Фала другачки. Индекс на гојазност ми е 35. Ризик по здравјето ми пишува леле. Никогаш не сум била волку дебела. Онаа песнана Pojescu sve kolacicе веќе ми е страв да ја слушам. @Kasiopaja221 и мене ми е се околу стомакот, тоа најмногу ме плаши.
И јас. Поима немам колку ми е масен индекс ... Ана џабе ја платив искрено, не можам да се водам по неа.... Вечно дебела ќе сум
Мене ептен ми е добар овој режим Имам парче торта у фриждерот од вќера од роденденот не ја изедив па ми ја пратиј аза дома Од чиста култура ја земав ако не ја изеде големиот ке оде у канта Уопште немам потреба за благо иако сум со доцнење на циклус веке навелико у пмс Е ако ме фате нешто апеш си цедам портокал сокче,али ок сум 4та недела
Мене благото ќе ме умре Не можам без негоооооо Како да му се скарам за везден? ( ова ко во љубовни совети испадна )
Горе доле нa протеини чат пат некоја боранија грашок лека Углавном мал број калории и ок е функционира 3 недели минус 5.8кг симнато
Расипан заб е лекот. Додека чекам термин за забар му се скарав на благото. Да едитирам денешно мени коа се изедено. Доручек 2 мандарини, подоцна банана бидејќи бев гладна, Ручек 3 пржени јајца, Вечера 2 пржени јајца. Измеѓу испив 3 кафиња од кои едното нес, а сега пробав мал правоаголник проја. Доволно за денес мислам.
Во последно често помислувам на тоа. Ама не памтам кога последно сум имала забоболка. Среќа или не ?!
И јас неможев да го скратам благото ама тоа го успеав постепено со намалување на бел шеќер за во кафе, користев кафеав шеќер и сега ставам сахарин, а понекогаш јадам мед како благо ми е одлично, земи посни благи ако дотолку сакаш ама внимавај да не земаш повеќе од едно и за ужина со кафе гледај да ти е.
За тебе само тоа е лекот. Ја да сум на твое место, ќе ме гледавте со кран како ме изнасаат од дома. И арна си дури. Јас имав тактика за освикнување од благо. Ќе ми се пријадеше некое чоколатце, па си праев контра во мозокот колку пати сум го јадела и било растопено или па прездрвено, немало вкус, со поминат рок, или од лешниците црвчиња ( ова на времето во пакетчињата имаше стално )... и ми се одјадуваше.
Горко кафе пијам со години..... ама на чоколади не можам да одолеам и да останам на една коцка права дрога ми е
И да не ми е, ќе морам да се навикнам ,друга опција нема Ели бе @Eli23 ништо ич не ме одвраќа, верувај
Јас добив и денес не се качувам на вага а баш сакав да знам дали мрднав барем малку. Останува мерење следна среда. Благо веќе не јадам, ама овошје многу, значи јадам благо.
Д банана, млеко, бисквити Р чоколино, nut bar В протеински шејк, 2 дигестивни колачиња У кафе, семки, бадеми
Појадувајте или за ужина земајте овошки тоа ти е природен шекер и нема да имате потреба за благо само има финта 21 ден му треба на телото да се изчисте од вештачките шекери издржете толку и телото ке ги забораве и нема ни да бара
Да пријавам 66,5. Џабе цмиздев пред две страници, тоа што сум јадела во Виена повеќе било вода насобрано, за два дена диета отидоа 2 кг (вода), а до наредната среда очекувам да бидам ко прес одморот. Имам нова цел, до нова година да сум 64кг. Денес на менито: Доручек: ништо Ручек: чинија макарони со печурки и доматен сос Вечера: исто ко ручекот
Ајде и јас да се пријавам.Значи никако неможам да видам друга бројка и да се симнам подолу од вагата. Не сум на некој посебен режим, се надевам ќе успем. Денешно мени П-смути У-некоја овошка Р-туна салата В-пола од туната