Д банана, млеко, бисквити Р пола киткат, тортиља со печурки и пченка, домат, 2 lindt чоколатца В грицки, топло чоколадо У бадеми, крекери, морков, портокал Денес и утре повеќе ќе има јадење, но добро бар имам повод, а и мислам добро терам.
Вчера П-тонус,2лаж. ајвар,маслинки,краставичка свежа У-јаболко,зелен чај Р-печен компир,летна манџа,салата В-/ Денес П-перек Р-риба ,салата В-пола од ручекот
Денес завршувам 4та недела Утре се мерам и заокружувам месец време па тераме даље за исте пари да го скиниме и вториом месец сега ке мерам и обем на стомак гради нога рака Ден бр 28 П-ке биде кафе и јаболка портокал нешто такво шо ке има Р-грашок В-нема
Деновиве не гледам многу на храната. Ама од утре ќе гледам да бидам на посна храна. Поручек: палачинки со мед и ореви Ручек/Вечера :парче проја со сирење,печени компири и карабатак,кисели краставички и зелка салата Се осеќам најадена и уште фали да испијам 1л. вода.
Д 2 кришки со ајвар У чоколадо Р риба и салата У пуканки и чоколадо В желба за слабеење и ништо појше Едвај чекам утре сабајле да дојде да се измерам. Ќе ви пишам
Јадена сум една банана и 2 кафиња со сто цигари знам дека не чине да не јадам и морам да ручам а уста не ми се отвара како да се натерам да каснам нешто? грашок имам за денес со томатело плус со циклус сум па незнам колку ке биде утре точно мерењето
Намалив ептен со јадење,ама не се осеќам ич полесна знам дека е рано,ама се водам по последните пати,одма бев ко истушен балон. Дополнителна мотивација за слабеење ми е кладба со мм имам рок до март ќе се запнам, шо сака нека е,има да победам #чоечешотриераце.... Д црн тост леб,мало парче овчо сиренце и планински чај Р 1 колбавче и гарнир морков и грашак В малку од остатокот од ручекот У јаболко, кафе и 2 3 урми со оревче прелиени со чоколадо,позз @Eli23
Да си пишам дневникот денес: Д: сендвич со домати и рибини филети : 450калории Р: Печен ориз и мала конзерва туна - 400калории В: Печен ориз и печени пиперки - 500 калории Саат време пешачење- 250 калории Вкупно: 1350-250= 1100калории Целта за денес е постигната
Доручек јадев тост, за ручек зелка саката со свинско печено месо. Ужинка пола мандарина, пола украдена бидна од деците . Ме мрзеше да лупам уште. За вечера зелка салата со лажица урда. И тоа шо не треба, лапнав една палачинка со крем , правев за домашниве, гриза за храна беше. Јас да не сум покуса. @Kasiopaja221 на здравје. А да знаеш не сум ги направила, прва ги тестираш. Утре треба да пазарам за да организира менито со повеќе манџички. Фала на сите за советите.
Дечки што од храна исфрливте и приметивте дека ви помогнало навеќе за да намалите килажа? Јас имав здравствен проб, бев 55 кг почнав полека да качувам на 60 и последниов месец качив 70 односно 10 кг. Не знам кој крај да го фатам не ми е точно ништо од алишта од 36 сега сум на 40.. Нешто што повеќе ви помогна да ослабете пишете искустваа, не сакам драстично да ослабам 10 кг ама сепак не е мала килажа за толку краток период па ми треба мислење..Благодарам.
Па прво смени бел леб со интегрален, благо само овошје..од тука се почнува, грицки и газирани сокови секако не треба да се дел од исхрана..со лесно и не си ставај притисок ќе биде.. Викендов добро помина.. За денес Д 2 јајца варени и парче леб У јаболки Р грашак манџа У кисело млеко
Денеска се мерев и бев 74.4 кг. Мал успех бев некаде околу 75. Ова за денеска ќе биде. Скоро секогаш се придржувам до планот. Д овошје Р мекица В 2 кришки со ајвар
Протеини ти фалат. Вака со јаглехидрати долгорочно ќе си направиш проблем со метаболизмот на шеќерите.
Повеќе е обиди и грешки додека не најдеш нешто што тебе ти одговара. Секако ако имаш некој водич за специфична исхрана конкретно за твојата здравствена состојба најдобро е од таму да почнеш. Конкретно јас имам ПЦОС и во тек на долги години сум малку нагоре малку надолу. Имав едно драстично нагоре кога прекинав со метформин и еве сега тоа го средувам. Е сега плус средувам и сензитивност на одредени намирници од храна и цела сум во збрка ама главно се се сведува на „паметно“ бирање на храна. Инаку јас си знам што кај мене функционира: без благо (или со минимално благо со додадени шеќери а кризата ја поминувам со урми, rawbar на база на овошје какао, ред темно чоколадо и слични ѓаконии). Главни правила се без грицки, без благо, со производи од интегрални житарки, внимавање на балансирање на намирници во оброците, повеќе салати и слично. Исто вниумавај да си околу 1300 до 1500 калории дневно. Вежбање секогаш помага (иако со вежбање вагата поспоро оди надолу ама во обем прилично се губи). Е сега ако видиш на форумов има и мнгоу рестриктивни брзи диети (дури и на оваа тема), ама јас тоа не би препорачала.
Денес овесни со млеко за доручек, ужина нескафе. Ручек и вечера ќе биде гравче со печено месо и обилна чинија зелка салата да се прејадам. Кад је бал нек је маскенбал.
ден бр 29 П- кафе и јаболка Р-ке биде салата од 7 видови зеленчук В-вика таратора ама ке гледам или салата или ништо