Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.197
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Машки
    Не знам возраст и колку си физички активна. По некоја претпоставка, ако си околу 25 години и во седмицата имаш некаква помала физичка активност и не си седентер, со 1400-1500 внесени калории веќе си во калориски дефицит.
    Не ме фаќај конкретно за збор, бидејќи не ги знам факторите кои ги спомнав во првата реченица.
    Можеш да видиш и на овие калкулаторите на интернет отприлика, како кикирика шо прати скриншотот.

    Фала ти.
    Една забелешка (не мора да ја прифатиш)
    Калорискиот дефицит треба да го пресметуваш така што ќе одземаш од maintenance calories а не од BMR.
    Погоре беше убаво објаснето.
    BMR се калориите кои ти се потребни за живот, ама ако телото е неподвижно. Во смисла, овие калории одат за нормално функционирање на органите, дишење, репродуктивни органи и тн - односно функциите кои го прават телото живо.
    Калориите за одржување на тежината која телото веќе ја има се калориите кои ги вклучуваат BMR и калориите кои се трошат во секојдневието дури и кај физички слабо активни луѓе, односно се трошат при секое движење на телото како што е стоење, седење, одење, качување по скали и така натаму.
    Со оглед на тоа, твојот BMR е веќе околу 200 калории дефицит за твоето тело (плус претпоставувам доиш, и плус како што сфатив пешачиш активно - ова е веќе надвор од BMR).
    Ова е само љубезна забелешка.

    Исто така, ако целта ти е зацврстување, односно зголемување на мускулната маса, калорискиот дефицит ти одмага бидејќи при калориски дефицит телото за да го надополни недостатокот на енергија троши 70% масти но останатите 30% се мускули.
     
    Последна измена: 14 декември 2022
    На christinnn, Bezimenka90, andrejko82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Благодарам

    Престанав да дојам затоа се фрлив на посилна диета. За жал јас цела година бев врзана за кревет па мојот БМР до пред еден месец беше речиси колку и калорискиот минимум. Ете во бременост пазев што јадам, скоро па и никогаш немав над 2000 калории на ден и пак на крај откако ја исфрлив водата по пораѓај останаа 12 кила вишок, само и само што не се движев. Слаб метаболизам и тоа е.

    Нека стигнам до посакувана килажа, таман да дозволи и докторката вежби, па ќе преминам на исхрана за одржување на килажа и зголемување мускулна маса.

    И ова не се однесува на тебе Ајронмен ти си праша за повеќе информации да добиеш целосна слика, ама на останати тука, многу голема демотивација сте, да не кажам огромна. Заклучок од последниве страни "џабе броите калории, никогаш нема точно да ги изборите, јадењата на ништо не ви чинат само се изгласнувате, ќе си навлечете болести" и тоа што секој втор го пишува " повеќе протеини, никако јаглехидрати" без предходно да знае дали секој има пари да купува месо и риба секој ден и без притоа да се знае кој од колку калории има потреба, дали работи седечка или физичка работа, дали има време и услови за физичка активност итн.
     
    Последна измена: 14 декември 2022
    На ALISA0000 и Ребека1995 им се допаѓа ова.
  3. Ребека1995

    Ребека1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2022
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Минус 200 грама:rofl: А, очекував повеќе да симнам. Ама, барем не сум у плус. Моментална тежина: 74.2 кг:makeup:

    Д перек
    Р ништо
    В грав, цвекло и малку леб

    Физичка активност: 5 км пешачење. Скоро секој ден одам пешки до работа.
     
    На mareane, penelope10, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.471
    Допаѓања:
    172.196
    Ден бр 38
    П-Лимон цимет и млака вода ,кафе,банана
    Р-зелка салата и многу пилешко месо некои 400 -500 гр
    В-нема

    Несакајки и фастинг терам некоу си 16 /8 ми се фаќа а некогаш и 22/2
    Мерена сум у понеделникот а резултати рад колегијалност пријавувам у среда

    За оваа недела минус 1.1кг

    Терам 6та недела

    За 5 недели имам симнато вкупно 8.8 килограми
    Полека полека се ближам кон првичната цел минус десет кг
    Да ја достигнам и си ставам нова цел 5кг
     
    На Dentina, Bezimenka90, kuc и 4 други им се допаѓа ова.
  5. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    Д банана, млеко, бисквити
    Р палента, јогурт, домат, ред црно чоколадо
    В мало јаболко, мандарина
    У кафе, чај, соленки
     
    На Bezimenka90 и Ребека1995 им се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    32.609
    Пол:
    Женски
    Јас да си пишам дека иста сум со преходно мерење. Со оглед дека сум во ПМС добро е.

    Добронамерни совети веќе не делам. Сите си знаете што е долгорочно најдобро за вас и вашето здравје.
    Бидете поздравени до следна прилика (не знам кога таа ќе се случи).
     
    На ALISA0000, mareane, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ребека1995

    Ребека1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2022
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Се мерев сабајлево и 75.3 кг. Зошто накачив? Не јадам многу количински и два пати на ден јадам. А бев 74.2 кг во понеделникот.
    За денеска
    Д лиснато со вегета
    Р нема
    В риба, ориз и салата
    И пешачев од дома до работа.
     
    На Bezimenka90 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Вчера и денес невиден ужас.

    Вчера на ручек во ресторан, ај риба ај компирчиња ај салата.

    Денес:
    Д: тортиља со ајвар
    Р: 2 ѓевречиња
    В: чинија макарони со сос од соја и домати

    Вкупно калории: безброј

    Најлошо од се е што ме боли коленото и не можам да одам на фитнес. Ако вака продолжи ќе пробам да одам на пливање.

    Утре ме фаќа стрв за помфрит, ама ништо страшно дека го спремам вака:
    Купувам готов бланширан помфрит и го спремам во рерна без зејтин. Не е 100% како пржениот, ама е мнооогу помалку калоричен.
     
    На Bezimenka90, Ребека1995, ALISA0000 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.816
    Допаѓања:
    17.609
    Пол:
    Женски
    Килажата варира. Ако се мериш секој ден, ќе приметиш варирање. Затоа земаш просек од сите денови во неделата.

    Иначе зависи од премногу фактори. Дали си спиела добро, колку течност внесуваш, активност, па и имаш и water retension, па дали имаш циклус или не.

    Не може да кажеме, ете накачи дека мирисна ѓеврек денес место марула.
    Не се демотивирај од тоа, сосема нормално е.

    Инаку јас за денес имав:

    Доручек - супа (откритие ми се инстант супиве и се давам во нив :tmi: ) и 2 протеински пудинзи (350 - 400 калории)

    Ручек и вечера на роденденска прослава :sweat::worried: - Смрт ми е како би пресметала ова, ама се потрудив да прогуглам. Чашка узо и 1 чаша вино ~ 350 калории. Шопска ~ 350 калории (иако не ја јадев сама, ама ај :D ). Стек на скара ~ 350 калории

    Вкупно: ~ 1 450 калории

    Ич не знам колку се точни, ама ко ќе земам предвид активноста, горе доле би требало да сум во границите. :angel:
     
    На Ребека1995, ALISA0000, penelope10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Прво да ви честитам на сите за резултатите.
    И јас сум се уште тука иако не пишувам често но ве читам редовно.
    Секое тело е различно и секој треба да си најде што нему највеќе му одговара,која храна, колку калории..
    Еве јас моментално внесувам околу 2500-3000 кал,намалувам околу 2кг месечно,но што е уште поважно во обем сум многу повеќе намалена. Вежбам со тренер 5пати неделно.
    Поубаво не сум се чувствувала никогаш.
    И да, сеуште дојам и се немам наспано ко човек не памтам од кога.
     
    На SkarletOHara, kikikikirika, penelope10 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.926
    Допаѓања:
    272.876
    Пол:
    Женски
    Д овес со јогурт
    Р интегрални шпагети болоњезе
    В лименка пиво и малку чипс(за атер на Франција)
    Ова вчера
    Денес:
    Д кој беше во 1 и пол :интегрално ладно сендвиче
    Р проја и вода од кис.краставички(ме тера нешто ептен на кисело)
    В ништо
     
    На kuc, kikikikirika, penelope10 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.471
    Допаѓања:
    172.196
    Ден бр 39 :party::party::party::party::party::party: јеее ке ја мавнам и тројката напред
    П-лимон кафе банана 150 кал
    Р- грашок од конзерва 400 гр со се течност-250кал, сос од три патлиџани 100 кал и зелка салата 100кал
    В- кафе и многу вода
    калориите не се точни од око повеке ги рачунам
    Иче не сум гладна ич не ме фака стрв за ништо дури и ме фака став зошто вака се понашам некако понормално ми е да стрвувам за храна
    Ама не ми фале ништо
    благичко имам каснато повеке пати ама по ептен малце
    Јас веке привршувам 6та недела и имам мерење у понеделник и мислам дека ке ја заокружам 10тката
    Бидите умни
     
    На kuc, kikikikirika, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.471
    Допаѓања:
    172.196
    Ден бр 40
    П-кафе јаболка
    Р-салата
    В-салата
     
    На Ребека1995 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  14. Ребека1995

    Ребека1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2022
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Д ништо
    Р баничка со компир
    В туна и салата
    Малку се демотивирав вчера дека накачив и се мислев дали да почнам одново од понеделник, али ќе продолжам(y)
     
    На ALISA0000, Bezimenka90 и penelope10 им се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.816
    Допаѓања:
    17.609
    Пол:
    Женски
    Доручек - симитка (600-700 калории)
    Ручек - супа, пудинг, протеинско млеко пред вежбање (715 калории)
    Вечера - ништо или 1 банана

    Вкупно ~ 1 415 калории
     
    На penelope10 и Ребека1995 им се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.471
    Допаѓања:
    172.196
    мој совет иако непобаран продолжи си
    Може си јадела солено па задржуваш течности и ете покажала повке
    Земи чај од магданос свари си денес утре намали солено пиј вода салати овошје и ке тргне вагата пак
    не паѓај на прва
     
    На Bezimenka90 и Ребека1995 им се допаѓа ова.
  17. Ребека1995

    Ребека1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2022
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Баш денеска сакав да се откажам, пошто накачив кило, а сега најдаена се мерев и сум на старата килажа, и тоа најадена:makeup:(hollest) Едвај чекам да дојде понеделник, од сега само тогаш се мерам. Само вака се демотивирам. Добра е темава за мотивација. Фала на советите @ALISA0000 и @Bezimenka90 :hug:
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.471
    Допаѓања:
    172.196
    Определи си ден за мерење обично е тоа ден кога ти завршува неделата т е 7 дена и тогаш ке се мериш наутро кога ке станиш
    Килажа незнам ама обем убаво си спзга
    ја дури сум запрепастена од моите резултати
    еве шо ти значи коа ТСХ ке се нормализира после десет години
     
    На christinnn и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.471
    Допаѓања:
    172.196
    Ден бр 41
    П- банана јаболка нешто ке биде и кафе
    Р- полнети пиперки со мелено месо и ке ги затворам со патлиџан
    В- ке биде ист од ручекот
     
    На Ребека1995 и christinnn им се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    39.539
    Да ви се придружам.
    Почнав со строга кето пред 2 месеци, заедно со вежби 3 пати неделно по 1 час, ама кетото неподнослива ми беше.
    Имав резултати највеќе во обем насекаде.
    Сега нова тура, нова авантура.
    Ако јадам како што сакам треба секој ден по 3 -4 часа да вежбам за да слабеам:@
    Доручек : овесни снегулки 3 лажици и кефир.
    Ужина : портокал.
    Ручекот рана вечера ќе биде, риба и зеленчук.
     
    На andrejko82, ALISA0000, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.