https://www.calculator.net/bmi-calculator.html се што ти кажува е максималната тежина да ти биде усогласена со висината, пример 185цм со 85кг.
Мајка ми кога треба да слабее ја држи оваа. Слабее експрес дури и алиштата и стануваат огромни на ништо не личи. Ама веднаш потоа брзо ги враќа Инаку изгладнување мене ми е гревче кога ја гледам
Реков дека денес ќе се опуштам ама јас претерав. Леб и тесто изедов ко за цел месец предходно. Д: 2 ѓевречиња и лажица ајвар = 600 калории Р: баница со купени кори 2 парчиња т.е 3 кори 700 калории У: домашен сок од кајсии 100калории Вкупно 1400 калории Планирав да не одам на фитнес ама изгледа ќе морам, барем за овие 200 калории вишок. @MilaSs12 добредојде во клубот. Јас сум многу задоволна од Жан митрев или како и да се вика диетата, но за долги стази не е. Многу успех со УН!
мојот појадок и ручек сеа си го рачунав не е скроз точно од око е 5 јајца 500 кал 100 гр урда 100кал млад кромид 150 кал 1 банана -120кал ананас -100кал околу 1000 калории сум денес сум претерала денес затоа утре со боранија ке плакниме црева хахахах некаде имав прочитано ама незам точно како беше ако знае некој нека пише колку калории треба да бидеш минус за една недела за да ослабеш 1 кг
Не си претерала. Просечно женско троши 1600 калории дневно само за да опстане во живот. 600 си у минус од старт, додај ги калориите од движењето преку денот на тоа. Едно кило е 7700 калории, значи треба да си 1100 калории во минус дневно, цела недела, за да ослабеш едно кило.
Ме заприметуваат луѓе, дека малку сум ослабната И мајка ми ме примети, ми вика ослабната сум малку. Утре се мерам, ама ќе си поќутам до среда За денес Д баничка со компир Р риба и салата В салата
ден бр 35 П-банана 1 јаболка кафе Р-имам боранија се праве моментално а сега земав патлиџани сос се напив В- Пошто патлиџанот беше ручек сега најверојатно боранијата ке биде вечер Ај сеа хелп 100 гр патлиџани олку калории имаат И јас се мерам утре ама ке си поќутам до среда колигијалност деее
Апдејт од вчера вечер. Не мамам, како што ветив така и отидов на фитнес да си ги истрошам тие 200 калории што ми беа вишок вчера. До душа после тоа изедов и две домати ама толку нема да цепидлачиме Денес: Д: мала баничка со печурки 150 калории Р: многу бел леб со домашна паштета од туна, краставица, маслиново масло 800-1000 калории В: домашен колач со кокос, урми и бадеми, без грам шеќер 200-300 калории Не знам денес колку калории се работиве што ги јадев, претпоставувам околу 1600, па затоа на фитнес дадов се од себе и истрошив 450 калории. Целта за викендот е постигната и сега одам саат време во купатило за пилинг, антицелулитна масажа и едно доолго туширање.
Целулоитот нема врска со дебелната Познавам слаби двојки сучки со тон целулоид Јас сум дебела па немам многу вода пиење и пола саат лимфна дренажа секој ден многу помага Инаку многу сум гладна вечерва И денес генерално таков ми е денот цело време сум гладна а јадена сум убаво незнам шо ми стана утре кој знае шо ке каже вагата колку брзо минат неделите дур се свестиш дошло време за мерење
под 1000 калории си. Едно јајце има меѓу 70-80 калории. Значи 5 јајца најмногу 400 калории имаат. Едно младо кромитче има 5 калории. За да стигнеш до твојата пресметка од 100 калории треба да изедеш 20 кромитчиња. Ако банана не ти е огромна тогаш околу 100 калории има во една. Единствено урдата ти е со повеќе калории од што ти сметаш. Не знам што мислиш ама ова мене ич не ми личи на здраво слабеење. Го шокираш организмот според мене. Ниту еден ден не си над 1000. Искрено се надевам дека нема да имаш никакви негативни последици од вакви шокови. Знам дека сакаш брзо да ослабеш ама колку јас што знам секое слабеење над 1-1,5 кила неделно не е ОК. Искрено се надевам дека ќе си ја задржиш тежината и нема да имаш никакви негативни последици. За да слабееш поздраво од аспект на калории и нутриенти (протеини, масти, јаглехидрати) види калории и нутритивни вредности на My Fitness Pall или некои Андроид телефони имаат калкулатори како дел од системот (истотот што мери чекори има и дел за храна и таму имаш калории и општи нутритивни вредности).
У просек неделно 1 кг и 100 200гр симнувам Колку кал има 100гр урда? Ја по паковката гледав Да се редактирам 100гр урда 160 кал Рачинај 200 еве Ден бр 36 П-банана јаболка портокал Р-салата зелка,рукола,морков,цвекло,краставица,патлиџан В нема Се мерев сабајлето Ради колегијалност у среда ке пријавам
Денешниот ден само со една банана и супа го поминав, ма да треба да учам вечер, може некоја салатка да здробам, плус еден тон кафе