Ден бр 7 П-банана и јаболка Р-безглутенски шпагети со томатело сос и моцарела со многу босилок В- исто до ручекот Утре сабајле прво мочање па качување на вага и пријавување и пишење тука
здраво јас на оваа тема сум нова па малку ми е нејасно имате ли некоа тебела план на исхрана по коа се придрзувате
Д банана, 2 бисквити, чоколадно млеко, кафе Р 60г смоки со јогурт, 3 двопеци, зденка, ред црно чоколадо В супа У кафе, парче кашкавал, 2 бисквити
Здраво девојки, и момци ако има Јас сум тука нова, но ве следев последно време без да имам профил, зошто и јас сакам да намалам, па сакав да ви украдам некоја идеја за оброци. Се надевам примате уште една девојка со килограми за симнување, ќе се обидам што почесто да пишувам тука, да направам некој личен дневник на храната што ја јадам, со надеж дека ќе бидам сериозна Немам режим кој го следам. Од претходни обиди за слабеење сфатив дека ми одговара најмногу да намалам количина на храна и да внимавам на обработена храна, односно да јадам што повеќе подготвено дома, да исфрлам грицки, шеќер колку може и слично. Така планирам и сега да терам отприлика. За денес: две кафиња со млеко во текот на денот Д - кајгана од две јајца, парче 'ржан леб со хумус, јогурт чашка и марула салата Р - компир манџа со парче месо, зелка салата и парче 'ржан леб В - Пченкарни галети со путер од кикирики и банана Моментално немам начин да се мерам во килограми, но планирам да следам обем.
Ден 14 Д: две кришки ржан леб 175 кл со хумус 30 кл, домат 20кл,чиа семе 70 кл и јогурт 120 кл вкупно 415 кл Р: Печена кокошка 200 кл ,ориз 200 кл 400 В: две пива 220 кл и малце кикирки 170 кл( на гости бевме) 390 кл Вк 1205 кл Пешачење 20 мин Со среќа утре се надевам 300 гр сум ослабена
За денес Поручек- млеко со бисквити Ручек- кифлички Вечера- интегрални палачинки со малку кремче +вежбање
7 ден Д. овесна каша У. 2 оризови галети со мед и таан Р. риба, додаток спанаќ и мешана салата В. спанаќ од ручекот
Леси се врача кучи Ве читкам одвреме навреме ама си барав изговори, си се опуштив со јадење и вагата иде нагоре, штом луѓе мислат дека сум трудна со второ, не иде на арно работава Имам неколку купено програми на Ана, божем за рецепти, ама ете не ја следам... Најмногу ми одговара intermittent fasting па ќе видиме Еве, прво почетно мерење за мене 74.3 кг Среќен понеделник на сите, мотивирајте со резултати
Добро утро!! Денов денес ваков ќе е Д овес со јаболка У индиски ореви Р полнети пиперки со салата В салата
Викендов хаос срам ми е да кажувам. Не се мерам денес од страв. Следен понеделник здравје може ќе се качам на вага. Не знам колку сум почетна па не можам да споредувам, затоа од следна недела ќе си знам точно, а до тогаш ќе се трудам да си внимавам максимално.
"Ослабев" Забушавам бе ама ќе се вратам кога-тогаш во темава, морам и тоа во скоро време. Инаку ќе ја изгубам кладбата. А знаеш, мм како ми нуди јадење: срц земи од ова, само пробај превкусно е..... ќе се каеш ако не пробаш....ми прави мерак за да изгубам
За денес планот: две кафиња со млеко Д - две парчиња ржан леб со домашен намаз од пиперка и патлиџан, две варени јајца, урда и чаша јогурт Р - пилешко батаче со ориз и зелка салата В - ќе пробам да е ништо, а ако многу сум гладна зелка салата
Еве сум и јас. Да пријавам понеделнички 63.8 кг. Имам намалено отприлика килце и пол за една недела ама во пмс сум, на ден два од добивање и стомакот никако да ми спласни. Денес на мени- парче чоколадна торта, едно сендвиче од две парчиња интегрален леб со еден лист кашкавал и врат, баланс јогурт и за вечера салата и компир манџа со мевце. Тортата ми е вишок, ич не требаше да ја изедам и прекриво ми е. Колку калории отприлика би имало парче чоколадна торта?
Мислам дека треба да продолжиш без чувство на вина. Се случило, повремено е, ништо страшно, важно да не е често. Мислам околу 400-450 калории би било вака отприлика, сега зависи и од самата торта не знаеме што се има. Но, не е страшно, продолжи си, никој не се поправил заради едно парче торта, ни ослабел само зошто скокнал едно парче торта