Значи денес излеговме со друштво во еден трговски и им се напнав да одиме некаде кај што има за јадење здрава храна. Да ми ја исполнат желбата отидовме. Што јадеа другите? Риба и салата Што јадев јас? Чизбургер и помфрит Се напукав јако храна, станав и отидов си купив нови хеланки и боди за вежбање, дека нема тој чизбургер сам да се стопи Ќе читам сега искуства на @Estranged на темава од лани до сега и ќе учам како треба, вака ко мене сигурно не.
И @Estranged крка чизбургер и помфрит повремено, не биди строга со себе. Јадам и бургер, и пица, и бурек и се што ќе ми текне, само гледам таков оброк да имам еднаш, максимум два пати во неделата. Кај мене пресвртна точка за да се уозбилам беше кога видов 9ка напред на вага. И тоа за година и пол имав стигнато од 72 до 90+. Тогаш почнав да бројам калории и да ограничувам внес и изгубив 10тина кила во 2 месеци. Втора пресвртна точка кога во април на испитувања дојдов до дијагноза инсулинска резистенција. После тоа исфрлив процесиран шеќер од исхрана и заменив се што можев од намирници дома со понискокалорични алтернативи со понизок гликемиски индекс. Неколку месеци ептен строго пратев таков начин на исхрана и ептен помогна и здравствено и за физички изглед. Последниве 5 месеци сум поопуштена, јадам и брза храна понекогаш без чувство на вина, понекогаш и благо во мали количини, ама без претерување и водам сметка, редовно мерам тежина, мерам ниво на шеќер, и ако видам дека забегува од нормала се враќам на построг режим. Ти плус и вежбаш, нормално е поспоро да симнуваш тежина пошто градиш мускул. Гледај повеќе во огледало за резултати, помалку во вага.
Ти благодарам за поддршката. Тоа со вежбањето е точно, почна да дава резултати, тежината иста а влегов во едни тесни панталони од пред бременоста.
Ме нема со денови зошто немам што да пишам. Внук ми славеше прв роденден, золва ми се породи, па обврски еден куп и немав готвено ништо 2-3 дена Јадев летечи, ама се трудев се што внесувам да биде ниско калорично, претежно на салати бев. Немам некои грешки, дури ни тортата на внукот не ја пробав. Е алхохол пиев, и кока кола Утре се враќам по старо, со зготвено и здраво. Ете ви рима, што ти е режимска креативност ех
Мислам дека ми треба ваква група за поддршка и инспирација Моментално БМИ: 24.6 За цел си поставувам БМИ: 21 Најголема мака, благо и грицки. Исто така и неорганизираност за здрава исхрана. Ќе ве замолам да споделите ваши 2-3 оброци најлесни за подготовка во текот на денот. Едно време кога бев на режим меѓу најлесните ми беше корнфлекс со јогурт и чиа семе.
Не знам на каква диета си? И не знам во твојата дали се препорачува.... Ако си тераш сама своја диета некоја,би ти препорачала да си ја симнеш апликацијата my fitness pall ,и со неа да имаш некоја контрола на внес на калории. А малку маслиново и е здраво во салата да си ставиш. @Isabel Предлог појадоци....кои не се врзани за фиксна диета како УН , кето, хроно и сл... а)Тостиран леб, намаз од авокадо,варено јајце и црвен патлиџан ..сето со малку сол. Б) ѓеврек ,авокадо и краставица. В)хумус , црвен патлиџан и Тостиран леб. Г)комбинација од погоре наведените.... Д) јогурт, овесни снегулки, сончогледово и ленено семе. Ѓ) овесни снегулки постепени со вода и малку млеко, банана парчиња, шумско смрзнато овошје, м.лажиче мед и шака ореви.....тука место ореви може и кокосови трошки Д) гранола, јогурт,малку млеко, банана и шумско овошје....место јогурт топ е со грчка павлака... Ѓ) пржено јајце со пиперка со тостирано лепче Е) пржено јајце и млад кромид со тостирано лепче со намаз од урда....ова за по дома заради кромитчето ... Ж)брускета леб, намаз од урда, сецкана краставица и сецкан црвен домат.... Ужинки....мандарини, јаболки....шака апетисани....не претерувајте со нив 50-60 грама на ден се доволни...морков за грицкање, краставичка ....вода, вода, незасладен чај....
Скоро месец дена на режим. Додуша викендов малку се огрешив, дури и благо каснав. Амаааа... вагата вика -7 килца Ете ми волја за продолжување на диетата, без грешки. Редно време е да почнам и да вежбам, или барем шетање Ќе биде ајде
Денеска ќе седнам и ќе си доставам мени според вашите предлози. Не знам што е работава, визуелно се "собрав" некако, си го намалив стомакот ама вагата од 65 на 64 само слезе. И цело време 63-64 покажува. сакам да си купам и ваков корсет ама не да е онлајн туку да си го видам да со го пробам. дали некој знае кај можам да најдам? Сара фешн можно е да има? Инаку јадам претежно салати леб само 1 кришка за ручек. Физички сум активна ами работата ми е таква да трошам калории. @malerozna за благото гледај да има помалку калории (ѓоо поздраво да е) јас нарачав неколку такви ѓоо поздрави благи работи од белина. Као безглутенски без не знам што ... Со мача какао кокос цимет ова она ... Па сега не можи без ич благо
Ма немав јадено благо 4 недели, каснав малку и толку, нареден пат за Велигден Нема трте мрте кај мене. Јас ако почнам по малку од ова, она, ќе си се вратам на старо. Само строго е лекот за мене
Јас се уште немам некој режим посебен, прво што воведов е фастинг, па од 20ч до 10ч сабајле не јадам ништо и намалив на благо. Со самото тоа што нема да јадам после 20ч, ќе се спасам од грицкање. Не сакам да почнувам ептен строго бидејќи брзо ќе се откажам, па полека ќе гледам да воведувам поздрава и помалку калорична храна.
добар потег. Имам читано совети од нутриционисти дека навечер најкасно се јаде до 20 часот или евентуално 3 саати пред спиење. А за наутро дека се препорачува јадење во првиот сат од станување.
Мене кажете ми како да се фокусирам. 20кг сум плус. 90 бев последно. Се немам мерено 2 месеци, оттогаш и намалив со јадење количински, јануариов одев и на вежбање, пешка одев на работа, ама немам вага сеа за да се мерам. Како да се фокусирам дајте ми нешто, како вие започнавте? Слабост ми се грицки и благо навечер кога немам што да правам, или после цигара.. Работам во продавница кајншто правиме смути, цедени, енергетски бомбици со овесни со урми, ама како да ми е монотоно и не ми иди да си екпериментирам со оброци таму..
Мотивација нека ти биде тоа што го гледаш во огледало и дали ти се допаѓа или сакаш да го промениш. Мене на времето тоа ми беше клучен пресврт во мозокот. И буквално од тој ден скроз сменив исхрана и тие јадење глупости. Најди си што ти е најубаво да си јадеш па така комбинирај. Исфрли бело брашно, газирано, благо. Доручек овесни, тонус, јајца, фета итн.. Ручекот базирај го на повече салата, манџа, место. Повеќе протеини внесувај а помалку јаглехидрати. Ако на почеток не можеш без ништо навечер земи краставица на пример со фета, хумус. Палачинки од овесни ми се супер опција. Пиши што друго ти треба како насока
Јас си останав да се мерам во среда. Денес 63кг, значи помалку од предходната недела но пак тапкам во место. Со оглед на тоа што предходно со години бев 63 кила, тешко ќе биде да ги намалам. За тие што немате или не ви се даваат пари за групни програми како онаа на Ана, ви ги препорачувам бугарските ФБ групите на Фитнес у дома. Има една или две групи, мене најдобра ми е Фитнес у дома - предизвикателства. Имате бесплатна програма за исхрана, рецепти и вежби секој месец, како и група за поддршка. Има опција за некаква премиум верзија со доплата, каде ти даваат чаеви и видеа, ама и тоа што е бесплатно е доволно за успех. Постојано ви праќаат на чат разни вежби и предизвици. Мене многу ми се допаѓа, ако знаете други такви бесплатни програми убаво е да ги споделите.
74кг не сум страшна. Не сакам да се мерам неделно зошто тупкам во место. Ќе се мерам месечно. Со лесно на сите
Ме нема деновиве ама стварно не знам што да пишам. Ги вртам истите јадења, ми здосадија веќе, едвај чекам да почнам со Ана. Имам некој мал прекршок како лиснати со сирење и мафини. Во глобала задоволна сум што мноооогу ретко помислувам на благо и се задоволувам со урми. На килажа сум исто ама успеав да влезам во некои панталони што последно ги носев пред бременоста
Ми се допаѓа темава оти како предизвик ми е, а јас сакам предизвици. Убаво ми е тоа што пишувате килограми, БМИ и се мерите и давате извештај. Немам батерии за вагата за да се мерам. Ама ќе си купам и ќе почнам и јас, предизвикувачки ми е и би ми било интересно ❤ Ова ми е како една смешка, "Знам што треба за да ослабам и знам да ти кажам, ама не знам јас да го практикувам". 2020 бев со Ана и беше корона тајм, бев ептен послушна и се правев како што треба, и рецепти и вежби, се слизнав! Потоа заврши програмата, и лутав на youtube. Налетав на НадаФит, за рецепти преинтересни ми се видеата и идеите нејзини. Потоа налетав на Chloe Ting, исто на youtube. Епа заклучив дека Ана го има истиот "тертип" на работа. Видеата и се прејако сработени. Види ја и вежбај со нејзе ❤