднаш во 2те недели, и најновото ѕаѕики
Јас млеко само во кафе ставам сосем малку ,јогурт наутро со овес и урда понекогаш.Инаку сум љубител на сирење и кашкавал.Ама периодов се воздржувам.
Same here. Не можам да преживеам без нескафе со млеко, јогурт, сирење, кашкавал, зденка... Дури благо успеав да намалам ама од млечни работи не се откажувам.
Нова недела за мене трета Ден бр 15 П-кафе лимон овошка Р-полнети пиперки со киноа урда печурки В-пола од ручекот најчесто не вечерам Се мерев ама резултати ке пријавам у среда
Пиши ни барем дали си во минус со таа исхрана, ајде најтешките 2 недели ги помина Јас денеска ќе каснам со јадењето, нормално 2 кафиња од сабајле, после ќе јадам овес со кисело млеко, ручек можно е ептен ама ептен малце свинско месо динстано со салата и тоа ќе биде за денеска.
Да убав минус сум задоволна сум,но сеуѓте е тоа храна вишок у цревата така бар мислам Апни си повеке месо не е страшно
Вагата не оди ни горе ни долу. Изгледа треба да ги исклучам грицките и благото повеќе. Си грицкав по малку нешто па затоа сега немам никаква промена. И како што гледам кај мене бавен е процесот на слабеење. Ама сепак е успешен кога се има трпение. За денес: П: банана Р: 2 ѓеврек и малку јогурт В: грав, риба ослич Уж: кафе