Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    5.894
    Не сум дел од темава, ама би сакала да споделам нешто што сум научила што не се однесува на никого конкретно, само се најдов инспирирана од последните муабети.

    Ќе ги заобиколам дебатите од аспект на здравје, затоа што не сум доволно стручна ни информирана на таа тема. Што се однесува до слабеење, се чувствувам поинформирана во однос на тоа претходно, па затоа и пишувам. Проблем е од старт да почнуваш со низок внес на калории, контрапродуктивно е. Ќе објаснам и зошто.

    Велиме слабеењето е едноставно резултат на разлика меѓу внесената енергија (калории) и потрошената, или тоа уште го нарекуваме калориски дефицит. Трошиме енергија на 4 начини:
    - BMR (Basal metabolic rate - енергија со која се одржува телото во живот, она што ние го викаме метаболизам)
    - NEAT (Non-exercise activity thermogenesis - трошење енергија предоминантно од несвесни движења, како тресење на нозе и сл работи, значи движења што ги правиме ненамерно; пешачење на пример, сѐ уште спаѓа во exercise затоа што го правиме свесно, иако не е интензивно)
    - Exercise
    - TEF (Thermic effect of food - енергијата што се троши при варење на различни макронутриенти - најмногу енергија се троши за варење протеини).

    Да речеме дека NEAT е константен, вежбањето е константно, храната што ја јадеме (а со тоа и енергијата што се троши за нејзино варење) е горе-долу иста. Со слабеење, се намалува BMR, или народски кажано, се забавува метаболизмот, односно тоа е механизмот со кој телото дава отпор кон слабеење. Мора да постои таков механизам со цел да не станеме преслаби, нели. Метаболизмот ќе се забавува до таа точка каде што внесот и трошењето на енергија ќе се изедначат, или до кога ќе престанете да слабеете или ќе сте во состојба на задржување на телесната тежина. Оттаму, за да продолжи слабеењето, ќе треба повторно внесот на енергија да е помал од трошењето, односно повторно да се ставиме во калориски дефицит. Значи ќе треба или да јадеме помалку или - имајќи ги предвид 4-те начини на губење енергија од погоре дека на тоа најмногу можеме да влијаеме - да зголемиме на вежбање. Или двете да ги смениме истовремено. И овој процес ќе се повторува сѐ додека ја постигнеме посакуваната тежина.

    Значи во зависност од почетната тежина, можеби неколку пати ќе треба да ги менуваме параметрите за слабеење, односно потребниот калориски внес за да слабееме. Ако почнеме со многу низок внес на калории како 1200-1300, а еве да речеме дека во просек 1200 трошиме само преку BMR, значи по некое време таков дефицит, BMR ќе се намали толку за при внес од 1200-1300 калории сега да ја одржуваме тежината, односно нема повеќе да слабееме. Значи за да слабееме, ќе треба сега уште помалку да внесуваме калории, но веќе станува физички невозможно да се издржи на толку малку храна, или пак ќе немаме енергија за да го зголемиме вежбањето. Затоа не се пожелни големи калориски дефицити од старт, односно толкав мал внес на храна.

    Накратко, сѐ што треба да се запомни е дека како слабееме, трошењето енергија на организмот се менува, односно не е фиксно. Ако денес со овој внес на храна можеме да губиме 1 кило седмично, по 3 месеци на пример со сѐ исто ќе губиме 0.5 кила седмично, а по 6 месеци можеби и ќе престанеме да слабееме. Тогаш како што споменавме, ќе треба да направиме нова промена, ама треба да имаме „фора“ за тоа, односно да сме имале оставено простор за тоа. Со почетни 1200-1300 калории, немаме баш простор...

    Кај луѓе што долго време биле на диети, т.е. гладувале, биле долго време на големи калориски дефицити, колку и да звучи чудно и неинтуитивно, дури и прво се препорачува reverse dieting - постепено, контролирано качување тежина со цел да се забрза метаболизмот, т.е. BMR. Откако ќе се доведе BMR во состојба каде што троши повеќе енергија, тогаш се почнува со подобар, поразумен/поумерен пристап на слабеење со калориски дефицит.

    Се надевам дека ова ќе служи некому што планира да слабее :).
     
    На ALISA0000, Angie1432, Morninglover и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Ребека1995

    Ребека1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2022
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Читав на интернет за лимфна дренажа, за слабеење. Има резултати? Прави некоја лимфна дренажа?
     
    На ALISA0000, deskarada и andrejko82 им се допаѓа ова.
  3. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    272.884
    Пол:
    Женски
    Јас утре ќе го пријавам денешното мерење.Оти вечерва изедов бел леб и доста сол внесов и сабајле цела ќе сум подуена.
    Д 2 варени јајца ајвар и сирење
    У Пола протеински бар
    Р лебче потпечено со кашкавал и лукче.(леле ама превкусно беше)
    В смоки и пуканки.
    Јас сега задоволна ќе сум и само да одржавам тежина.Би сакала и уште 2 кг надолу ама тоа со наредниве слави прослави итн тешко.
     
    На mal.ecka, ALISA0000, andrejko82 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    Д банана, млеко, бисквити
    Р палента, јогурт, домат, црно чоколадо
    В 2 мандарини
    У кафе, соленки, смоки, бадеми
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.580
    Допаѓања:
    252.091
    Темата оди во две крајности. Некои членки јадат премалку, а други премногу. Не може режим да е со кифли, бел леб, баклава, торти и слично.
    Баланс треба.
    Јас и пишав на @ALISA0000 дека премалку јаде, она кажа дека и одговара. И ок е, таа најубаво си го познава телото.
    Еве @mareane според мене не е на никаков режим. Она си пишува што си јаде . Без лутење, само сум реална.
    Темава е за поддршка, за бодрење, за укажување на грешките. И не треба да се лутите.

    Јас дневно внесувам од 1200 до 1400 калории. Не сум гладна. Вежбам кога како, ама и сум преактивна. За два месеца симнав 12 кг. Доилка сум и тоа ми помага. Целта ми е уште 5 за да можам да си апнам топло чоооладо:D
     
    На Eli23, ALISA0000, JoyJoy и 5 други им се допаѓа ова.
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Не само за тебе, и за мене дека јас бројам калории и одам са вежбам ако сум изела повеќе.

    Многу е лесно да делиш совети (а сите тоа го правиме, делиме совети) што не треба да се јаде, но тешко е да кажеш како човек може да ослабне а истовремено да внесува 1700 калории.

    Лесно е да ме критикувате (добронамерно) дека сум внесувала 1200 калории, малку било. Извинете ама јас сум метро и желба за растење, базален метаболизам ми е 1400. Со три пати вежбање неделно едвај стигнувам до 1500-1600 калории потреба во просек. Како да ослабам 15кг за една година ако внесувам 1700 калории?

    Сметам дека 200-300 калории на ден помалку од моите потреби е баш здрав начин на слабеење. Дали ден, два сум имала помалку од тоа, но сум надоместила нареден ден.


    А баш тоа јадам што е напишано во постот погоре: хумус и слични 100 вида домашни намази (иако не знам што е здраво во хумус), мокар ржен леб (најгаден на свет), веге сирење (погадно и од ржаниот леб), овошје, зеленчук.

    Само месо и јајца помалку јадам дека е време на пости, не постам но навика ми е.

    Кога ќе отворам по темите што јадат оние што плаќаат некакви програми кај неуки фитнес инструктори што даваат ист план за исхрана на 500 луѓе, тоа се прифаќа како океј, ама тука не, сме се изгладнувале. Од кога слабеење 5 кила за 3 месеци ко што имам јас ослабнато е изгладнување?

    Јас прифаќам добронамерни критики, ама морам да се дообјаснам зошто е начинот на кој јас слабеам најдобар за мене.

    Во врска со темава да си го пишам "дневникот" па кој не сака нека не чита.

    Д: ајвар и леб 400 калории
    Р: тортиља со гвакамоле 400 калории
    В: Паштета од грав и таан, грст чипс 300 калории

    Целта исполнета 1100 калории денес. Немав физички активности денес.

    Едвај чекам да се мерам сабајле, се надевам сум ги задржала 64,7 кг
     
    На ALISA0000, mareane, Kasiopaja221 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Zorina

    Zorina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2022
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.027
    Пол:
    Женски
    Ве зачитав пред спиење и се наканив да пишам дека ми се допадна ова поопширното објаснување пред се затоа што е детално и мене ми се покажало за точно сето тоа.
    Искрено не претерувам со исхраната до толку, поточно не сум до толку ригорозна. Јадам буквално се, ама количински многу помалку од порано, но за мене лично најважно ми е што сум интензивно физички активна и тоа во природа на отворено, огромен степен на оксигенација, а си бара и добра просторна координација. Не сум статична на справи, да правам исти движења рутински без да размислам кој да ми е следен чекор, иако и така имам слабеено ама побавно во однос на сега.

    Сега за сега сум -22кг.
    Последниов месец ноември малку побавно намалувам пред се како што објаснија погоре затоа што не ми е дополнително поднамален калорискиот внес и не сум пречесто надвор со оглед на променливото време, но пред се сум задоволна. Свесна сум дека до пролет побавно ќе оди дополнителното намалување килажа, ама не планирам воопшто да гладувам, бидејќи во многу случаи ми се покажало како контрапродуктивно за мене. Намалував многу килажа така, ама јо- јо ефектот ми ја враќаше за кратко време па и со + кг. од почетните.
    Од пролет планирам друг режим на вежбање како што го почнав пролетва ама летоска малку го модифицирав поради летните одмори и други раб. активности. Потоа со такво полабаво темпо продолжив и есенва, што поради временските услови, што поради таквиот вид организација со раб. обврски, ама од пролет терам пак по претходното темпо до нови драстични намалувања.
     
    На ALISA0000, JoyJoy, mareane и 6 други им се допаѓа ова.
  8. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.675
    Допаѓања:
    57.515
    Пол:
    Женски
    Добро утро!!!

    Без нервози и непотребни стресови...на крајот на краиштата секој сам за себе си знае...јас од мое лично искуство си кажувам и нималку да те навредам @ALISA0000 Алиске...:*

    Се мерев посабајлечки (hollest) уште 500 гр надоле...добро е..

    Да, јас правев прво мадеротерапија па после лимфна дренажа (она замотан со некоја фолија а претходно ставено некоја крема за целулит и дренажа) , е сега баш дали е тоа што прашуваш , ваљда е тоа...сите тие потфати се убави ама и доста чинат...
     
    Последна измена од модератор: 14 декември 2022
    На mal.ecka, ALISA0000, Ребека1995 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    21.419
    Пол:
    Женски
    62.9кг повторно, исто ко минатата недела.:D
    Важно не сум во плус, другото ќе го средиме некако.
     
    На Puellapulchra, ALISA0000, SkarletOHara и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.235
    Допаѓања:
    46.417
    Пол:
    Женски
    Јас вчера се измерив и денес пак :tmi: разликата е скоро 1 кило од вчера до денес :drunk: втф?

    Ама вчера огладнав па каснав кон 8 и пол бадеми.... ама пак толку разлика да покажува ми нема смисла. Нејсе, ако ништо друго, бар не мрдам од мртва точка :D да се нашалам за да не заплачам ;(

    Режим немам ниту јас, само намалив количински на оброци,заменив грицки со поздрава варијанта и гледам да не јадам после 18,19 часот. Ко вчера :D се дешава де (facepalm)
     
    На Puellapulchra, ALISA0000, JoyJoy и 6 други им се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Со вагата станавме другарки изгледа.

    Целта оваа недела ми беше да не слабеам туку да си ги задржам 64,7 што ми беа на стаклени нозе. Е па не само што сум ги задржала, туку сум и намалила малку. Сега 64,5 или само уште пола кило ме дели од целта до нова година да сум 64.

    Уште посреќна сум што сите фармерки од пред бременост ми влегуваат пак. Толку бев очајна што си реков ако не ослабнам до нова година ќе морам нова гардероба да купувам. До пред тоа уште носев труднички фармерки.

    Една мотивација за тие што пешачите. На Samsung Health има не само колку си испешачил, но и колку во просек си над/под твојата старосна група. Јас предходната недела си поставив за цел да бидам меѓу првите 20%, пешачев на лента скоро секој ден и успеав.

    За јадење што ќе е денес не знам. Доручек ќе е паштетата од грав од вчера , а за ручек маж ми рече ќе ме носи некаде. Се надевам нема да претерам.
     
    На ALISA0000, SkarletOHara, JoyJoy и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.816
    Допаѓања:
    17.609
    Пол:
    Женски
    Одбирам одличен момент на драми за да се приклучам на темава. :D

    Прво да кажам дека сум многу, многу, ама многу недисциплинирана со јадењето. :tmi:

    На висина 170 цм, имам 81 кг. Целта би ми била да ослабнам 10-15 кг. Значи идеална тежина некоја да речеме 66 кг. И на 72 не се бунам. :D Пак би била во крајни рамки на нормален BMI барем. А и пошто почнав да вежбам редовно, надежно нешто од таа тежина ќе е и некое мускулче. :D
    Исто така, целта воопшто, ама воопшто не ми е брзо и нагло симнување на кг. Максимум би сакала по 2 кг на месец, а и да е 1 нема да се депримирам секако. Во суштина и да не оди нагоре само ми е ок. :D
    Предност ми е тоа што се рамномерно распределени и не се приметува дека ја имам таа тежина. ^_^

    За таа цел ќе почнам со 1500-1600 калории дневно можеби, за да одредам кој ми е maintenance level. Нема да се водам престрого воопшто на почеток. Целта ми е сега да почнам барем да евидентирам калории. И да имам каква-таква мотивација.

    Мени за денес:

    Појадок - салата марула со 3 варени јајца со маслиново масло и соја сос (~400 калории) ме мрзи да сметам препрецизно со масла со се колку би било

    Ручек - супа, 2 х овошен јогурт и млеко пред вежбање (705 калории)

    Вечера - протеински шејк и може некоја банана со путер од кикиритки (130-330 калории)

    Вкупно: 1 235 - 1 435 калории

    Помалку ми е од целта, ама ај. Се компензираме од вчера што се настегав ко вол. :D
     
    На ALISA0000, Zorina, La-loca и 5 други им се допаѓа ова.
  13. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    272.884
    Пол:
    Женски
    Зошто да се лутиме бре .Точно кажано.
    Јас од старт кажав дека не сум на посебен режим само внимавам количински и не претерувам со тие забранетите.Иако си каснувам и од нив по малку.Но јас на овај начин ги ослабев тие проблематичните 5 кг и пишувам смо ради самоконтрола и дружба.
    А инаку само прашање на време беше кога ќе се спречкаме.Жени бе ...:lol:
    Ај ќе помине.
    Неделава сум минус 400 гр.(hollest)
     
    На Ugly Duckling, mal.ecka, Bezimenka90 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.197
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Машки
    Дали би била љубезна да ја споделиш висината?
    Работам во браншата но преретко сретнувам луѓе чии калории за одржување на моментална тежина им се 1400 калории, па ме интересира...
    Особено на 64 кг, колку што рече имаш.
     
    Последна измена: 14 декември 2022
    На ALISA0000, JoyJoy и christinnn им се допаѓа ова.
  15. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    21.419
    Пол:
    Женски
    Ете јас ќе се надоврзам, да одговорам.
    На висина од 1.60 имам 63кг, кој би бил внесот на калории на дневно ниво за мене за да сум во дефицит и нормално да слабеам?
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.676
    Допаѓања:
    39.641
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не треба да се споредувате една со друга.
    Иако базалниот метаболизам е горе долу сличен кај луѓе на слична возраст и ист пол( значи строго барем 1200 кал., под тоа единствено ако сте деца :D), сепак влијаат и други фактори. На пример, ако една има почетни 80 кг а друга 120 кг, побрз метаболизам и поголеми потреби за храна ќе има таа со 120 кг. Логично, таа ќе почне со повисок внес на калории за разлика од послабата. И затоа тоа горе што го напиша пдб е точно, ако имаш голем вишок на килограми, само контрапродуктивно е наеднаш да скратиш голем дел од нормалната исхрана.
    Друго нешто, таа што има поголема мускулна маса и вежба(сериозно вежбање) ќе има исто така побрз метаболизам и ќе ѝ треба поголем внес на храна, во споредба со таа што воопшто не е физички активна.
    Трето, некоја што се храни со исхрана побогата со протеини ќе има исто така побрз метаболизам од друга што се храни само со зеленчук и овошје и не само што ќе слабее побрзо, туку ќе губи повеќе масти наместо мускулна маса.
    На крај, имаат улога и хормонски и генетски фактори. Овие разлики во метаболизмот не се огромни, ама сепак постојат и од тука споредбите се незначајни.

    И нешто што мислам дека е многу битно, е тоа што во домашни услови никогаш не може да се изброи колку точно се внесуваат калории и голем број од бројкиве што се пишуваат тука се нереални.
    Начинот на спремање на исхраната(термичка обработка), колку долго се спрема, колку од тоа се искористува во телото за добивање енергија, други додатоци во оброкот....сето тоа ептен значи за калориската вредност. На пример еве манџа, треба да се одвојат сите состојки, да се измери секое точно во грамажа, после на секое откако ќе се свари да се пресметаат калории, па да се соберат сите бројки и така да биде најприближно точно, пак не 100% точно....:drunk::drunk: Многу работа што не верувам дека некој ја прави и не ни мора да се прави бидејќи едноставно броење калории не е нешто што е наменето да се одредува во кујна.

    Ориентационо океј, нормално многу значајно е да се знае колку количински се внесува за да се слабее, ама уште позначајно е што се внесува, квалитативно. Читање декларации, водење сметка за храна почна со протеини, здрави масти и најбитно јаглехидрати - бидејќи во еден куп продукти за жал има многу додаден шеќер за кој не сме ни свесни.

    Извинете за долгиов пост што ви влетувам вака ама кога веќе се разви дискусија... :wasntme:
     
    Последна измена: 14 декември 2022
    На Annath, ALISA0000, Srckata28 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Еве, јас :tmi: Се до грам премерено и пресметано. Ма да пошто генерално истите 10-20 оброци ги вртам, после некое време не ни имам потреба да сметам, едноставно секогаш мерам од се' исто количински и калориската вредност веќе ја имам. На почетокот повеќе замарање ми беше.
    Е проблем ми е кога јадам надвор од дома, или зготвено од друг, тогаш мора приближни проценки. :wasntme:

    Инаку :!:, најголем скриен непријател на броење калории е маслото/јатките, доколку не измерите точна количина во најголем дел од случаите конзумирате многу повеќе од што мислите, а со високата калориска вредност што ја имаат, дефинитивно влијаат на калорискиот внес.
     
    На Annath, ALISA0000, kikikikirika и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Гуд морнинг 82,4 кг сабајлево :D Немам појма колку имав минатата недела. :rofl: Мислам 83 и нешто. Маж ми ми рече дека сум ослабенка хехе

    Денес ќе биди овесна каша за појадок, ориз со бутчиња за ручек и чоко урми (урми со путер од кикиритки и црно чоколадо) за ужина. И вежбам скоро два месеци, ефект секако има но сепак далеку од посакуваната килажа. :?: Околу 70 кг ќе сум таман.
     
    На mal.ecka, Bezimenka90, ALISA0000 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.580
    Допаѓања:
    252.091
    Браво штом слабееш вака. Те споредив дека твоето си е мени за јадење, не за слабеење.

    Ако ви е мачно броењето калории, на мене ми е, пресметани ми се оти сум на програма, јас би ви препорачала intermittent fasting. Јас моментално не јадам 12/13 часа ама после завршување на третиот месец ќе се придржувам до 16/8. Ова дава резултати на долг рок и не треба некое екстремно гладување туку нели внимавање само.
    Инаку се слабее и без броење калории и мерење храна, ама реално за да ослабеш храната мора да е претежно на база на протеин. И секако теретана и трчење.
     
    На Eli23, ALISA0000, mareane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Секако дека може, еве слика. На најразлични програми пресметувам BMR и толку ми е. Значи предходната година заради бременост бев закована за кревет без никаква активност, после заради царскиот не можев ни да се движам, со доењето исто закована за кревет. Докторката уште не ми дава зелено светло за вежбање. Почнав од почеток на ноември со пешачење на лента 3-5 пати неделно по еден час. Фитнес тренерот ми кажа кои справи немаат врска со абдоменот па од почеток на овој месец почнав на секоја по малку, а од јануари ќе го почнам по планот што ми е даден, но усогласен спрема тоа што ќе каже докторката.

    Мене не ме мачат килограмите толку, нив ќе ги намалам без гладување, знам и како. Повеќе ме мачи затегање на телото што после бременост изгледа ко каша без грам мускул. Ја пратам темата за дневен фитнес, планирам да ви се придружам од јануари. Мотивација имам, не ме мрзи ни са вежбам ни да готвам, поддршка од семејството исто.

    Инаку и работам во слична бранша, вежбањето ми е тотално непознато, но знам што е здрава храна, знам како да заменам една намирници со друга помалку калорична. Тоа што на темава често се меша е здрава и безбедна со нискокалорична храна.

    Screenshot_20221214_113006_Chrome.jpg
     
    На ALISA0000, Morninglover и Zorina им се допаѓа ова.