Јас доручекот го утнав оти многу сум наапана, ненаспана, преморена. Јадев леб, шунка и зденка, и едно пакетче ресани. Пишувам за да си простам себе си и да продолжам со денот. За ручек и вечера планирам ориз со праз, со краставица салата. А да, и второ кафе веќе пијам.
Чаша вода нагладно па кафе и крајче вафла да не се фрла П 2 варени јајца, лажица ајвар, пола парче црн леб У банана и јаболко Р тортилја со пилешко месо В некоја салата ако ми се сојади ако не ништо.... Бокал лимонада измеѓу.....
@Eli23 денес си се изела многуѕ за доручек зашто вчера ако си изела само 5 јајца всушност не си изела ништо. На организмот му требаат околу 1200 калории само за базален метаболизам, односно за преживување. Брзи диети даваат брзи резултати и толку. Подобро најди режим на исхрана што ти е одржлив. Поспоро ќе слабееш ама подолготрајни ќе бидат ефектите. @Kasiopaja221 смени благо. Јади благо што ќе те држи сита и од кое нема да можеш мнгоу да изедеш. Пример бомбици со урми и какао (мене лично ми с епоблаги од чоколадо и од една максимум две се најадувам). Денес се мерев зашто утнав вчера и сум иста во килажа. Не ни очекував нешто многу кога минатата недела бев на сендвичи и хотелски доручеци.
Од денес ви се приклучувам на темава Имам околу 75 кила и 170 см висока. Goal ми е 60. Утре почнувам со диета
Искрено, не знам некој метод што ми функционира освен ун диетата. Јас живеам на јаглехидрати претежно. Единствен услов ми е да издржам, храната да ми е вкусна. Месо јадам слабо за кето, а гледам храната сега по ун не ме заситува баш ко претходно. Мислам дњка ако не мешам намирници ќе имам резултат барем за 2 недели, инаку се демотивирам ептен.
Малку храна е на УН а доилка си, треба разновидна храна да имаш еве и јас доилка и пак не јадам ко што треба..
За денес П: млеко со плазма и банана Р: ѓеврек и парче пита со вишна В: рибна чорба, спанаќ,грчки јогурт и лосос од конзерва У: витанова
Д палачинка од леќа со ајвар и урда У 1 бајадера Р стек во кари ,пире ,малку црн леб и салата В незнам ама ке каснам нешто малку @Eli23 и јас претежно живеам на јаглехидрати.И не ги отфрлив скроз еве и леб и благо помалце си каснувам ама ги намалив доста и комбинирам обавезно со протеин. Мора пополека да се намалува вкупниот внес на калории да се навикне и телото. Сум ја држела Ун и јас често ама брзо ми здосадува еднолична храна.
Денес го корегирав менито, јадев еден тост за вечера. Јас кафето не го отфрлив, само тоа ме одржува сеа во живот. Сеа ќе гледам благцето да го ограничам на црна чоколада ред.
Здраво и од мене Да ви се придружам. П: Тост со две парчиња црн леб, пилешки гради и моцарела У: Протеинско барче Р: Парче домашен колбас, пире и салата В: Стек Требаше мениво да е сосема различно за денес, ама ете сплет на околности. Не стигнав ни да извежбам... Иначе намерно ви се придружувам во четврток, па од наредна среда да почнам да се мерам, заедно со вас. Вчера бев 83кг и 900 грама. Почнав со 87кг и 400 грама мислам. Имам ПЦОС, се насмеав кога ве читав вчера дека има и доста од вас со истиот проблем.
Д банана, млеко, бисквити Р 2 кифлички, витанова В ред црно чоколадо, дигестивно колаче У кафе, крекери, бадеми
ајде ајде стегајте заби сеа ке дојде понеделник за мене а за вас среда Ја денес не појадив ручав 5 јајца млад кромид и урда со краставица и патлиџан салата да броам нема ни 1000 калории сигурно ај кој знае нека ми каже еден патлиџан и краставица една по колку калории имаат? сеа спавантос за да слабее телото многу битно било да имаш редовен сон
30 до 40 калории во просек има една поголема краставица, нормално зависи од грамажа, средна големина патлиџан има 22 калории.
5 jajца негде 400 калории така ке му дојде ? и некои 100 гр урда ја заборавив и млад кромид немам 1000ка надминато сигурна сум
Извини што се мешам ама нели ти се малце 1000кал ? Толку мала количина на јадење не ти го забавува метаболизмот ? Еве мене со толку малце внесена храна ми се забавува метаболизмот ,цела се дујам .
1 јајце варено е 77 калории, значи да, испод 400 се 5. Урдата не можам да најдам колку калории има, ама мислам дека не е многу, кромидот ваљда не е ни за спомнување. Зависи дали и колку масло си користела, ама претпоставувам дека се на се не си повеќе од 600, 700 калории.
мислам дека не убаво си симнувам килажа Немам отоци како предходно по лице прсти Не се дујам си одам у вц редовно и по 2 3 пати на ден Така да мислам дека ми е ок
@fana @Eli23 смеам да ви партам нешто во лп? Денес Д проја со кислео млеко У јаболко Р кременадла В салата Вчера ем извежбана ем 10000чекори добро е.. @JoyJoy правев бомбици од овес, банана, мед и темно чоколадо и супер ме заблажи пред некој ден, таман за стрв да не почнам со благо пак а не е многу плус калории на дневниот внес, фала ти..