Јас денес доручкував 2 сливи и 2-3 бадемчиња,и еве до сега испив 1л вода,одам да си дополнам уште,значи за 10 мин ќе биде 1.5л Инаку планирам за ручек да си јадам 1 туна со салата од домати,краставица,пиперки,маслинки и кромид,а за вечера ќе си оставам малце од салатата.Ајде да видиме дали ќе остане се по овој распоред
Јас го изгубив нешто апетитов си прам планер и си јадам по него и денеска имав 1 праска сок од лимон чај и витанова.Го испив сокот од лимон ја изедов праската и ја земам витановава не мозам не мис е јади и го испив чајот реков да видам д ане мис е пријади и не ми се јади ич ја остајв пред емен да ме застрви и никако не ми се јади.Од нејадејне ќе се зафркнам сама.
Кај мене е супер овие три-четири дена уназад Праски, лубеница, лубеница, праски, кајсии, смоки( ) и то. Едино насабајле јадам по едно тенко парче црн леб, од сечените знаете колку е тоа тенкоооо претенкоооо Денес јадев една рака малини, лубеница, и сега предмалце јадев од манџата со говедско месо, со исто танко парче лебче обично одолевам бре, јееес! Се мотивирам од сликите што ги постиира Лилит, и од новите купачи гачи што си ги купив некни, нема да е рамен штица мевот ама пак ќе бидам секси(се дури не се пулам надоле ) Е, само ме мачи што од толку течности напати се чувствувам подуена Spoiler се дури не спука за онаму ама после сум ко десет кила полесна И да, морам да кажам, се навикнав да не јадам леб, ко да каснам ми се враќа залакот, онака ми застанува в грло, едвај голтам, а тоа е знак дека не ми се јаде, што во случајов е добро, иначе не ми беше пола леб таман, ете затоа имам меше и имав спојлери
Море остајте вие мотивацијата на Лилит,туку и диетата на Лилит.Два дена не станата од кревет,три кг ослабев за 2 дена.Вчера само течности и еден бејк ролс вечерта да не бидам без ич ради лекот,денес течности и од оние лентине марети,сега ме молат црн леб со намаз некој си и свежа краставичка да кснам...ама не ми дава душичкава,ми се гади. Така што...ум у глаа шо праите.
Лилит, не си играј бе, нема ти дава не ти дава душичката, јас ко да почувствувам ептен апла омалаксаност, не ми е гајле дали грешам или не, си каснувам, па пак има резултати. Дај седни јади таму, да не те зашамарам сега и јас Не е финтата диета па после болести, финтата е полека да се стаса до посакуваното, па макар и за три месеци Уствари кај мене е така, па глупо или не, не ми е битно. То е. Побрзо да оздравиш, вака ти слабо не не акаш со постови и не не караш
Еве ме и мене денес, ранета и испокршена, по мојот вчерашен сензацинален пад од скалите. Вечерта на место на вечера и диско си ја поминав во болнца, гладна, прегладента. Со две банани, еден домат со рендано сирење и парче црн леб, едвај имав сила да се движам, па сабајлето едвај испив чаша млеко и една банана. Денес се чуствувам исцрпено,гладна сум, ама не можам да јадам. Само банана и житарици каснав за појадок и тоа едвај неколку лажици. Еве 18 часот е, а јас конечно каснав нешто саглам. Јадев рижото. Сакам да немам апетит и да ослабнам, ама не вака бе. Лошо се чуствувам, мизерно и немоќно, а и плус топлото ме исцрпува .
Јас денес бев помирна, јадев кајсии, диња, сладолед прст, 80 грама пуканки, и нескафе. Татко ми ми рече дека сум ослабена, т.е се изрази вака: ќерко, си поднамалила за еден месец, се гледа дека не се храниш веќе со елитна храна и се смее, па додаде мајка ти е крива за се ... Ај, одете па не го прскајте со вода како што сторив јас. И цел ден бре ми се повраќа од синоќешните гревови. А јас не повраќам, нит сум повраќала нит некогаш ќе повраќам. Гордо го изјаснувам ова. И трпам и трпам а до грклан ми доаѓа и лошо ми е, не е фер. Плус жешко ... уф тешко ми е.
Денес сум примерно девојче Не појадував, зошто не можев, немав време, станав и одма излегов, за ручек три лажици мусака без леб, и еве сега после 6 саати вечерав стек на скара со марула. До вечер сигурно пак ќе ми се пријаде, па ќе си јадам марула и јогурт малку
Епа вака сегаааа...Премиерно по 100 пат си поставувам цел и секогаш остварувам 0.000000001% од замислата прибидејќи сум нели многу истрајна особа со цврст карактер која не попушта кога ќе здогледа прееевкусно чоколадо кое ми се смешка од негде, и тоа истакнато специјално за мене! Па и млеко кога ќе здогледам уф уф! И секако не попуштам пред искушението и затоа секој втор ден ми е: Ден први од диетата!!! И ете сега пак ме швркна да "слабеам" и затоа почнав да барам се што можам да најдам за слабеење и диетиии...И си направив детален план (под детален мислам точно до секунда све имам испланирано :geek: ) за тоа што ќе јадам и што ќе вежбам, па разни третмани за тело, лице и коса, разни масажи и тако даље. И сега за сега добро иде, мада секогаш мене одлично ми иде првите денови, али ај...Сега демек решена сум до септември да стопам така скромничко, едно 12-13 кила. Се придржувам кон убрзаниот режим на УН диетата, бидејќи мајка ми скоро 2 месеци ја држеше и имаше ГОЛЕМИ резултати. Да не го тупам, направете си детален план, и ставете го на местото каде што поминувате најголем дел од времето и БЕГАЈТЕ ОД ФРИЖИДЕРИ...Опасни по живот биле....Да да, опасни
Да се исповедам пред спиење Денеска бидејќи станав покасно ми се фати ручек поручек заедно и крај 2ипол јадев еден танјир пилешка чорба...(ммм ама беше вкусна,си оставив и за утре да пробам) Потоа крај 5 сатот каснав смоки и кисло млеко,а крај 6 сатот не знам што ми стегна паметот изедов една кришка леб пржена со јајца од мајками што ги спремала за појадок.Вртев пола сат хулахоп и си направив модрици како резултат на тоа Вечерва излегов на шеткање,јадев една порција сладолет,и кикиритки потоа...ех калории калории денеска И кога се вратив вежбав стомачни,па вежби за задник,за нозе и тако далје
Е*ати денот! Цел ден сум гладна и се’ во кујната се врткав! Не знам што ми стана, од кога почнав со диета ми се нема случено таков ден-умот се во јадење! Јадев во 13 часот две полнети пиперки со шопска салата! Поминаа само два часа а јас осеќав ненормално голем глад, сакав да не јадам и да издржам ама не можев бре! И му поткелкнав на гладот па во 17.30 јадев пак од пиперките (2 изедов) и парче интегрален леб ! Пиев сок од боровница, зелен чај и многу вода, малце скокав на јаже и тоа отприлика беше! Имав сосема друг план за денес ама како што реков цееел ден ме мачи глад! Вечерав малку пуканки и мислев доволно ми е! Но вечерта дечко ми ме однесе во сендвичарата каде ги прават моите омилени тостови! Си реков ако ова е ден за јадење тогаш да се препуштам на задоволството и да си лапнам еден тост! Во последен момент се премислив и решив дека не јадам! Дечко ми ми даде гриз од неговијот тост а јас жалното гризнав и и иии го плукнав Мајке ми го плукнав! Ни сама не знам како го издржав овој ден! Сега јадев диња оти цревата ми кркореа! Подобро диња отколку тост!
Дечки пијам чај еве 20тина дена киркОлина и сум ослабена неколку кила се немам мерено но се познава по фармерки и кој што ме виде ми рече дека сум ептен ослабена (но јас знам дека не сум ептен).Насабајел си јадев овошје или мусли сок од лимон цеден и јогурт за ручек зеленчук и з авечера јогурт или зеленчук.По секој оброк пиев чај.Но лошо е што 2 3 пати одам во вц (голема потреба) и по мала неколку пати.Го оставив чајот два дена и за тие два дена пак забележав разлика во обемот дека сум во обем намалена за тие два дена 1цм негде.И си го продолжив пак.Мислам да земам уште едно пакетче мн е ефикасен.Имав 56 килограми сега сум ослабена кога ќе се мерам ќе кажам колку имам
да да за слабеејне кирколина ептен е ефикасен не ми се верува пантоломи шо ми беа тесни сега ми се топ ама уште си го пијам имам уште во пакетата инаку е 60 денари го има во маркетите
Женски и да си купите ел карнитин и да одите малку на вежбање? Бдв, има и мусли збогатени со ел карнитин, околу 90 ден се 250гр.
јас јадам мусли исто имаат ел каритин од виталија SlimLine имаат 120 калории (цело пакетче) со јогурт си ги мешам Баланс.А чајот помага мн и малку д авнимаваш на исхраната топ.Докажано е доколку се пија чај после оброк штити од таложејне на маснотиите
Кога ке видам колку јадете а сте на диета)) Јас у најлудите соништа не јадам толку Кога би јадела нема да ме собере у канцеларија! Уште тискам само кисело млеко и краставица, еве сега одам да си купам, викендов на свадба не каснав торта, ич не каснав од тортата, малку сладолед, ама каснав 3-4 пржени компирччиња, со сигурно ги потрошив на пајдушко, на елено моме и уште 2 други за рипање:0 Ама пак не слабеам доволно. Минатата недела пешачев на кеј, ама сеа пијам јаки апчиња и не смеам гладна да бидам. Бидејќи не смеам ич аллкохол, во петокот пред да почнам со терапијата дрмнав едно пиво Сега пак ке јадам слабо, ако има време ќе пешачам. Мора да издржам, огромна сум, согурно под 70, а треба под 60 да бидам.
Имам некое претчувство дека денес, понеделнички, ми е шуплив ден. Јадеш, јадеш, јадеш а пак не си најаден. Епа добро, мевот мој е вреќест и онака, ќе збере што има да се збере. Сега треба да испаднам, а некако ич не ми се ака по жешково, плус нејадена. Ах, маки, маки.... Па и мама пинџурче направила за ручек. И ќе си макаат сите пред мене со сиренце, а јас ќе јадам патлиџани.
Добри вести - уште еден килограм минус. Ми требаше само недела и пол за овој, леле резил. Уште добри вести - денес конечно орбитрекот ќе се поправи. Едвај чекам, како што фати ненормална жештина се збогував со пешачење и трчкарање наоколу, останува само зумба, орбитрек и по некои пилатес вежбички. По дома. И не јадам веќе кроасан и поп кејк насабајле. Ме изнервираа и ги мавнав од список. Полни се калории, од 240 па нагоре за едно мрвче колаче, преполни емулгатори и адитиви, ниту најадуваат, ниту бутур, само залажуваат. Мавни си таму една банана екстра или друга овошка и трај си мирен.
cupence ako ti se jade blago posto blago an sabajle mozi d ajadis jadi vitanova ima samo 100 kalorii i zasituva.I po sekoj obrok pijaj caj taka ke go spre4is debeleejneto