Денес подздебелена некој грам од прошлата среда. ПМС + малку повеќе фаст фуд викендов и одма нагоре вагата, ама ќе се средам. 68 кг и БМИ 24. Вечер сум на предновогодишна прослава и без проблем влегов во фустан 38, дури и малку голем ми е. Лани ова време 44ка носев.
Bmi 23.5 заокружено на поголемата децимала.На неколку пати гледам и помала бројка ама оваа е реалната. Задоволна сум ама тешко ми е одржувањето.Никогаш нема да ми иде природно да јадам здрава храна да не јадам ич тесто да не пијам газирано а и алкохол да не грицкам меѓу оброк... Затоа со години одам горе долу и нон стоп сум во темава. Се моли @Espadrila да ревидира списокот чисто ми е за себе за споредба и мотивација.
БМИ 24,9 @Estranged и јас пред 2 години носев 44 сега и јас сум панатлона 40, фустан 38 и М капут купив и ми е онака таман (да не речам широчок) со дебела блуза... само да бидам вака до Јануари 21, да не почнам во плус да одам... @mareane супер си само одржувај се сега..него ја нема @Espadrila списокот да го ажурира ама и @malerozna да дојде да ни љубомори малку
Јас сум 300 грама надолу од прошло мерење. Со оглед дека сум во ПМС и не сум нешто мнгоу активна за слабеење и ова ми е ОК. Тука сум повеќе заради одржување и навикнување да правам здрави избори и да не морам да слабеам повторно во животов.
Ќе се рачунам во непроменета килажа, неколку грама минус не се за запишување бар не сум во плус,и тоа е нешто. Пмс си го направо своето, се осеќав подуено, ама сега издишав. Ќе терам вака, со намалени оброци и ништо после 18....добро може кон 19.00 јаболко ако не се издржува ама ништо повеќе Благото го намалив на минимум, ама вчерааааа си каснав кроасан. Ќе пукнев ако не го изедев ,мислев дека ми вели: "дојди изеди ме" , и тоа со заканувачки тон Терајте женски така, Нова Година иде ,мора пиц-пец да сме ,па макар и за форумска журка
И јас у младост сум иста ако ти е за утеха. Денес се мерев 82кг, едно помалце од прошла среда. А пред циклус.
Само убави резултати значи неделава. Сега гледам грешка сум го пресметала БМИ ми е 24,9 а не 25,6 ко што сум пишала. Добро што ги видов вашите па сфатив дека нешто мојот е грешка. Денес: Д: Банана (120 калории) Р: Тавче гравче и парче леб 600-700 калории + 100 мл кока кола 60 калории В: планирам банана и лажица мед 180 калории Физичка активност : пешачење 30 мин со товар (бебе во кенгур) Вкупно 1100 калории +/- 100
Еве ме на рапорт коонечно На работата сум турбо па нема време да се уклучам за оваа 4та недела - 2кг Тука ке заокружам еден месец со минус 7.7кг Минус обем -7см на стомак -6 см на гради -4см нога бут 0 см рака Ден бр 31 П-кафе ананас Р-свинско месо плус салата В-ништо Сега идемо даље за исте паре втор месец и терам 5та недела Конечно и циклус при крај па веке у понеделник би имало реална ситуација на вагата
Супер е вториот месец со 4кг симнати ке бидам супер Тргнав првично со цел минус 10 кг Се наближувам кон првичната цел кога ке ја постигнам сакам уште 5 ама здравје
Ден 8, доручек ресани Ручек зелка манџа со домашен кето леб, Вечера тостиран леб со зденка и јогурт. Ужинки 4 кафиња.
Мени за вчера Д банана, бисквити, млеко Р 2 мали парчиња црн леб со паштета од туна, ред црно чоколадо В салеп, костени У кафе, бадеми, крекери, lindt Ама за жал, во 3 саат сабајле изедов уште една кришка леб со паштета, мнооогу бев гладна а касно се вратив
ден бр 32 П-кафе банана киви Р-боранија или таратора ке видам шо ке ми се јаде битно едното е за денес другото за утре В-нема
Денес сум на кифли. Спремам за гости, прв пат погодив кифлите да не се камен. Во таа чест, ќе се самоиспратам денес. Утре со ппдобро мени ќе се вратам.
Е сега ке се цитирам самата себе ни боранија ни таратор за ручек туку леќа Нели празник денес не работи ништо а јас од вчера изумив и ништо не купив у недела имав лека а денес боранија ама сеа ке ги заменам само денес лека у недела боранија за појадов појачав 1 банана 1 јаболка 2 портокали
Денеска јадев само салата со тунаТреба да добијам, апетит немам за ништо. Знам дека не е добро така, но ништо не можам да јадам. Инаку за физичка активност, денеска испешачев доста.
Денес јадев малку повеќе но пак не претерав. Некако убаво ми тргна со броење калории дури и намирници заменувам што се помалку калорични. Д: ржан леб (ужасен вкус) , домати и веганско сирење (единствено нешто на светот поникакво од ржаниот леб) = 280 калории Р: варени компири и моркови + голема конзерва туна + малку масло = 700-800 калории Вечера: банана 120 калории Вкупно: околу 1200 калории
Хај, јас денес за појадок чиа пудинг па мусака за ручек со маааалце туршија (лажам, претерав ама ја обожавам). Не вечерав ништо, ама испив три шолји чај без засладувачи. Иииииииииии конечно добив и се истишив како балон . Можеби следна среда ќе имам убава бројка минус.