И овде драма, а? Ребека, пробај да го собираш талогот од турско кафе и нанеси со кружни масажи на местата додека си под туш. 10 15 мин. Помага многу, боље од антицелулитна крема. Е сеа, ефект има коа го користиш, ама барем не е скапо за постојана употреба. Недо, кога пиев вода со лимон наутро слабеев многу побрзо него без неа, а на ист режим. Исто, кога веќе не фаќаше желудник варем ленено семе во филџан вода и пиев пола наутро, пола навечер. И тоа многу ми помогна. Јас секој ден викам готово крај, и правам нешто свесно па затоа ме нема.
Д: Банана Р: многу тубуле В: многу тубуле Над 1500 калории сум денес сигурно, ама вчера вечер истрошив 650 на фитнес денес уште 250. Утре сум во ресторан се надевам нема да се прејадам.
Хелоууу Се поправив 2 -3 кила.Не пешачењето,јадењето бел леб и благо ,си го земаа данокот. Сакам да ве прашам дали отфрлањето на месо доведува до слабеење ? Никогаш не сум отфрлила месо и не знам дали би симнала некое кило ако не јадам месо . Искуства ?
Како човек кој воопшто не преферира месо би ти кажала да не го избегнуваш и што почесто да ти биде на мени. Голем извор на протеини и со тоа помага во согорување/балансирање на енергија во организмот. Како цело делува позитивно а притоа и голем извор на протеини, витамини, железо..... Лично искуство не можам да ти споделам ама ти препорачувам ако си за симнување мала килажа да не го исклучуваш од секојдневието.
Дрн бр 51 П-кафе Р-малце сувомесно маслинки Малце забегав од режимот на исхрана гледам да се пазам за 10дена пак ке се стацам на режимов сега ми е турбо период не сум ни дома а ни па имам време за готвење Битно симнувам Мерење утре сабајле сите немој да забегувате Ако не да ја распуштам групата до кај 10ти јануари???
Д. 2 кришки тонус со доматно пире и моцарела, У. Лажичка путер од кикирики и рака ореви Р. Грашок манџа и зелка/морков салата, У. Бонжитце едно В. Салата или чаша јогурт
Претерав деновиве а празниците уште и не почнале ко што треба. Денес: Д:ѓеврек Р: многу леќа и парче леб В:парче леб, тофу и домати Утре не се мерам, ќе се мерам на нова година, баш да видам колку ќе сум далеку од целта 64кг Едит: сега ја видов НАРЕДБАТА за мерење утре и нема да сум парти брејкер, ќе се мерам и утре и и на нова година
Dve lazicki leneno seme, obicno taka, nemeleno, so fildzan voda, da pocne da vrie samo. Potoa go ladam, nisto posebno.
ааа не го вариш или ? јас општо ставам од око ленено семе во млака вода и ништо друго хаха , незнаев што дејство има
Го варам де, да фрли клуч, минута две. Д. Овесни со грчки и домашен џем од малина со мед, Ужина пола тост од кришка, Р. Ориз со копани и салата В. Порција грашок Бев на режим кај Ана Стојанова и ги спремам оброците кај неа шо ги научив. Дека изгледа на прв поглед о да не сум на режим, туку рандом си јадам. Неможам да се навикнам на помала количина храна, многу јадев изгледа. Постепено ќе намалувам. Сеа за сеа се задоволувам да исфрлам шеќер и бело брашно од употреба. А и нес пиев со едно лажиче шеќер, а турското исклучиво горко го пијам.
Се мерев денес 64,7 кг, т.е. 300г помалку од предходната недела. Имам уште 3 дена да стигнам до целта, 64кг и сигурна сум дека ќе успеам, па макар тие пола кило биле и само вода исфрлање, за мотивација се добри. Денес: Д: Банана и боровница Р: немав време за ручек изедов малку чипс В: Две парчиња протеински леб со веганско сирење од кокос и малку кока кола Ко тој вицот за американците сум : дечко дај дупли чизбургер, со помфрит, многу мајонез, и една кока кола ама да биде ЛАЈТ Денес многу бев уморна и на фитнес истрошив само 350 калории ама затоа пред некој ден се надминав сама себе, 700 калории за саат и пол кардио. Инаку јас и во сабота ќе се мерам, да видам со колку ја завршив годината. Инаку јас мислам да одмориме малку од мерење во среда овие две недели. Празници и броење калории некако не ми оди заедно.
Женски супер сте ама јас морам по Божиќ да си се вратам во темава не 19-ти ко што планирав , за ќотек сум ама па и стапот овде го снема
Јас вчера бев со 500 гр плус,ама сум пред добивање така да,не ми е за верување баш баш Гледајте да се одржавате да не одскокнувате многу од досегашната исхрана па после,10ти јануари пак продолжуваме
Денес точно 64 кила, значи првата цел што беше до нова година ми е постигната. За 4месеци, 6 кила помалку без диети, гладување, со малку вежбање и броење калории. Одиме со втора цел 59 кила до 1 април, со тоа што од јануари ќе почнам со вежби за стегнување на телото.