Не дадов извештај за оваа недела, од саботата сме сите вирозани по дома, со температура и затнат нос што го изгубил осетот и мириса секое јадење на киселина. Случајно денес ја видов вагата и ми текна на темава и се качив, имам 72 кила Се прерадував, не очекував - 3 кила Сега стискајте палци да ме тера ова темпо Деновиве од сабајле портокали два Тоа ме освежуваше зошто бев дехидрирана, многу чаеви, вода, банана едвај, киви Ручек манџи гледав да има, пак да е течно нешто, да поминува брзо настинкава, пример гравче, ама еден тањир и една кришка леб со салата При крајот од јадењето во глава ми се вртеше мисла као ајде уште еден тањир и уште една кришка, па ајде болна сум, ми треба енергија (100% ова ми е нешто од мала што ме терале да јадам со сила, па посебно болна) Ме фати инат и пресеков, земав тањирот и правец во кујна на миење садови Вечера воздух Денес ми е подобро, направив проја во калапи за мафини за малава и изедов само една успех е ова, јер проја ми е слабост огромна
Сум ослабнала пред 10 години со фемина поддршка и еве ме пак. Немам време да пишувам, но постојано ве читам и навистина сте мотивација. Јас почнав пред еден месец со некаков режим на броење калории, за мене е тоа најефективно. До сега сум -3 килограми а имам за симнување уште 4. Така напишано не изгледаат многу, ама ај симни ги. Се запишав на сите можни бесплатни курсеви за слабеење, теретана, Киндл ми е полн со здрави рецепти, спортска опрема купена, пешачам секој втор ден, уште решетка на устата да си ставам и ќе биде супер. Мотивација ми е што ќе правам наскоро свадба, па сакам да изгледам убаво. Благодарност до најактивните на целава категорија диети и фитнес, многу убави совети за вежбање и исхрана. Повеќе научив тука отколку на било кој курс.
Зошто ваков коментар "знам што треба да правам, јас не се придржувам ама придржувајте се вие"? Нели е темава за мотивација? Еве колку за твое инфо од септември наваму сум ослабена 8 кг, без диети, без тежински вежби дека до скоро не смеев да вежбам, без никаков денар даден на нутриционисти, само за теретана и само од вакви бесплатни ко Фитнес у дома или Фемина Форум поддршка. Сега теретаната укина тушеви и вработени па да надомести за парите 20€ месечно имаме онлајн нутриционист, психолог и Фитнес тренер кој доаѓа на повик. Не ми беше идејата да ја напаѓам Ана, само видов во темата дека некои се жалат за цената. Според мене не е скапо, ама не секој има 50€ за програма, а уште помалку за киноа и чиа семиња со непознато потекло, пакувани којзнае каде. Затоа и го пишав ова овде, а не во темата за Ана или било кој друг нутриционист или тренер или што и да е. А ако мене ми ја препорачуваш Ана, не фала. Такви бутки два листа нова Македонија имам и без диета (до душа малку со целулит ама затоа помали). За другиве бесплатни што си ги пишала, благодарам, ќе ги проверам.
Од вежвите на Ана тешко да ќе добиеш такви диреци Таа само у теретана вежба и строго нозе и газ. Ко што имаше пишано еден фитнес инструктор - личи на т-рекс
Феминки помагајте. Имам за симнување -20 кг. Работам во три смени. Каде што работам има кујна и несмееш да јадеш никаде друго, освен во мензата. Јас сакам со УН диета да започнам, како кога несмеам да носам од дома? Многу ми е битно да ослабам, што поради здравјето, што поради физичкиот изглед. Но, како да се организирам?
Погрешно ме сфати. Сакав да кажам, знам што треба да ти кажам и за идеи за храна и за што да вежбаш и кого да следиш на youtube ама јас самата не го практикувам тоа. Зафркната ситуација... Со Ана ослабив дека корона тајм, кога се рашетавме пробав уште два пати со Ана и неможев да дремам цел ден во кујна и да експериментирам со храна што вообичаено несакам да ја мириснам. НадаФит има многу идеи споделено за разни рецепти, а Клое разноразни вежби. Се надевам сега ми ја сфати поентата. Тоа што дојдов на темава е голема мотивација за мене да читам како се успева кога ќе зацрташ нешто, ми делува на психава ептен.
Пример пире со месо,а друга опција две пинерли и јогурт. Грав со колбаси, друга опција салама, варени јајца и салата.
Точно, тоа дома нема шанси. Туку сите овие што продаваат програми, вежбаат во теретана. Исто е и овде.
Може да ве дружам? Денес правам, уствари вчера (ама дека недела па не се мерев) еден месец откако сум на кето. Заокружив -6 кг. со неколку ситни грешки. Си купив ленти за мерење кетоза, никогаш не ми ја покажа најтемната боја, а се чувствував дека сум во дип кетоза, не ми е прв пат на кето. Некој да сподели искуство со лентите?
Бидејќи вежбам веќе со години и сум на low carb имам купувано такви лентички би те советувала да не им посветуваш толку внимание бидејќи не се секогаш точни а тоа зависи од многу фактори. После 3 дена сигурно влегуваш во кетоза доколку внесуваш до 50гр јаглехидрати, но возможно е и кога се работи за повеќе во зависност од физичката активност. Доколку самата чувствуваш значи си, мој совет не се секирај бидејќи промените се чувствуваат. Браво за постигнатиот успех.
И оваа среда вагата ме развесели со -0,5кг, сега сум 62. Сите фармерки од порано ми се таман, останаа уште некои сукни, ама со ова темпо до април треба да сум на идеална тежина. Целта ди крај на март мо е да сум 60кг. Главна храна ми се салати и манџи со месо. За викенди бургери. Времето се стоплува па почесто пешачам.
Пмс на најјако. Од сабајле станав во 7:30 пиев кафе. Доручек во 10:30 јајца со урда и парче сланинА. Во 12ч две урми, 13 ч јас умирам од глад Во меѓувреме две литри вода. Што ќе се прави до вечер Господее
Пиј топол незасладен чај, мене многу ми помага. Самиот чин да го спремам ми го залажува мозокот како да сум си спремала нешто за јадење.
И јас се приклучувам на темава Имам 10кг за симнување, со се се обидов и не ми успева. Порано за еден месец успевав да се стопам, сега не иде нешто Осеќам дека ми треба поддршка за да не залутам, Вежбам 2 до 3 пати неделно, ама работата ми е со седење и мислам џабе се, се се лепи на мене. Само да видам 6ка напред па другите помотивирано полесно ќе ги спуштам
Влетав во инста фит на Ана со 3 кг минус. Баш бев разочарана дека цел месец на режим и не слабеам, кога одеднаш на вагата се покажа убава мотивација Само да ве поздравам и да ви се пофалам. Менито и вежбите ми се од програмата па нема да ги пишувам, ама веќе трет ден вежбам да знаете
Еве сум и јас 3 ден на Инстафит. Активно јадам и вежбам. @Anturium не, нема да вежбаш денес, ден за одмор е.
Вежбав и денес. Вчера не успеав да извежбам до крај бебе стана, па денес си го повторив вчерашното видео. Ме болат многу нозете ама супер енергично се чувствувам
Добро утро!!! Почнувам да ве дружам интензивно периодов. Решив малку на гладување да се ставам незнам до кога ќе ме држи ама тука ќе бидам. Посно од денес Д јаболка и урма У индиски орев една шака Р леќа црвена варена со морков В салата марула со лимон
Од денес и јас поинтензивно. Досега во последниве 2мес. внимавав на исхраната ама немаше некои поголеми резултати. Бев и физички поактивна ама џабе. Треба и да почнам да вежбам. инаку за денес ми овој план: Д смути од јаболко лимон и морков У. Кафе Пред работа ќе биде бело посно гравче Ручекот ќе биде на работа (не знам што, ќе видиме. Ќе се едитирам) А за вечера варен зеленчук или можеби ништо.