Д: мусли, банана, јогурт Р: стек и варени компири, салата, кришка црн леб ќе биде, уште немам ручано У: мандарина, кафе, бадеми Денес пешачев доста, вечер и ќе вежбам.
Сега ми беше многу лошо, мислам дека нагло ми падна шеќерот, додека не апнев еден Негро бонбон, не ми стана подобро
За друг пат да си знаеш можеш и банана овошка некоја Инаку ваква сум мислиш 30 кг имам симнато,добив комплименти дека сум ослабнала се познаало
Д овес со јогурт и овошје У 2 орео колачина Р го скокнав оти бев за на слава В месо свинско ,крем салата, 1 рафаело пола чаша вино
Ве читам многу често јадете овес. Јас мн одамна немам јадено. Мислам дека овесните снегулки ме дуат и не можам да ослабнам ако ги јадам. Читав дека е подобро овесни трици ама не можам да најдам да си купам.
Д банана, млеко, бисквити Р печурки, микс салата, пченка, knoppers В јаболко У 3 кафиња, интегрални соленки, бадеми
@SkarletOHara Јас овие ги користам, на мене многу ми помагаат со столицата, затоа и ги јадам секој ден, а и многу ме заситуваат: Се убаво, ама пред да ми дојде 2-3 дена сум многу ама многу лоша во врска со исхраната. Ама па секој ден кога ја ранам ќерка ми разбирам колку сум дисциплинирена, ем чипсови, пудинзи итн пред мене и не сакам да јадам, денеска ја ранев со Еурокрем ама не јадев се надевам ќе ме држе мотивацијата .. до нареден пмс
Мене кога јадам овес тој ден убаво ми влијаат на организмот, приметувам разлика само што многу брзо сум гладна со нив. А мусли повеќе ме најадуваат, но некако не ми пријаат толку убаво на метаболизмот како овес.
Доручек: кафе и банана Ручек: кисела салата со варени компири и јајца и млад лук. Вечера кисело млеко
Ден бр 16 П-лимон кафе банана Р-пилешко месо цепкано урда магданос млад кромид и моцарела плус белка ке го измешам правам топчиња ги валкам во жолчка па сусам и ги печам +салата В-нема Утре рапоорртттт Сите ве чекам да се пријавите ако не една по една ке ве барам
Алиске како издржуваш без вечера или имаш обилен ручек па те држе? Може игра улога дека организмот ти е навикнат па тешките 2 недели ги помина?
Ја мислам дека сум на протеини па они држат ситост Еве пример за денес имам пола кг стек со керка ми делиме оброк шо значи 250 гр пилешки стек Сосем доволно за да се најадиш ко човек Кај 17 часот јадам и после не ми се јаде Е синока вечерав гладна бев ама ретко се дешава тоа Инаку навика е верувај се навикнуваш и ти смета писле да легнеш најаден мене чуството на глад ми е поубаво отколку тежина на желудник и стомак пред легнување Сакам некум и аутофагија терам Еве пример од вчера од 17часот до денес до 12-13часот без храна тоа се .... 19часа
@ALISA0000 браво, јас вечерам накај 6-7 и тоа се лесно, на пр кисело млеко или таратор со јајца или овошка некоја, и упм сум гладна, ама тоа додека организмот да се навикне. Што убаво си почнав па ме фати пмс, па пак Јово на ново
Д: варено јајце, кисело млеко, маслинки, кашкавал и 1 кришка црн леб Р: риба, ориз, салата У: кафе, банана, јаболко, бадеми Може и некое од тие овесни чоколатца да си земам ако ептен ми се пријаде. Многу ми се вежба ама неколку дена ќе паузирам од вежбање. Ми се случи баш глупа дешавка, лошо кочење во бус кога се симнував по скали и се удрив кај колкот многу лошо во тие металните рачки во бус. Среќа пројдов со ооогромна болна модрица само. Нема шанса да вежбам деновиве, ме боли местово, да се оправам малце. Од глупост, беља искочи. Иако веќе по нецели 24 часа сум многу подобро, освен модрицава што сите бои си ги изменува. Сепак превентивно ќе си дадам одмор, да не зезнам нешто. Ќе пробам барем да пешачам повеќе овие 3-4 дена. Се навикнав на вежбање и веќе ми фали што вчера вечер не можев да извежбам.
Таман решив сок од цеден портокал да се напијам отварам и гледам нема портокали дома Ништо више срече други пут Утре сабајле како станувате мочајте се и качувајте се на вага и правец тука пријава