Д. овесна каша У. 2 мадарини и 1 галета со мед и таан Р. интегрални тестенини со доматен сос и зелена салата У2. 1 оризова галета со путер од бадеми, кокос и индиски ореви В. зеленчукова супа со моркови, целер и пашканат
ако веруваш секоја кришка ја мерам на вага навистина, една за доручек две за ручек и една за вечера. Не е многу сега па и ти.... Да се поврзам на вчерашниот ден. Појадок овошје Ужина чаша јогурт Ручек ориз со стек и салата Вечера чај салата јадам на работа најчесто по 2 тањири со кришка леб. Работата ми е физичка, со трошење калории (работам во фабрика) дома обавезно за вечера салата и чај пред спиење. За нутриционистот ќе ти пишам во ЛП, да не ја трупаме темава со такви разговори.
Се враќам! И психички и физички спремна за слабеење. Запишав два курса за слабеење. Многу ми се допаѓаат дека не даваат стрикно план што да јадеш, туку совети како да се храниш поздраво и помалку калорично. Од истиот курс има и коучинг програма како додатен курс со фитнес тренер, нутриционист и психолог. И еднаш неделно ќе се состануваме. Плус на фитнесот имам тренер бесплатно, иако се помалку време имам за фитнес. Програмата ми се состои од броење калории и целта во првата етапа е само да ги броиш, а после тие ти ги оценуваат дали јадеш многу, малку, и која намирници со што да ја замениш и ако имаш прашања да одговорат. Вчера: Д: Банана и неколку крекери 180 кал Р: леќа во доматен сос (без зејтин и запршки) 400 kal В: Грозје, грст ореви, кашкавал и бело вино 400-500 кал У: баунти чоколадо 150 кал Активности: 0 Денес: Д: Јаболко и малку грозје 150 кал Р: Булгур со пилешко и јогурт 500 кал В: Изгледа ќе е исто ко ручекот Целта ми е до крај на програмата 12 недели да стигнам до 58кг (сега сум 64)
Гледам ќе има реотварање на програмите на Ана. Планира некој да ме дружи? Јас почнувам со Инста фит, па ајде наздравје
Добредојде назад . Баш ми е мило и се надевам ќе стигнеш до целта . Ден 23 Д: две јајца матени со сирење идве кришки ржан леб Р: печено месо со компири В: на роденден сме така да едно пиво само ќе испијам Вежбање 20 минути
Д банана, чоколадно млеко, 2 бисквити, кафе Р 2 варени јајца, 200г брокула, една зденка, 3 парчиња чајна, 2 двопеци, ред црно чоколадо В протеински пудинг од ванила, 2 бисквити У 2 кафиња, 3 двопеци 20 минути вежбање, 30 пешачење
5/30 Д: пржени лепчиња Р: парче охридска торта В: леб со ајвар и кашкавал Чит деј е ама реков да го запишам пак. После фастинг 18саати. 6/30 Д: малку јуфки -12h Р: плескавица и ориз, маслинки и кисели краставички -3h Ужина: лешници 30гр. В: протеин бар од виталиа -6h
https://peacharmy.mk/mk/ Еве овде можеш да ги видиш програмите и да си резервираш место. Јас ќе ја почнам инста фит 3х890 е таа
16 ден Д. овесна каша У. 2 оризови галети со путер од бадеми Р. пилешко со кари и мед, печени тиквички, пиперка и зелена салата У2. 1 оризоба галета со путер од бадеми В. безалкохолно пиво
Сабајлево 62,5 или 1,5кг помалку од последно мерење пред некоја недела. Значи и на паузи сум слабеела. Во право беа од темите за мамички дека до 6 месеци после бременост ќе се вратам на старата килажа. Болна сум, па денес за ручек ќе биде нешто калорично. Bmi 24,2
Јас стандард 67.5, веќе месец дена сум тука некаде без значителни осцилации. Сега сакам до кај 10ти февруари да намалам уште едно, за да заокружам точно 25кг за точно 1 година. БМИ - 23.9 @Espadrila
Јас имам околу 9 кг симнато за неполн месец, на 8 Февруари ќе направам еден месец. Мада во мај бев 115, држев па не држев диета, сега сум 101, мислам дека сега стагнирам со килажата,иако исхраната ми е иста. Денеска доручек: банана, ручек: супа со кнедли, и ќе изедам една мандарина и јаболка, плус многу течности ме фати страшен грип.
Вчера заборавив да пишам. Д- 3 варени јајца и малку спанаќ и ориз (да го дојадам) Р- кокошка и компир салата В- немав, касно ручав + 2 кафиња, едно турско и едно нес со млеко И за денес доручкував пилешко со компир (ручекот од вчера зашто бевме на именден и таму јадев), за ручек ориз со копани и за вечера пилешка супа со зеленчук. Удрив на пилешко деновиве Морам да барам здрави рецепти без месо, од кога почнав да пишам тука сфатив дека многу месо јадеме
Д банана, чоколадно млеко, 2 бисквити, кафе Р 200г брокула и морков сварени, 100г печурки пропржени, еден дома, 2 двопеци, 2 парчиња чајна, чаша јогурт У ред црно чоколадо, оризова галета, 2 кафиња В оризова галета, 2 двопеци, raw bar виталиа Пешачев повеќе од саат денес
Д: две кришки ржан леб со хумус, патлиџан и ленено семе Р: тортиља со печено свинско месо,компир,сенф и зелка У: Банана на парчиња сечена со путер од кикирики Вежбање 30 мин и пешачење 30 мин
7/30 Д: овесна каша, кафе У: кикиритки,малку чоколадо Р:компир манџа , еден колбас, малку ајвар, маслинки В: крекери
Утре ќе спремам листа. Дојдов само да кажам дека ќе се трудам максимално да партиципира тука и во моето здравје и витко тело