Браво за резултатите диеталки . Обично овесните снегулки се лесни за стомак. Ако имаш проблеми, не ги јади, веројатно некоја нетолеранција имаш. Јас со јајца така забележав, супер се за слабеење, ама мене организмот не ми ги прифаќа. И тоа сега ми се случи, порано сум немала проблеми. Мислам дека треба малку да си ги намалиме очекувањата. БМИ околу 23 за наши години е супер. Јас ослабев кога ги исфрлив тие работи што мислев дека не се ништо страшно - пола парче торта, две чајни колачиња, пола чаша вино и слично. За одржување е ок да се јадат, ама за слабеење баш тие прават разлика. После некое време и потребата за нив се намалува, освен кога ќе удрат хормони. Мислам за благо, потребата за вино никако да помине .
Za vecera, stvarno nemozev da izdrzam, i mislam Deka na nervna Baza deneksa sum tolku gladna, aj bärem nema da jadam preku nokjta
Не е ова толку лошо, зеленчук секогаш е во ред, а јајцата се богати со протеини, маслинките со масти. Доколку си многу гладна навечер, подобро да ја модифицираш малку исхраната преку ден.
Д: мусли со јогурт Р: бев излезена и јадев пица, не сум за пофалба ама се трудев што помалку да внесам други калории до вечерва У: нескафе, банана, мандарина Пешачев денеска и вежбав некои 20 минути сега ама толку, изморена сум зошто цел ден бев некаде.
Денеска денот беше таков гладен ден хахаха јас ем 2 тањири боранија јадев ем пак гладна ама ај ја не сум репер оти 5 дена ми касне можам и слон да изедам хахаха ама.... не изедив ништо и не прекршив, е сеа лаам по малце ама нема врска ке се управиме од утре
Некогаш не се трпи глад со сила. Чим осеќам дека ми се јаде многу, не можам така да се оставам гладна. А, во ПМС секогаш ми се јаде повеќе, другите денови немам мака.
И јас денес шит ден. Треба 3 дена да гладувам сега ... Д.1 кришка црн леб со намаз и танок лист кашкавал У швепс Р :3 ќофтиња без ништо В парче пица, парче пастрмајлија и 2 јегери Калории милион...
Епа тоа е мешено мелено, телешко со свинско да знаев чисто ќе купев. Кажувај што ќе имаш за ручек, давај идеи
еве ако немаш идеи оди по моето мени хахах ја утре на скара т.е плотна модар патлиџан тиквица пиперка црвен патлиџан и печурки со салата и таратора сабота имам омлет ос печурки и праз и недела полнети патлиџани со киноа урда и печурка ете ти мени за 3 дена јас не го кријам режимот демек сум го платила па не го кажувам
Кај нутриционист одиш? Стварно немав појма мори Алиске јас пола од тие работи не ги јадам, модар патлиџан, киноа, тиквица, додуша киноа не ни знам како да спремам, незнам ни како да ја комбинирам. Јас се еднолична храна, овес,кисело млеко, салата, некое месо еднаш до двапати неделно и тоа е, може и некоја манџа(грашок, компир, ориз со спањак)
Ориз и компир немам ич Избегавај ги Пробај еве киноа и урда и печурки и наполни шо јадиш тиквица пиперка патлиџан Со таква еднолична храна за брзо ке ти скурче и ке баталиш, ке седниш и ке изедиш свашта
Вчера јадев грашок и јунешко за ручек околу 5, со пиперки салата. Ама кон 11 кога се вратив дома од работа бев мртва гладна и каснав едно лепче со кулен и чашка јогурт. Еве ме сега, од сабајле сум гладна, значи а јадам касно навечер, гладна се будам. Го густирам кафето и се надевам дека ќе издржам до 10 да не појадувам. Мм побара за ручек пилешка супа со многу месо, тоа ќе ни биде и мене денеска јадење.
И јас се разбудвам прегладна кога сум имала нормална вечера. А ако се оставам гладна вечерта, на сабајле не се осеќам гладно. Оди разбери. Добро утро Денес ќе гледам да се контролирам со обилно јадење, се надевам ќе успеам. Последните два дена ми беа ужасни.
Ден бр 19 П-кафе лимон 1 јаболка Р-печени тиквици,модар и црвен патлиџан,пиперка +печурки +салата В-таратор При крај сум на 3та недела плус пмс со доцнење ако оваа симнам нешто ке бидам задоволна