Девојки мои,денеска поручав мало домажно сендвиче со лебче,саламче едно парче,патлиџан и краставица,Попладнево каснав две лајчина крем да се облажам,и ке заборавев сабајле на работа каснав и едно крембананче.Ама вечерва......Вечерва со дечко ми ке одиме на вечер,ке части за нешто и ке мора да касна нешто.Али затоа сега ке правам вежби,и хулахоп.И утре ветувам дека одам на трчање.И тоа е се за до сега
МОРАМ, ама МОРАМ нешто да ви кажам. Вежбав на орбитрекот секој ден од петокот или саботата, не се сеќавам точно кој ден, до вчера. По 20-30 минути отприлика, со вовлечен стомак, исправена и брзо вртење. Како резултат на моето макотрпно петдневно вежбање и јадење лубеници, патлиџани и сирење веќе една недела, денес ја имам честа да ви соопштам дека се пикнав во панталони 42ка. Јесте дека малку погоре се закопчуваат, со повисок струк од просечното се, но СЕПАК за мене ова е гоооооолем успех. Лани ова време тоа беше сајнс фикшн за мене. Ќе бев среќна и во 46ка ако успеев да влезам. На крај, далеку сум од посакуваната цел, има уште многу работа и труд околу моето тело, сета кожа ми виси.... ама морав да се пофалам. п.с. затоа прееска лапнав еден марс сладолед. мнјам.
Хахаха и јас си ја ставив на десктоп....Ајде сите да си ја ставиме и ќе видите како за 1 недела по 5кг ќе симнеме
Гага никој од нас неможе да осети килграм плус/минус нормално дека се осеќаш исто. Не се секирајте за +1, не е голема работа, сабајле станувам со 50, си легнувам со 51 и така во круг Јас гледам другаркиве се потресуваат за 300грама плус, тоа ти е една чаша вода А и ако вежбаш бааги, има шанси да е мускулна маса
За појадок јадев лубеница и една житна плочка. И така ручекот се раздолжи, се раздолжи, охоооооо, кој вика дека не можело да се истрпи 4-5 часа пауза меѓу оброци, јас денеска херојски издржав 7 И така во 18 часот си лапнав еден лахмачун и супер ми е. И ручек и вечера.
Јас само што се вратив од пешачење. Денес за појадок само овошје, са ручек многу малку летна манџа или не знам уште и како не се вика(домати, пиперки, заедно сварени) и за вечера салата. Толку од мене за денес.
И покраj тоа што сум на одмор, диетата ми оди супер! Стварно сум изненадена сама од себе и се надевам дека ке продолжам. Изгледам малку заслабната во стомачето, но сепак имам уште многу фурни леб за (не)jaдене. Не се мерам до краj на месец, па на 31 хоп - на вага, се надевам ке биде приjaтно искуството.
И јас се изненадив ама со делкам на сабајле една витанова цеден лимон и чај за слабеејне кирколина за ру4ек мусли и јогрут и 4ај за вечера некој зеленчук и ослабев 2 3 кила
Јаааас дојдов домичка. Вежбав на орбитрејк денеска 8 минути нормализирано пЉус три турбо. Не знам кај ми е главата кај га*от да ви кажам, и се ме боли не можам да мрдам едвај дома се довлечкав. Друго, човеку, јас кога вежбам многу ми се јаде а уште повеќе ми е жал да јадам и не јадам. А кога не вежбам па јадам зашто заборавам колку е тешко да се потрошат 100 калории. Ех се каам што ја прекинав зумбата, јас идиотот ццц. Донт вори донт вори де од утре пак е во распоред. И јас јадев, за сабајле кажав, после јадев сладолед оној фингер жолт, и јадев парче сирење со еден патлиџан и пилешко месо варено па печено(од ориз извадено да појаснам ). И пешачев пола саат. Да сме на чисто. Може и поише ама ќе заокружам на помалку. Фраерка сум бе да. утре или задутре, либето одии на пут, море има да се фатам построго, кога ќе си дојде да го мавне шок верувајте ми. Ооо заборавив уште нешто, пиев и јогурт 250 милилитри. Епа бевме во фурна со другарки, и јас само јогурт ... ааа замислете ме, многу бев горда на себе. Не ве лажам мајке ми !!!! Радости сум целата море бре. Пу пу пу да не се урочам. Кај ми е баба со вода да ме попрска, ех. Ај до утре, останете ми Spoiler гладни
Пред спиење да си кажам со што го радував денес мојот желудник! Појадував супа, ручав парче интегрален леб, две мали варени јајца (со се жолчка ги јадев) и половина пиперка, вечерав еден домат и парче интегрален леб! Преку цел ден пиев неколку кафиња без шеќер и чаша компот од вишни! Иначе цел де бев во движење, плус малце зачистив по дома, плус пешачев саат време па се надевам сум согорила некоја калорија! Толку за денес!
И јас на работа јадев само леб, односно кифла некоја и мислам од тоа се здебелив. Ама има една фината, еве веке 2 месеци може ја практивкувам. Појадувам кај 13 часот, и тоа си купувам 1 кисело млеко и 1 краставица, и во самото пластично си правам таратур!(нормално без лук). Значи појадокот ми е се на се 300 калории. После кај 6 или 7 вечерам, било што, ама не е мрсно месо и не е многу леб, и до крајот на вечерта јадам само лубеница. Мислам дека 1200кал не внесувам секој ден.А има денови кога внесувам. Мислам дека слабеам малку, ама немам вага, па ке видиме. На мене си познавам по малце, ама има време. Ич не сум трпелива.
За појадок кафе, банана и едно Атлантис чоколатце(а имам цела кутија пред мене ), после ќе степувам малку, ќе гледам денес 20 минути да издржам, за ручек тоа што има и за вечера ќе видиме Не знам за вас, ама мене најголема мотивација ми е успехот. Кога вчера ја видов таа прекрасна бројка 59 на вагата, се попалив. Во план ми е да ослабам уште 4 кила, да си ја постигнам целта, а во меѓувреме да вежбам што е можно повеќе за да се стегнам. Не сакам повеќе да сум слаба, сакам мускул на мене, сакам да бидам како извајана, а од тоа ме дели само уште еден месец строгост и некој месец вежбање. Епа вреди, и ќе го постигнам тоа па да знам последно да ми е !
Денес станав поранко, и само овошје од утрово јадам. Мајка ми направи пита ама јас не и се давам, нема да јадам . За ручек немам идеја, не сум гладна, денес ми дојде м***, па не ми се јаде, јас тогаш губам апетит, но затоа пред да ми дојде, огромни маки мачам справувајќи се со огромниот апетит . Се мразам во вакви денови.
Јас денес не сум во ред, ич не сум во ред, а не знам зошто. Ми се тресат рацете, нозете, едвај пишувам, едвај можам да застанам, по скали кога се качувам како да сум дрогирана не можам да се додржам, прееска одам во продавница и од што не можев да ги кревам нозете ми испадна апостолката 3 пати во рок од 2 минути... Штотуку се најадов и сега лежам, ќе се одморам и до после ваљда ќе ми помине ... Инаку сабајле јадев перек, а сега ручав туна со киселина, голем патлиџан, кришка леб и 40-50 грама сирење ... И испив многу вода. И газирана и обична.
Мож да кажам?! Глина на гладно,салата со зелка,краставица,магданос,часа свежо цеден портокал и покасно може едно варено јајце.Се трпи сега за сега,вечер ќе биде жустро.Ама...го прекардашив,а и вагичево е немилосрдно,сабајле тест и паднав на тестот ми одеше да исечам се живо и диво и да си сплетам чергиче.