Ден бр 14 П- кафе и една банана Р-Само шо го ставив да се пече Полнети пиперки, денес бабури со киноа, урда, сусам, кромид и морков запржено сето тоа наполнети пиперките и пола литро доматен домашен сос од патлиџани аа да не заборавам и моцарела В- не сум у план да вечерувам ама ако осетам глад ке биде пола од ручекот Утре сабајле мочање и мерење па тука пријавување резултати Имам на ум една игра али нека помие утрешното мерење и ке ја почнеме
4/30 П: 2 парчиња леб со ајвар,варено јајце и кисели краставички Р:ориз со пилешки копани В: кикирики
Д банана, чоколадно млеко, 3 бисквити, кафе У варен компир, мала домашна плескавица, пола домашен колбас, ред црно чоколадо У 2 кафиња, 2 бисквити, рафаело В 4 двопеци Вежбање 30 минути, пешачење 30 минути
Ај рецепт Јас немам појма кој ден сум, валда околу 10ти негде. Овие 3 дена мислам на двопек и зденки живеам, немам појма дали јадев и нешто друго, бебе болно не знам кај се наоѓам. Од денес и јас со температура, на здравје. Доброто во ова е што немам воопшто апетит Утре мерење. Уште сега ме фаќа трема, кој знае колку кг имам +
Ајде, спремај списоците и од среда озбилно. Ем среда, ем први, супер за почетоци. Јас во февруари правам една година диетување. малку забушавам периодов, ама во место стои вагата, не оди нагоре. Дур пишувам ова на пример, кркам доритос чили, фамилијарно пакување. Вчера за вечера пица јадев. Од среда пак само озбилно.
2 средни главици кромид и еден морков сецкаш и пржиш на масло додаваш 200 гр киноа не варена ,урда 250 гр некаде, и пола пакетче сусам Сето го пропржуваш полниш пиперките со оваа смеса и му истураш томатело или сос од патлиџани околу 300 мли 100мл врела сослена вода Стави фолија и печи 1 саат Тргаш фолија ставаш листови моцарела и печиш уште 10тино минути ова количина е за цело ватростално јас и керка ми си тераме заедно и ни е доволно и за ручек и за вечера
Вкусно изгледа. Јас ќе најдам нешто замена за урда, зашто тука нема убава. Е урда е нештото што многу ми фали од Мк
Пак да се пријавам на рецепција. Исто па исто, јајца, денес им додадов котиџ чиис и малку салама. Милина се Денес порк бели на мени, доста телешко ждерев, тоа од утре. И нормално, брокули . Ама почна малку да ме стега стомак, па каснав и чиа семе со протеин. Неколку дена јадев двапати во рок од 5 саати, другите 19 само водичка, кафе и лимонада, која се трудам после оброк да ја пијам. Ама изгледа малку ми е таа храна, ќе мора да додадам салата или чиа семе Малку ми се врати силата и пак спласна. Благо ни ми се пријадува, а и кога видам ич не ми прави кеиф како претходно. Јебем шеќер полош од кокаин е мме. Мерење после 7 дена за мене, демек наредниот понеделник И кило да немам симнато, во обем се познава бааги
@ALISA0000 Точноо. Со гладување можи само спротивен ефект да се добие. Добро познатиот јојо ефект. Од лично искуатво пишувам. Еве и од мене сликовито доручекот и ручекот. Не е фотогенично, ама е фкусно. Ужина 2 галети со мед и таан Вечера само безалкохолно пиво, неможев да јадам, многу ми беше ручекот.
Немам љубов со вагата оваа недела,бојкотира таа ама јас не и откажувам, не оди надоле ,ама добро па не оди ни нагоре.Више срече други пут нема откажување
Изгледа сите слабо. Јас -1 kg. Очекував повеќе дека на почеток сум, ама океј е, сепак само две недели сум на диета. Едно по едно ќе се намалат.
нема откажување па другата недела ке си симниме ако не оваа Јас коа си дојдов од работа веќе имав симнато али нели наутро е веродостоен резултат па така да не го рачунам тоа за точно ден бр 15 П-кафе Р лека зелка салата
Леле бе исто 58.7 Аааа оваа недела идам појјако со вежбање . Најверојатно дека до 57 имам малце кг за симнување па иде потешко друго не знам што да кажам. Идеме ден 22 Д: едно матено јајце со сирење и една кришка ржан леб У: пола банана со путер од кикирики Р: компир и салата со патлиџан и краставица В: нема
Д банана, чоколадно млеко, 2 бисквити, кафе Р мусли со 2 бисквити и малку млеко, kit-kat У 2 двопеци, 2 бисквити, ferrero едно, кафе В 3 двопеци, 20-30г пуканки 30 минути вежбање Од утре ќе пробам да се контролирам со благото
Д- лиснато со моцарела Р- ориз со спанаќ со кисело млеко без леб и месо В- уште се мислам шо веројатно нешто со оризови галети ќе е. Црева истурив денес, тек сега ми се врати апетитот. Одбера кога, абе кај беше цел ден. Чека вечер да фати па да се накркам како свинче