Некако темава почна да ми личи на слабеење со гладување. Јас незнам како функционирате со толку малку храна?
Јас пак не ве дружам ама озбилна сум, жими се Не издржав,се измерив и задоволна сум. Не е којзнае што, може и подобро ама многу сум под стрес и тоа ми влијае. Гледам да грицкам поздраво:јатки или овошје.... Исто приметив и дека брзо се заситувам и подолго ми држи што е добар знак.
Д банана, млеко, бисквити Р 2 парчиња сарма, малку леб, 2 парчиња питулици, ред црно чоколадо В мандарина, belvita кекс У кафе, чај, бадеми, ореви
Исто и јас се осеќам дури ја читам темава. Затоа немам ни волја да пишувам, не се пронаоѓам во 90% од плановите за исхрана.
Баш деновиве фрчат баници и 5 јајца за доручек и разноразни благца на темава. Тоа што не бутаме сендвичи не значи дека гладуваме. ОК, сите имаме некој ден кога јадеме многу малку, посебно овошен ден на УН, ама тоа се ден два, не постојано. Денес: Д: парче леб и маргарин (нездраво ама ми дојде желба за нешто мрсно) - 250 кал Р: Палента со тофу - 700 В: салата од домати и краставици и парче леб - 300 калории Вкупно 1200-1300 калории Беше што беше со лебот деновиве, од утре пак го откажувам Денес не вежбав, да одморам малку.
Пијам вода млака со лимон наутро помага да се стопе салото и да мочаш повеке Еве свесно си апнав едно чоколадце од 15 гр денес да го пријавам Вака полесно е ?
Циметот стабилизира инслулин и шеќер во крв. Ако некој има инсулинска резистенција помага прилично. мене ми помогна да доведам во ред нешто во организмот за да почнам да слабеам (има ПЦОС и инсулинска резистенција со нормално нив она шеќер во крв). За вода и лимон освен што ќе ти го одере желудникот ако пиеш на гладно друго фајде не знам дали има. @mareane @christinnn heorin chick е вратен како изглед на модни писти и едиторијали. Мора сите да гладуваат и да се сторат коска и кожа. Остајте дали нешто е здраво за организам или не. На крај на денот секој прави сопствени избори и онака како што мисли дека треба. Да пријавам дека денес денов не ми почна на арно кога с еработи за храна. Си го заборавив доручекот дома и морав да јадам единстевното што беше можно на работа. Сендвич со бело лепче. Не ми е до толку за линија туку што не смеан да јадам нит пченица нит квасец нит домат заради синусите. И сега пак ќе си поткашлувам. А и канапо затната сум од вирус. Ќе се борам за воздух денес.
Ај добар ден!!! Одржавам килажа, и нема да пишувам до водици..тогаш ќе се мерам и ќе видам колку сум била озбилна перидоов што следи Јадете нормално , вода се пие цел ден ама на гладно што знам, ко што рече @JoyJoy желудник да ве фати да ве боли.. Бидете умни не се прегладнувајте нема бенефот од тоа, така само јојо ефект има..
Не е проблемот во нејадење сендвичи. Сендвичот може да биде многу здрав (полнозрнесто лепче со хумус или некој друг вид домашен намаз и зеленчук и немасно сиренце) и многу нездрав (бел леб со пржен стек и мајонез и кечап). Исто како и баницата (односно називот баница). Проблемот е во диети што немаат ни 1000 калории дневно или дека калориски дефицит значи да венсам 1200 калории ама да потрошам во вежбање 500. 1200 е базален метаболизам, односно енергија што се троши за преживување на организамот и се зема како референтна вредност кај луѓе што немаат никаква физичка активност (односно претежно седечка работа, одат со кола, користат претежно лифт во згради и не вежбаат). Со толку малку калории брзо се слабее ама организмот доживува шокови. Ама сепак кој како сака и кој како мисли дека е најдобро за него. Тука сите пишуваме со најдобри намери и не да се критикуваме туку да дадеме совети еднна на друга. До пред некое време имаше група на луѓе што покрај слабеење сакаше да смени начин на исхрана што е поодржлив односно да се направат избори со кои може да се тера на долги стази. На пример наместо обична пита со многу зејтин да се споделуваат рецепти за хроно пита, пита од црвена леќа итн итн. Да се споделуваат алтернативи за торти и колачи базирани на урми,какако, мед и слично. Сега темава е некако како дневник на исхрана во која внесувањето на малку храна станува побитно од балансирањето на макронутриенти и одржливост на режимот. Тоа е тоа. Нема љутење, нит откажување. Само се менува вајбот во зависност од тоа какво пишување доминира.
Убаво е да пишувате повеќе , јас мн не пишувам ама сакам да ве читам, се трудам да научам како е правилно и најдобро
Ден бр 37 П-јаболка банана лимон вода и цимет веке е секојдневие и не го ни пишувам Р- киноа со кисело млеко В-нема Ке бидам искрена па сакале сте се налутиле сакале не Зошто при убава собрана екипа при хармонија при голема мотивација сакате да ја посерите темата? Зошто не си гледате за себе и својата диета режим на исхрана или шо и да е ? Шо ви мења вас ако јас јадам малце? Оти да не се правиме мутави ова на последната страница шо се спомнува вчера и денес со тоа шо некој јаде малце се однесува на мене очигледно Да е еднаш го сваќам како совет ама втор и трет пат не е совет И крај на крај темава е мотивација не е школо за здрава исхрана Која мотивација ја давате вие со тоа вашето -Нееее малце јадите не бива така Па и некој кој беше се срамел да пише оти јадел повеќе Ја незнам шо имате потреба да се тегавите и да правите негативна атмосфера Друго читнав кај Џој на постот порано рецепти се споделувале за здрава изхрана се а ко дневник била темава Ако е за рецепти ке отвориме нова тема со рецепти за здрави оброци темава е мотивација пак ке повторам Има ли поголема мотивација од тоа да знаеш дека среда се мериш и пријавубаш резултати ? Чекаш среда наутро да се качиш на вага Намерно не тагнав никој за да не ја тегавиме на долго и на широко Темата е МОТИВАЦИЈА и гледајте ја ко таква Утре сабајле на рапорт ве чекам сите СРЕДА Е да видиме кој колку бил умен