Ден бр 21 П-кафе ,лимон овошје Р-полнети пиперки со киноа урда и печурки со сусам потпечен и зелка рукола салата В-пола од ручекот Со денес ја завршив третата недела па имам мерење утре за резултати не се надевам ич бидејки сум у период на 8дена каснење на циклус
На мене денеска е 11 ден. Доручек: овес со кисело млеко Ручек: ориз со многу салата. Ужина: банана. Вечера: само салата
Доручек- 1 банана, пола шолја јогурт, три лажици овесни снегулки и замрзнати малини. Ручек- тавче гравче со месо Вечера- немам појма шо ќе биди.. Викендот во поглед на храна не беше толку лош, ама во поглед на внесот на алкохол….
Добро утро. Само поддршка да ви дадам. Цела недела на службен пат немаше диета. Е од пробање алишта 38 германска (или баш бивши јус стандард) ми е комотна и добро ми стои.
И јас сум тука, ве читам редовно. Јас почнав не како диета туку се ободувам да направам трајни промени . Со тоа што исфрлив леб, благо, грицки. Да внесувам повеќе течности. За тоа не сум многу строга со исхраната. Може уште ќе треба да почнам и да не мешам намирници. Дома и не мешам. На работа обично имаме ручек од таму, и се случува да јадам пример месо со компир. Всушност може ќе треба некој период построго за да ослабнам па вака да терам за одржување?
Д: мусли со јогурт и банана Р: ќе биде стек и ориз + салата У: кафе, бадеми, зелен чај, мандарина Вечер стандард и ќе вежбам. Не ни знам веќе колку месеци сум на "диетава", прекинав да бројам одамна зошто се трудам да ми стане како лајфстајл.
Вагата после 4 месеци од 89 мрдна на 87 килограми кога прекинав многу да се трудам како порано. Забележав дека многу слабо пијам вода и сакам да го сменам тоа. Колку вода пиете, забележувате тоа?
Мене дневна цел ми е 2л. Ти препорачувам да си земеш од тие шишињата reusable. Некако откако си купив такво многу полесно ми оди пиењето вода, а претходно ни литар не можев.
Ја имам дома една голема чаша, мерев дека 0.5Л собира, по неа гледам колку сум пиела, а надвор од дома си носам исто шише вода 0.5Л и така некако имам увид колку пијам вода.
Завршив трета недела сабајле ке се мерам а ке пријавам у среда Мада шо не верувам ништо да имам симнато среќна ке сум ако немам качено од минатата недела Нешто страшно се случува со мена Страшна подуеност на стомак и гасови та дури и грчеви болни у стомак Сумнам на печурките И првиот пат коа ја терав добив интолеранција на печурки а предхоно немав мака со нив некој период не ги јадев оти дијареа и грчеви добивам од нив и сеа пак почнав да ги јадам Изгледа пак истото ми се дешава не ми ги поднесува организмот
Црно чоколадо купи си за вака кога ќе имаш желба за благо. По еден ред повремено не е страшно, а и здраво е . Или дома со какао или црно чоколадо прави си здрави десерти со овес и слично.
Д банана, млеко, бисквити Р кисело млеко, смоки, knoppers У 2 кафиња, морков, бадеми В смоки, салеп Вчерашното мени нема да го напишам срамота е Од утре пак на поозбилно
Ден бр 22 П-кафе и банана Р-пилешко со салата В-исто од ручекот Се мерев минус сум ама малце у споредба на минатата недела али сепак минус е минус Очекувано ми беше пмс на најјако е пуштен да добијам па ке симнам наеднаш повеке
Да чкртнам. Минативе денови слави прослави родендени семинари....до недоглед. Се трудев да не претерувам и барем дома да сум на поздрава варијаната и да балансирам со калориите. Д:Вчера овес со јогурт и овошје У Мало парче трилече Р свинско малку компир и салата Не вечерав Денеска почнав со 2 варени јајца парче сирење и лажица ајвар .
Ај да си пишам.. викендов хаос хедонизам на најјако уклучен, саботата вино пиев 2 чаши плус ручек од 700 калории и што ми требаше јадев кикирики ама кога видов колку биле калорични нема да ми текне да ставам во уста веќе ќе грицкам семки или сончоглед...вчера недела пастрмајлии па правев од интегрално брашно за мене убави беа ама пак некако ми се виде многу калории..вежбав исто викендов ама пак што е многу многу е... Денес Д јаболки и малку индиски ореви У нема Р полнети пиперки В нема вода 2,5л до сега... Знаев дека вака ќе се однесувам кога ќе додјам до некое за мене ок ниво затоа морам да се вратам на старата исхрана без зафрканции и да стигнам до 64-65 пред празнициве
Денес се мерев па реалната килажа се движи од 65- 70 некаде што значи добар напредок и поточен резултат на вагата за отприлика 3 месеци -5 до 10кг. И многу одличен напредок. Сега сум во балансирана состојба многу задоволна од постигнатото тело ама фали уште дел да стопам од салото и ќе бидам екстремно задоволна. Тоа значи дека сакам да стигнам сега и до 60кг. П: овесна каша У: кафе, јаболко, смути Р: компир манџа В: Кајгана со изварок и сувомеснато
Мешање намирници не е грев. Поновите правила односно начин на исхрана со макронутриенти всушност и вели дека намирниците треба да се мешаат и оброците да бидат зибаланзирани со сите намирници (да има и сложени јаглехидрати и протеини и здрави масти и витамини односно многу салата). Јас лично сметам дека промени во исхрана кои се поддржливи и без мнгоу ограничувања од аспект ова смее, ова не и ова со ова не се меша се поуспешни како долготрајна стратегија. @andrejko82 и семки и сончпоглед се исто калорични (по околу 400-600 калории на 100 грама имаат сите грицкалцки) ама од нив помалку количински се јаде кога се нелупени. Во тоа штосот. Количинаат е битна.
Затоа сега навечер ќе си вечерам и нема грицкалки...сум забележала дека ако сакам помалку да јадам и прескокнам оброк тогаш повеќе внесувам Вчера супер помина денот, цела недела ќе терам со помалку храна да истрошам од викендот За денес Д овес со јаболка У нема Р гравче В нема И денес ќе мерам колку вода ќе испијам...