Тукаа сум, за трет ден супер мотивирана сеуште Само петок ме плаши, именден на бебушот па знам ќе скршнам на погрешен правец Ај додека сум тука да пишам Ден 3 Д- пилешка супа У- неколку миндели и кафе (со млеко го пијам ) Р- Риба и пире У- Кафе и протеински пудинг В- ништо
Некој глад осеќав па вметнав уште една туна за вечера Значи 2 туни и една марула и млад кромид за ручек и вечера Од 600 кал немам надминато Држ те се неделата ја преполовивме еве го понеделник кај е ке се мњримњ па кои радоси ке бидт
Оде,оде штом кај мене оде ке оде кај секој еден Ама ти треба да правилен режим Пробај го мојот од нутриционист ми е напишан за мене ама е ептен добар
Јас со некој мој режим почнав. Благо леб грицки се тоа мајнав. Сега ќе ти ги краднам менијата за следните денови
па да еве вди ми ги минатите 2 дена појадок овошје цеден сок смути шо сакаш ручек први ден беше пилешко и салата втори ден боранија трети риба и салата
Офф појадокот само овошје нема да издржам. Рано станувам, а ручекот ми е тек у 4. Ама за ручекот ќе те копирам, тенксс
Опасно е да појадуваш само овошје без јх /протеин По некое време (година две) шекерот ќе се качи ,па ќе се чудиш од кај дијабетис.
Јас терав пред 5 години немам шеќер терав до пред две недели немам шекер Јас одлучувам да верувам на нутриоцинизката
Појадокот треба да биде биде балансиран и да содржи овошје + јх,протеини .Секој нутриционист забранува за појадок само овошје.Ти си немала последици оти си имала доволно среќа.
После празниците +2 кила сум Немав ни батерија за вагата за да мерам убаво калории, ама од понеделникот почнав озбилно. Калориски goal 1400-1600 и вежбање мин 3х неделно. Понеделник: 1240 калории, а 500 калории потрошени од вежбање Вторник: 1580 калории, не вежбав само пешачев. Денес, среда: 1290 калории, и денеска не вежбав зошто 1 ден добиено, ама испешачив. Од утре веќе нема да ме дрма пмс полесно ќе е со cravings
Кога ја држев ун многу ми беше тешко тоа и затоа не бев одговорна до крај. Од 7 до 4 само со овошје и некоја јатка малку ми е, не се нафаќам на тоа
Да се пријавам и јас на рецепција 7ми ден мака мачам Од којзнае колку јаглехидрати дневно што ги јадев последните месеци, полека намалив на под 50 Ич не е лесно, ама што се мора, мора се Ден 7ми Појадок чиа семе и протеин. Ужина, кашкавал и кулен Ручек, пилешко со сланина и зеленчуци. Вечера, малку јогурт Црно кафе без шеќер и млеко. Тоа највеќе ме боли. Ама ќе боли и ќе престане
Хахаха викаш ќе боли, боли и престане . Епа јас многу многу сум гладна сеа хахах. Да чекам да помине хаха.
3 ден Д. овесна каша со јаболко, суво грозје и цимет У. 2 оризови галети со мед и таан Р. лосос, додаток спанаќ и мешана салата В. зеленчукова супа Денес малку криза ме фати за благо ама успеав да не го изедам цел мед и таан.
Втор ден грешки да пријавам Д банана, чоколадно млеко, бисквити, кафе Р boombox гранола со млеко и 3 бисквити, ред црно чоколадо У кафе Е сега вечера В 2 парчиња торта, 3 кифлички, салата со павлака, сувомеснато Ох леле Од утре стварно крај, втор ден роденден денес Плус од утре се ослободувам од обврски и почнувам да вежбам, вие држете се подобро од мене деновиве
ден бр 4 П=кафе банана јаболка зелена Р-полнети пиперки со мелено месо В- обично е пола од ручекот но најчесто не сум гладна