Здраво.... Не беше баш здраво деновиве, но со тенденција да одиме на здрав пат Ќе започнам да кружам.тука...Оти од одма не бивало нели...уште некоја баклава и слава да помине ... Ама тука сум ќе читам и следам ...и по малку ред ,нееекој баланс, кочница да си ставам.... Ви фалев а? Нели? Па....може ОЗБИЛНО за некое време
Јас многу озбилно земав да јадам периодов, и стигнав до 54кг рамно. Не можев да се контролирам, многу излегувања и тоа е. Цел да видам четворка напред, се враќам на стариот режим кога бев најстрога кон себеси. За жал немам вага во моментов, но ќе пишувам за да се одржувам во нормала. Од утре почнувам. Ајде јако во 2023!
Спремај списоците, ене кај е прва среда од февруари. Денешно мени: 1. портокал 2. пилешки врап со чили сос 3. чорба од црвена леќа и ќофтиња И 2 литри кафе Утре: 1. овесни снегулки со јогурт, путер од кикиритки, чиа семе и овошје 2. интегрални шпагети со болоњезе сос
Значи сите сме ставиле слабеење во новогодишни цели. Од септември сум на режим и забележав дека многу помалку трошиме на храна, а многу поздраво се храниме. Моја цел и мотивација е, ако успеам да си го средам телото до 58 кила + да го затегнам колку толку, да се почастам одмор на некое егзотично место Малдиви, Бали, Куба... дебела не ми се оди, како ќе правам слики за Инстаграм И јас од навика се измерив и не знам како сум ослабнала повеќе од кило. Стигнав до 62,8 т.е. од килажата пред бременост. Последниве два дена јадев повеќе, па се забележува на вагата ама сеедно, и онака не ми беше планиран периодот за диета а пак слабеам. Вчера 550 истрошени калории на фитнес плус почнав со вежби за затегнување. Пола година помина од царскиот и полека почнувам со стомачни, без многу напрегање. Среќни празници и само озбилно во 2023
Ден 2 Вода со лимон-6 калории П: 3 мали кифлички 260 калории со пилешка салама -80 калории и кашкавал 140 калории вкупно 480 калории (имав гости вчера вечер не јадев ништо за вечера па малце да изедеме од тоа што остана ) Ужина : суви смокви 60 калории и бадеми 173 калории вкупно 233 калории Р: свинско печено ребро 395 калории пире 88 калории и зелка салата 58 калории вкупно 541 кл В: ништо Вкупно калории 1230 Вежбање 15 минути и пешачење пола саат
Д: 3 оризови галети со кечап, 2 плазма бисквити, кафе, едно бајадерче Р 6 двопеци со 30г паштета од туна, ред црно чоколадо У 2 бисквити, зелен чај, чај за детокс В чинија супа, оризова галета 45 минути пешачење, 20 минути вежбање
Среда ден за мерење. Вагата ми покажа 63,8 значи кило повеќе од предходната среда, но сепак помалку од пред празниците.Супер е, цел за наредна недела ми е 63 кила. Знам дека меѓу 61 и 63 кг ќе е многу тешко, дека скоро 10 години бев со таа килажа па телото е навикнато, ама мое е да се трудам.
67.5 килца, 1.5 помалку од прошлата среда Се ослободивме од празничните сарми, кифли и руска, идемо даље САМО ОЗБИЛНО Денес: 1. Овес, чиа, јогурт, бадемово млеко, путер од кикиритки и малини. 2. Грашок со мелено месо, некаква салата и парче леб
@Rtulka @Eli23 @kristina.k @arontt ај да не бидиме таму оф топик. Кажете ми каков режим или диета терате? Немам идеја со што да почнам. И вежбате ли? Јас планирам за почеток само побрзо пешачење дека со бебе, вие како се организирате?
@Anturium јас си комбинирам оброци од претходно што бев кај Ана и кај друг нутриционист, ама во глобала најбитно ми е да намалам благо и бело брашно воопшто да не внесувам, а повеќе да јадам овошје, зеленчук. Пример за доручек најлесно ми е овесна каша со јатки и овошје, за ручек готвам исто за сите дома само јадам без леб или евентуално со интегрален, ужинките ќе ми се овошје сезонско, најмногу мандарини, киви, итн. Е за вечера морам да внесам нешто поконкретно и ќе правам или интегрална тортиља, палачинки од овесни, тост со тонус и слично, ноќе да не сум гладна, тогаш е страшното Ќе пишувам комбинации тука и ќе крадам идеи секако само да се заозбилам деновиве, со @Eli23 ќе те дружиме, со години сме на режими заедно.
Не сум се измерила, ама прва среда во февруари обавезно..дотогаш пазење на храна максимално.. За денес Д овес со јаболка У портокал Р пилешко со салата и лебче малку В салата се ова ти е таман...со ваква исхрана за два месеца ќе видиш убави резултати мој предлог за вечера кисело млеко со сусам , или јајце варено..
Еве ме. Одкако знам сум на режим. Сабајле се мерев, нели сТреда, срам ми е да кажам од редовнове на темава, ама јас се подебела и подебела. 85 кг сум. Си го достигнав врвот. Сум држела ун-сега ми се чини престрого. Бев кај Ана 2 години-ми се чини преспоро. Режими сум држела од Турунџиева, Мери Амбросова, Бузлиевски ( поздрав @kristina.k ) и читав последно од Др Митов и Емилија како се презиваше (поздрав @andrejko82 ). Значи у теорија се добро си знам, ама пракса, седи 1. Да не го должам многу, се надевам ве насмеав малкуцка. Доручек ќе јадам печена тиква со печено јаболче ( читај печам за каша за бебето. ) Ручек тава со копани и помфрит ама печено оноа во тавче се, не сум јадела сто години. Салата краставица или туршија. Без леб. Вечера ќе варам супа со додаток многу зеленчук внатре, брокула или што најдам. Значи планирам доручеците да ми бидат овесни или јајца, чат пат овошје. Ручек некој класичен ручек манџа такозвани оти диета со храна за птици неможам јас. Вечера салати или супи, со зеленчук или крем. Тоа е тоа. Минус 20 кг сакам за да постигнам се што постигнав за 2 години режим со Ана. И осеќам коа ќе стигнам до -20ќе родам трето. Ама ај...
пази што викаш...кг ќе ги снема а детето??? се шалам, ќе видиш резултати и побрзо ќе оди, мачни се само прввите 2 недели
Заборавив. Сеа за сеа не планирам вежбање. Да се навикнам на исхраната, да фатам редот па ќе вклучам активност. Инаку мислев собен точак да нарачам, ама ќе видиме.
Eli23 Мене мм ми вели ајде сега уште едно да не се мачиш два пати да слабееш. Инаку тука сме со килажата, 84кг. имам, никогаш не сум била толку. Не е страшно. Не ми е прв пат на темата, ја имам држено ун и многу имав ослабено. Дојам и страв ми е да експериментирам со нискокалорични диети. За доручек ќе јадам овесна каша со јаболко и суво грозје. Ужина овошје, јаткасти плодови или парче ржан леб со мед и таан. Ручек било што, пример пилешко, риба, ориз, јајца, леќа со додаток печен зеленчук и салата. Вечера зеленчикова супа или салата. Најбитно е да заборавам дека постои чоколадо, другото лесно е. Физичка активност засега ќе ми биде околу 30мин. пешачење.
Еве сум. Минатата недела арна беше вагата ама сега почнала да оди нагоре.Ама повеќе се опуштив за Баднио Божиќ. Ајде малу поозбилно. Д парче проја Р ќе биде пилешко во сос со малку црно лепче В или ништо или само салата.
Женски јас не се мерев зошто почнав во понеделник и би било многу брзо. Ќе се мерам наредна среда Ден 3 Д: јогурт со ленено семе 180 калории Ужина: костени 120 калории, едно јаболко 95 калории и 3 сушени смокви -60 калории вкупно 275 калории Р: рижото со печурки- 370 калории , салата со краставици 50 калории и маслинки 60 калории вкупно 480 калории В: ништо Вкупно 935 калории Вежбање 15 минути