Најпросто да ти објаснам, ако го гледаш оброкот како една целина, нека половина од него ти биде зеленчук, значи салата. По можност од нескробен зеленчук, може и туршија. Четвртина од оброкот да бидат јаглехидрати, дали парче интегрален/црн леб, дали некоја житарка, како овес, просо, киноа или слично, и четвртина да ти бидат протеин, дали месо, јајца, печурки, риба, црн грав... Со тоа што протеинот со грамажа да е 150-200 г во оброкот, јаглехидратите 50г максимум ако се житарки, ако е компир, ориз може и повеќе, салатата/зеленчукот се неограничени. И секако, без масти не бива, дали маслиново, дали семиња, дали јатки, дали путер од кикирики, зависно од оброкот. Антонио Велковски или инста профил @ajde_da_jademe има доста интересни предлози за оброци, дури и благото не е исклучено. Битно е да јадеш квалитетно, а сепак да си во дефицит, само така на здрав начин ќе изгубиш килажа, без последици по здравјето.
Да се самоцитирам, грав со пушено месо, ко за шмек, нема да се најадам месиште и плус грав протеин. И ужина втора земав 2 реда црно чоколадо, милка со малина, гледам 150 калории има само. Ќе вечерам покасно и ако затворам муцката ноќеска, топ ќе сум.
Д банана, млеко, бисквити Р овесна каша со јогурт, ред црно чоколадо В јаболко, смоки У едно топче lindt, 2 кафиња, смоки Денес добив така да конечно нема многу да јадам а и надежно ќе падне бројката надолу
Вчера Д: банана 100 kal Р: домашна паштета од грав и таан со лимон, лук и маслиново масло + 3 парчиња леб = 600 кал В: смоки 500 кал Вкупно 1200кал +/- 50 дека не мерам се до грам Не вежбав вчера, мака ми е ама стварно немав кога. Едвај чекам утре да се измерам
Денес никој ли не јадел? Ајде другарчки, кај сте... Доручек банана, во брзање бев. Ручек ќебапи со зелка салата. Вечера нз што, давајте идеи.
Ден бр 30 П-кафе Р-плескавици околу 400 гр месо со зелка морков цвекло салата В- нема таков беше денот турбо па се беше у хаос па и јадењето
Д банана Р соленка В туна, печен компир и салата Заборавив да напоменам, скоро секој ден пешачам 4 км.
Денес Д: домати салата и парче леб - 250кал Р: броколи со маслиново масло и многу лимон + парче ржан леб (од тој мокриот најгаден на свет)- 450 калории В: банана 120 калории Фитнес: еден саат одење на лента - 400 калории + 15 минути тежински тренинг Вкупно: 820 - 400 = 420 калории Премалку внесени калории денес ама па сега има и такви денови... до душа ретко, ама ги има Супер терам само вагата утре сабајле да не ме разочара, се надевам барем на 65,5 кила, максимум 66.
Д банана, млеко, бисквити Р смоки со јогурт, ред црно чоколадо В јаболко, смоки У кафе, бадеми, крекери
Мене не ми се слушаТри дена сум хаос со исхранава и знам дека утре ќе сум во плус.Каснав се што не треба и благо и грицки и леб и газирано.Не претерував но кај мене се се лепи веднаш. Ама ќе пишам бми од минатата среда ако треба
Здравооо мене супер ми оди и вчера и денес. Денес не додржа срце јуначко и се измери Во минус сум ама ќе се премерам утре пак да не имам изгубено уште некое грамче. П: Овесна каша Р: Тортиља со пилешко и моцарела За вечера имав тиквички со зачин за таратур и јогурт ама не сум гладна. Ќе ги јадам утре Од мали победи издвојувам то што бев излезена во неделата и после ручекот порано обавезно јадев благо, на пример палачинка со крем ама сега не ни помислив.
Вечерав јајца со павлака. Треба да добијам. Нз дали да се мерам утре. А и можам да кажам овие 2 дена сум посериозна во пазењето. Ја ќе и се качам на вагата сабајле, па акп е арна бројката, ќе кажам. А да, мени за утре: Овесни со ленено, путер од кикирики и јпгурт. Р. Варена зелка манџа со колбасица. Вечера и ужинки утре ќе се цитирам.
Добро утро женски. Јас само да ви се пофалам дека видов 62ка напред, пресреќна сум. Да бидам поточна, 62.8кг. За исхраната не ви пишувам ништо, не се хранам баш нај нај здраво. Клучот на ова шо подослабив е тоа шо јадам два пати во денот. Многу чај, вода и то е то накратко.
Добро утро од една пресреќна и изненадена гладна душа Се мерев сабајлево и сум неочекувани 64,7 кг, а со тоа официјално Бми ми е во граници на нормална, не на дебела , 25,6. Значи -3,5 од предходен понеделник т.е -1,8кг од предходната среда. Предходниот понеделник се вратив од одмор и бев над 68кг, многу се разочарав дека цел труд од 2 месеци бил за џабе, но не, тоа било натрупана вода што после 2 дена ја снема, па на предходното мерење во средата бев околу 66,5кг Вчера на фитнес исто малку се разочарав, гледам до мене луѓето 400 калории согоруваат за 15 минути трчање, а јас ко желка некоја саат време за исто толку калории, ама па си велам секој за себе, може тие дома бутале сендвичи не ко мене смрдлива брокула. Цел за наредна недела ми е да си ги задржам овие килограми, а до нова година да бидам 64.