Претерав деновиве значи. Очекувам утре вагата да ми удри шлаканица. Вчера: Д: сендвич со домати 300 калории Р: 2 пиперки полнети со ориз 600 kal В: чипс 300 калории и сок 100 калории Пола саат на лента за трчање 300 калории Вкупно 1400 -300 = 1200 кал Денес: Д: 2 парчиња леб, мармалад и путер од кикирики Р: многу домашен хумус со 4 тортиљи В: десетина урми Калории безброј, па затоа одам сега на фитнес да си ги ги оставам таму. Утре ќе сум за пеза овде ама ај.
Морнинг Ај да ве преслушам денес За кој ке играе прачето Ја завршив 6та недела За оваа недела сум симнала -1.1кг Вкупно за 6 недели минус 9.9 кг ке ги заокружам на -10кг Прва цел постигната Сега имам нова цел -5кг Идемо даље за исте паре
За денеска Д баничка со компир Р туна В грав, цвекло, леб Ептен ми е криво што не можам да се измерам, али ќе продолжам не се откажувам.
Не знаев дека среда е мерење, ама рандом се измерив вчера. Од 81 на 80,5, така да не само што сум задоволна сум на толку јадење, туку толку и ми беше целта. Мака ме фати да бројам калории, пошто малку почесто излегував и поим немам како би ги изброила тие. Ај ќе пробам неделава да сум подисциплинирана. Вчера: Доручек - Тортиља со јајца и песто, тортиља со банана и путер од кикиритки (~ 720 калории) Ручек - Супа, тортиља со јајце и песто, овошен јогурт и пудинг (протеински) (~ 660 калории) Вечера - Протеински шејк (120 калории) Вкупно: ~ 1 500 калории
да се пријавам дури не завршил денот ден бр 46 П-кафе Р-свинско месо изгорено кисели краставички и маслинки имам проблем Spoiler: проблем неможам да отидам у вц два три дена а предходно одев по 2=3 пати на ден чарее
10 суви сливи и 2-3 лажици ленено семе и јогурт. Повеќе вода да пиеш. И повеќе фибер да внесуваш (овошје, зеленчук, семиња, јатки).
Вчера: Доручек - Тонус со јајце и чадено мисиркино и супа за ужинка (~ 630 калории) Ручек - Компир манџа со леб (~ 850) Вечера - / Вкупно - 1 480 калории Денес: Доручек - баничка со зелка (~ 400 калории) Ручек - супа, тортиљи со паштета од зеленчук, протеински пудинг (~ 1 130) Вечера - / Вкупно - 1 530 калории
Хелоу Не ми отвараше фемина форум па не можев да пишам. Во средата бев 65кг, т.е пола кило повеќе од предходната недела. На тоа бутање гевреци и бел леб ништо чудно. Денес Д: леб и мармалад Р: пушен лосос со брускети Вчера Д: леб и мармалад Р:ратаруј В: гумени бомбони и смоки Многу јадам ама и вежбам. Завчера ја превртев лентата во теретана, 550 калории ги истрошив ко ништо. Денес ќе одам пак. Дајте ми некој трик како да пијам повеќе вода. Едвај литро на ден пијам.
Оф, истиот проблем го имам. Или ќе си распоредиш како да пиеш со сила или не знам. Можеш чаеви, супи, сокови, млеко, јогурт. Не е вода, ама сепак е течност.
само шише со вода од пола литро и по него ке се орентираш а плус и мало е сегде ке го носиш со тебе имам уште 9 дена до добивање некако рано ми е за пмс ама веке ги осекам на велиоко симптомите подуеност отоци и задржување течности а може и не е рано неделава не верувам да симнам многу вака како шо се осекам како слон
Вагата малку проработе. Најадена вечерта се мерев 74.7 кг. Значи некој грам под тоа. За денес Р туна и леб В 2 кришки ајвар
Денес: Доручек/ручек - 3 мали лажички путер од кикиритки, протеинско млеко (~ 500 калории) Вечера - Туна со црвени гравчиња и слатко-лут сос (~ 600 калории) Вкупно: 1 100 калории Доста помалку од целта, ама се осеќам преуморно и за да јадам.