Д-тост од црн леб со кашкавал,малку салама и чаша јогурт Р-макарони со сирење и кашкавал В-дајте и за мене воздух Криза за благо на велико,ќе гледам да биде само еден ред црно чоколадо
Ден 1- почнувам со 8 часовна диета Д-10h- Кајгана со кашкавал и зелена салата Р- 1h- интегрални макарони со сирење В- 5h- 50гр. кикирики
Ден 18: Д: интегрален мал ѓеврек 250 кл со хумус 40 и чаша јогурт 60 кл вк 350 кл У: нескафе со бадемово млеко 10 кл и пленкарни галети 200 кл вк 210 Р: Макарони 300 кл со пармезан 50 кл и кечап 70 кл вк. 420 кл Вк за денес 980 кл Нема вежбање
Д- 3 парчиња двопек со мармалад (немав идеја со што а ми се јадеше мн благо , многу ли ја утнав?) Р- компир манџа и цвекло В- ми се јаде нешто уште немам идеја што И две кафиња, една турско, едно нес со млеко Грицкав и сончоглед во текот на денот
10 ден Д. овесна каша У. 1 мадарина и 2 галети со мед.и таан Р. пилешко со мед и сенф, додаток печени црни домати и мешана салата В. ништо Не е страшно ако не си ја изела цела тегла мармалад, туку си ставила по едно лажиче. Само подобро кога ќе те фати криза за благо одбери поздрава варијанта. Пример јас јадам мед и таан со оризови галети. Или пак можиш чоколаден намаз да си направиш има еден куп рецепти со печени лешници или наут. Можиш суво овошје. Урмите се многу благи исто и сувото грозје. Калориите се тука некаде само што ќе биде здрава варијанта.
Д банана, чоколадно млеко, 2 бисквити, кафе Р 4 двопеци, 2 со маргарин, 2 со многу малку еурокрем У кафе, ред црно чоколадо В исто како ручек Денес многу сум била креативна со исхраната Вежбав 30 минути и пешачев исто толку Инаку никогаш не сум пишала, кафето го пијам со некаде приближно 100мл млеко
Да треба да си испазарам некои такви здрави благи намирници, немам ништо такво дома, а и немам навика да купувам. А ве читам за таан, а никогаш не сум побарала тука. Можеш да ми пратиш слика како изгледа. Ептен сум изгубена со здрава храна
Овај е од ДМ, има и во подобро снабдените маркети. Јас купувам и од една арапска продавница, сигурно има и кај вас.
Баш ќе го пробам тенкс. Благо е ова така? Пример може да го јадам сабајле со двопек или како да го комбинирам?
Жени налесно е да не купувате намирници што не треба да се јадат и ке немате проблем Да земам да изпазарам јас чипс ,еурокрем,грицки и јас ке ги офукам ехеее нема да ги осамне Вака коа немаш не ги гледаш и не ти ни текнува дека постое такава храна Затоа шопинг нека ви биде еве од мое мени ке земам овошје,зеленчук,урда ,печурки,киноа ,јајца ,моцарела ,интегрални макарони/шпагети,риба,туна,мелено месо,пилешко месо Земите едно црно чоколадо над 70 %какао,суво грозје орев лешник бадем Вечерва спремав марула и млад кромид да има за наредните 3-4 дена Свари рака киноа стави мед стави таан и сусам и напрај си бомбици можиш и со кокос и чоколадо за кување можеш и варена киоамед цимет и суво овошје или свежо милион комбинации имаш Комбинирај истражувај експериментирај
Не, не е благо. Затоа се јаде во комбинација со мед. Таан е уствари путер од сусам и има шмек на алва. Алвата се прави од таан. Ако ти се допаѓа вкусот на алва ќе ти биди вкусно. Истоо. Да се јави некој ненадејно ќе нема што да извадам на маса. Ок, салата ќе направам. Или мед и таан ќе намачкам. Си порачав сега и постоље на спратови за овошје и зеленчик, не ме собира фриждерот.
да.така е ништо немам дома ни грицки ни благо ни сок да дојде човек немам шо да го послужам ама вака ми е полесно не го гледаш и не стрвуваш со тек на месеците нема ни да имаш желба за таа храна ја терам трет месец ако не ги рачунам тие 15 дена пауза ама пак се пазев и тогаш едвај чекам понеделник да видам колку имам симнато оваа недела осеќам ке биде убава килажа симната
Ден бр 12 П-кафе па овошје некое шо имам на работа,да,се дојаде Р-јаца и салата В-воздух Вака несвесно и 16/8. ја терам
Алиске што ти е чист фрижидеров ..сија.. Ај добар ден Тука сум и јас, денови небројам пазам што јадам и вежбам.. За денес Д интегрален ѓеврек У јаболка Р гравче тавче со салата В салата
Ден 19: Д:Две кришки ржан леб со авокадо,домат и чиа семе и чаша јогурт У: Портокали и мандарини Р: Леќа и малце салата В: нема Вежбање нема зошто сум болна два дена...
Екипо,ич не сте другарки. А бе земете тагирајте ме, стапот земете го... викајте ОЗБИЛНО Гледате ме нема, значи....забушавам... Јас стварно не знам шо уште ми треба да се мотивирам...4+4-, 3+3-, 5+5-....ова килограми... Се вакви глупости од мене. Дај да ослабнам 20 кг па да си играм 5+5-. .а не на оваа килажа . Ај барем почнав малку со физичка активност ... Не кој знае колку ама сепак ... Ама на устава патент да ставам... @malerozna друшке ти нај ме разбираш....Де Ела да се мотивираме Сабајлево парче проја и чаша јогурт.Ручек немав ..па пржев јајца и сирење со парче црн леб. Ама изедов и парче чоколадо. Секое попладне имам страшен наплив за благо....и си јадам, не викам не... Таму е мојот проблем...