Мени денес: Д. Пола порција нудли со сирење (од ќерка ми ) Р.Ориз со спанаќ и кисело млеко Нескафе измеѓу Вечера би требало исто ко ручекот да ми е. Ќе видиме.
Јас демек после Божиќ ќе се вратев, ама не издржа срце јуначко прва среда во месецот да не се измери. И јас како @mareane со страв се качив на вага, ама само едно килце сум поправена од почеток на декември досега. Значи не сум јадела толку многу како што мислев, само дека не водев евиденција така ми изгледало. Годинава ја почнувам со 69.1кг и БМИ 24.4, се надевам да стигнам до 65, ама не ми е притисок. Главната цел ми е да не отидам над 70. Од 2022 сум презадоволна Ај кога сум тука и мени за денес: Оброк 1 - Јогурт со овесни снегулки, путер од кикиритки, ореви и боровинки. Оброк 2 - Печен лосос, грашок и супа.
Започнувам на здрав режим на исхрана, вагата ме изненади непријатно и се враќам на здрава храна и вежбање. Стартовам со 80кг и целта ми е 65кг, висока сум 168…. Не очекував толкава бројка на вагата, носам 40 конфенсиски број, ептен сум разочарана …. Сепак започнувам и не се откажувам, ќе пишувам тука за секој прогрес
Прва среда во месецот - навика си е навика . Браво за резултатите жени! Одржувам БМИ 22.5, веќе два месеца. Задоволна сум, не би слабеела повеќе, ама добро би ми дошло да повежбам, да ми се оформи телото малку. Е ова не ми оди баш… Благо речиси не јадам, не ми бара душата. Освен во ПМС, тогаш душата сѐ ми бара.
Јас бев иста. Додека бев бремена многу пазев и речиси не се поправив...е после почна интересното се јадев и се гладна бев мн се поправив.
Симнав 10кг, месец дена пауза се дупнав од јадење Мислам дека вратив две кг, ми е страв на вага да се качам. Од утре бек ту блек Сакам да се чувствувам убаво во своја кожа. 65кг ми е цел не се брзам пролетва се надевам ќе ја постигнам
Ко телетабис се осеќам. Многу сакам да ве дружам за мотивација, најмногу ради то шо не јадам редовно, а кога јадам обавезно е нешто шо не треба.
Лелелеле ко телетабис била. Мрш таму. Мањачам низ темана за модни критики, далеку си од тоа. Ама секако може да се дружиме за мотивација.
Мерење во среда, од утре се мотивираме и почнуваме да слабееме...и мене 65 кг ми се цел до месец Мај ... ајде заедно до целта
Ајде да почне со убаво понеделников.. За денес Овес со јаболко У мандарини Р бабури полнети и салата В салата
Ајде нека почне Д. Чија пудинг со овесно млеко и путер од кикирики Р. Салата со туна и тонус леб В. Исто од ручек Плус некое лешниче, оревче за да не ме фати стрв за благо
Среќна Нова и среќни празници, прво здравје да имаме па да си ги оствариме нашите цели! Обид по 2947209169 пат... Имам проблем со психата повеќе, не си веруврам сама на себе дека со мој начин на исхрана ќе имам резултат, а порано само за тој начин знаев. Цел месец мислам дали Хроно дали Ун диета, сакам хроно за доручекот убав ама зарем само месо за ручек да јадам!? Ун диета исто ок, имаш и ден за благо ама доручек овошје само и плус овошен ден кој те исцрпува скроз. А, знам дека треба да си во калориски дефицит за да се намалуваат килограмите. Така решив да си дадам шанса ќе терам по мое, доста беа изговори. Имам многу килограми за симнување Прво за мене, а потоа и за моето детенце сакам да се сменам. Веќе и ме погаѓаат коментарите од страна, дали кажани директно или индиректно. Ама стварно станав слон, сите тука вие сте манекенки со вашите кг. Д- 3јајца беа малечки како кајгана,4 парченца димено месо и домашен р'жан леб. У- Јаболко Р- Месо и салата зелка В- уште незнам што кје биде, некако најтешко ми е да смислам.
Ќе летнат кг не се грижи, само биди истрајна едно 2 недели после ќе влезеш во шема..почни вода да пиеш , знам досадна сум со водата (знаат другите членки ) ама мене тоа ме смени, иако сега пак забушавам, ама на почеток мораш многу вода..читни што сме пишувале уназад кој што како јадел колку за инспирација и мотивација..
Здраво Ве следам од позади завеса уште ехее од 72кг… сега сум со 78кг, а мора да одиме доле до 65кг. Не си ставам рокови до кога, но си ставам услов дека морам да одам до 65кг. Така да долга дружба ќе имамеоваа тема ќе ми биде како еден вид на дневник. Д: јаболко У: какао без шеќер и мандарини Р: манџа без леб В: ништо, но ако ми се пријаде до вечер ќе земам некое лешниче
Доручек - посна руска (требаше да се дојадува, не ме џаџнувајте ) Ручек - Овесни со млеко, банани и протеин (пред вежбање) Вечера - Ништо (или цел вол, stay tuned )
Епа ајде женски се приклучувам и јас. Денес се мерев 59.7 -сум покачила 700 грама за празнициве Целата ми е 57 кг. 1 ден Од сабајле кога станав чаша вода со лимон исцеден - 6 калории П: две матени јајца 182 калории и кајмак 170 калории вкупно 352 калории. Ужина : лешници 314 калории ( изедеов 50 грама не знаев дека волку калории имаат веќе не ги јадам ) Р: печени компири 140 калории (изедеов 1 голем компир сечен на парчиња)со кечап- 99 калории , печена кокошка 55 калории ( 50 грама)и 7 маслинки 28 калории вкупно 322 . В: Ништо Вкупно:994 калории 15 минути вежбање преку ден.