Јас ќе ја избегнувам темата наредните две недели. Не планирам да се убивам од јадење, ќе пазам колку шо можам пошто и онака кило/две веќе се здебелив. Среќни празници чупиња, се читкаме во новата.
Менито деновиве: руска, руска и пак, руска. Или ако размислиш поединечно, скоро се во руската е диетално . Скоро.
Јас мислам дека ќе ви се вратам во темава после Божиќ. Се немам мерено последава недела, ама сигурно имам качено пак над 70ка. Среќни празници друштво! Нека 2023 биде годината во која ќе бидете најзадоволни досега од она што го гледате во огледалото.
Јас до денес правам 8 недели Мислам Сега се мерев Минус 10см обем на,стомак а во кг минус 10.7 кг Плус и добив така,да незнам колку е точно мерењето Малце се опуштив ама,скроз малце прекршив еднаш со чизкејк и коа бев болна,со тем пиев сокови купечки гледав да,се 100%и без шекери ама,сепак не е чисто У глобала презадоволна сум Сега ке одиме кон новата цел минус 5 кг Минус десет симнав сеа уште 5 Временски не сум ограничена Ден бр 57 Денес Р-варена киноа со кисело млеко
Јас два дена јадев благо, благо и благо. Немам јас проблем со руска, имам со благо. Од денес си се вратив да истерам последна недела од диетава, некни и 65 видов, и тоа на добиено се мерев. Целта ја постигнав, ама зависноста од благото не ја тргнав. Денес си терам нормално, само што касно станав па ручекот ќе го спојам со вечерата.
Среќа немав некој апетит деновиве, па после мерење денес 80. Пола кг помалку, како што и планирав. Се надевам до крај на месецов 1-2 помалку. Моиве цели не се драматични, ама се додека оди минимално надоле, I'm ok with it.
Ќе ве дружам и јас на темава, иако не верувам дека би имала daily/weekly updates, месечно би дошла да споделам прогрес. 2022 ослабев 12 кила, идеално сакам уште 10-12кила. Ама ова е ептен идеално, и со -7 би била презадоволна. Планирам да си го терам low-carb режимот, вежбање 4/5 пати неделно, пешачење и intermittent fasting бар повеќето денови во неделата.
Intermittent fasting и јас планирам, 16 со 8. Со два оброка и ужина. За да одржувам тежина сакам. Денес вежбав дури.
Денес надежно го испланирав менито. Доручек банана испасирана во чиа пудинг, малку разредено со вода, не е лошо. Р. Пилешко динстано, пржени пиперки, зелка салата, прилог некоја печурка саламурена и супа, В. Месо и салата. По принципот на Ун планирам, со тоа најмногу ослабев, а и секако бебево се одбива од доење. 2 во 1, со намалувањето на калории се надевам да секне и млекото.
Јуле немаш мака со доењето со зголемен апетит и потреба за благо? Јас навечер не можам да се соземам од глад, подебела сум од после пораѓај.
Немав се до некни кога бев пред циклус. Кога се породив, околу месец дена јадев за да преживеам, без апетит бев. После ми се идеше цел фрижидер да го изедам, особено благо. И затоа се ставив на режим оти немав контрола. Беше тешко на почетокот, но после немав мака. Некни јадев за НГ и два дена како болна бев. Само така успеав да се ставам во ред. До синко така, подебела бев кога доев отколку трудна. Затоа сега веднаш реагирав. Да не те разочарувам, ама 15 кг ослабев, а млеко имам.
Знам, ама јас секако кубурам со малку млеко. Ми влијае мене. Барем за првото така ми секна, со оваа диета, а и ослабев 14 кг за месец и нешто. Сега ми е целта до 13.02 да подослабам бајачки. 84 сум инаку. Преку 20кг ми се вишок.
Денес Доручек - Бурито со авокадо, краставица и посен мајонез (~ 300 калории) Ручек - Истото х 2 (~ 600 калории) Вечера - посна руска, панцерота и протеински шејк ...¯\_(ツ)_/¯ Не беше во план вечерата, ама мораше да се дојаде.
Добро утро девојки! Би сакала да ви се приклучам ама не знам каде ги броите калориите и колку треба да јадам во текот на денот? Јас сум 59.3 кг а сакам да дојдам до 57кг. Висока сум 164см
Можеш со апликација како My Fitness Pal или па само да гуглаш на нет. За повеќето јадења ќе мора состојка по состојка да бараш. Инаку колку треба да јадеш е премногу индивидуално и никој нема да може да ти каже вака. Зависи од повеќе фактори. Треба прво да знаеш колку ти се потребни калории за да одржиш иста тежина. Пример, земи еден период каде што си одржувала тежина, сети се што си јадела ако можеш и изброи ги калориите. За да ослабеш, ќе треба да си во калориски дефицит, односно само да внесуваш помалку од тие maintenance калории. Е сега за 2 кила, реално толку варираат што утре да се измериш може веќе да си на пола пат до целта, без ништо да правиш.
Прва среда од месецот. Со страв се качив на вага. Ама не е страшно. Ист бми како пред месец(23,5) иако тогаш а и после тоа бев и малку помалу.Но со оглед на празнициве добра сум.Тешко дека вака ќе го задржам и нареден месец оти тек сега ми почнува сезоната на готвење и јадење. Ако се приклучите повеќето со пишување ќе ве дружам ради одржување.