И јас периодов ,веќе една недела на малку калории сум , некако изгубив апетит а и гледам да ги завршам попрво обврските што ми се отколку да спремам храна и гледам да поминам со нешто побрзо. За да не губам време многу на тоа. А кога ќе ми прекинат обврските со учење ќе гледам да се вратам во физичка кондиција, по малку да вежбам ако се натерам. За денес : П: млеко со корнфлекс Р: салата и туна В: 3 пржени јајца со парчиња кулен, кисели краставички У: кафе, мандарина
Вчера имав малку отстапки ама ок беше Само што едно време ми се стресија рацеве, дали од малку јадење или имав малку стрес па се поклопи, не знам. Ама знам дека до вечерта ме држеше, и некој притисок во вратот и цела глава. Сигурно од стресот беше. Денес, турско горко кафе дека постам. Д црн леб со ајвар и краставица салата Р макаронска салата со туна В салата( ама на работа сум то време ,па можно е само јаболко да каснам) Замена за благото засега ќе биде лажица мед. Додека не најдам соодветна замена
Напрај си урми чоколадирани т.е урма полниш со јатка орев и преливаш црно чоколадо. Кај Ана на профил ги кмаше скоро. Д. Палента со сиренце Р. Омлет со малку ајвар У (една), црно чоколадо со малина. В. Не сум смислила уште. Кафиња без број.
Ден бр 26 П-кафе банана,после некој саат ананас Р-барена киноа со канче кисело млако В-Њама вечерување и поубаво ми е едно кафе ке се изпие до вечер и доста е Си купив кожно палто струкирано,пука на мене и го закопчувам до градите Е сеа цел е да можам да го закопчам на градите таму некаде до кај н година а тоа значи намален обем на гради и грб негде 3=5см
Да се пријавам Вчера: Д: Кришка леб и маргарин Р:Зелка манџа В: Зелка манџа Денес: Д: Кришка леб со мармалад и чаша кокосово млеко Р: Палента В: шампињони на скара
А може прво урмата да си ја лапнам, па оревчето и на крај чоколатчето? кој ќе чачка Ништо од вечерата, касно ручав па сита сум некако. Само една шака јаткасти изедов после тоа и 3 чаши вода. Некако водава ме заситува и не осеќам толку глад. Валда нема да ме фатат кризи во 100 саатот да рошкам во фрижидер ко глушец
Д банана, млеко, бисквити Р шопска, пола киткат В мало топло чоколадо домашно У бадеми, кафе, крекери
јас вечерав у 17 часот а сега е 20 ч и сум кучка гладна ке фанам да лаам сега Или ке се изнапијам вода и кафе едно или некоа салата ке правам ама палтото ..........аааа
Д Баничка со спанаќ и кока кола У 50 гр чипс и 2 медењаци Р салата со марула и туна У чоколадо В желба за слабеење Инаку јас ќе го постам постов дечки. На сликава сум 65 кила. Ќе ја користам како инспирација. Сликана сум на одмор, летоска.
Ми заврши менструацијата и одма две кила во минус. Со исхрана сум климава, внесот на калории мислам ми е таман ама јадам глупости, ретко нешто здраво да си зготвам. Ама шо е то е. Ти со 65 изгледаш 100 пати позгодно од јас со 63.
Одлично изгледаш со оваа килажа, сигурно си околу 170 висина. И мене финална цел ми е 65 сега за сега, иако идеална килажа би ми била 57, ама до 65ката сум поблиску за околу 10тина клица. Досега -22 кг. не дека премногу припазувам на исхрана, ама пак не претерувам и сум премногу физички активна. Само зимава не знам како се ќе изведам со оглед што надвор спортувам, можеби ќе компензирам со вежбање по дома или групни вежби во сала. Не сум теретана тип на личност.
Рапорт: П: Банана Р: Гравче и салата У: Протеинско барче В: Смоки Денов го сметам успешен иако јадев смоки, пошто целта ми е да се одвикнам скроз од благо. Можам без се од храна, буквално ама благото... Жива гладна сум, пред малце завршив со работа ама ќе се спие сега, нема јадење.
Вчееа Д палачинка од леќе со урда У кафиња и 1 кифличе Р риба ,гравче и малу леб В колаче ,малу смоки...
Ден бр 27 П-кафе, по една банана ,кива ,мандарина и пола јаболка Р-модри патлиџани полнети со урда и сусам В- тетратката вика пола од ручекот бидејки сум на свадба ке биде салата и мевце некое дали стек или плескавица углавном протеин како и ручекот не верувам да ми се соберат многу калории а и да се соберат гајле ми е јас се преполовив и на снагата и на лицето сменив и личен опис шо ми вика момата синока само ушите ти штрчат
Д 2 кришки со ајвар У чоколадо Р салата со марула и туна В 2 кришки ајвар Во понеделник се мерам, баш ме интересира што имам напраено овие неколку дена
Сите озбилно терате, од мерак да ве чита човек. Да не останам покусо: Д: ѓеврек = 300калории Р: рибини стапчиња и помфрит печени во рерна да нема зејтин + 100мл кока кола (и јас сум душа) = 500+450+ 50 = 1000 калории В: Две чинии супа од броколи = 150 калории Фитнес : - 250 калории Вкупно: 1450- 250 = 1200 калории Целта за денес е постигната
Да се пријавам и јас, внимавам на исхраната, колку толку дома сме сите залегнати од грипот, ааааама денеска си облечев едни тренерки од лани купени, ем не пробани, ем дома кога дојдов малечки горната тренерка до под цицките ми беше, ама денеска луѓе влегов во нив, дури на гостите ми паѓаа, ептен сум среќна