Ти пишувај јас ќе читам од кај тебе убаво е некој менито да ти го има смислено За појадок можеш и овес сварен со јаболко и цимет пробај
Јас сум намалена некое кило, ама стартната не била таа бројка која си мислев дека ми е ...шо сум видела на вагата кој знае.... Еве утешително ми е дека 2 сум намалила, ама ич не ми утешително колку всушност сум имала ....Така да , сеа дур не стасам до стартната шо си пријавив дека сум, ќе си молчам.... Вежбам почесто, а започнав и со постење...Постот за мене не ми е најидеален по оваа тема, ама ќе видиме Денес П лимон со топла вода, турско кафе, овесни со вода, банана и шумско, У 2 мали парчиња посна проја со спанаќ и 2 јаболчиња Р посно гравче и лепче В или ништо или салата
Ќе ве дружам и јас оти пак ја фатив угорнината.Во плус сум повеќе од 2 кг. Неделава и јас посно. Д ѓеврек Р бело гравче со црн леб В нешто овошје...
Диеталки ај добро утро Вчера ко за прв ден супер поминав. Денес вака Д овошна салата, јаболка, портокал и некоја урма У индиски ореви Р варен компир со салата В салата А што е важна стартната бројка? важно почнуваш да одиш надоле, башка вежбање ехе..супер си..
да се самоцитирам од вчера. Д. Како што кажав Пред работа бело посно гравче На работа манџа посна со компир и зеленчуци плус салата без масло Вечера една шака сончоглед. (Да постам и да ослабам не знам дали ќе го биде ама ај) За денес Утринско кафе 2 варени компири Една шоња чај Ручекот ќе биде на работа (не знам што. Пак ќе се едитнам) а вечера цеден сок од портокал и лимон
ВЧЕРА ПОЈАДОК-ЈАЈЦЕ НА ОКО,СО ЕДНО ПАРЧЕ ТОНУС ЛЕБ И МАСЛИНКИ. УЖИНА-ПОРТОКАЛ РУЧЕК-СТЕК И ВАРЕН КОМПИР ВЕЧЕРА-КРАСТАВИЦА ДЕНЕСКА ПОЈАДОК- ЧИА СЕМЕ И МЕД УЖИНА- ПОРТОКАЛ РУЧЕК- СУПА СО ЕДНО ПАРЧЕ ТОНУС ВЕЧЕРА- ИСТО СУПА БЕЗ ЛЕБ.
Па сметав дека е важна, затоа шо ќе правам ранкинг ќе излезе лажам, Као нешто слабеам, а БМИ се качил . Како и да е Имав добро пешачење од скоро 6 км, по мешана подлога, асфалт, друмска патека и ридска угорнина...па богами и мускулите ми се воспалија Исхрана денес П лимон со топла вода, турско кафе, мало парче штрудла со јаболко и мало парче некое посно печиво со спанаќ .Печивото без везе беше сеа и кисело ќе ми е во стомак, ама ако ми е, не си испланирав ништо за јадење... Р предвидено компир салата (а можеби ќе го направам во рестован) У некое јаболче и друго овошје В зависно од ситост салата или ништо Ќе се обидам фастинг да терам барем 16/8 И да држам континуитет на физичка активност
стартната бројка е врзана со периодот кога почнуваш, е па и пиши бриши има бар сега е лесно на компијутер ова никако да го применам а треба ме замисли сега абе ќе биде две диети наеднаш ехе...до лето
Малку ми е една диета,затоа две Ајмо озбилно Го заокружувам денот без вечера, Е со ручекот компир каснав и бел леб, и цвекло. Овошје не јадев, но некое оревче каснав.... фала богу почнав мааааалку повеќе вода да пијам,оти скоро ич не пиев.... Последно храна внесено во 19 ч. Утре значи појадок не пред 11. Е за утре нема да се зезнам како денес. За појадок си Спремам овесни со шумско, банана, мед и ореви.. Убава вечер Само озбилно
Д ѓеврек Р сарма со маалку црн леб В нема т.е.некоја пуканка ќе каснам Каснав и малку локум едно време
Денес среда не се измерив заборавив..ај утре таман ќе биде почеток на месец па ќе видиме како ќе се тера. Вчера супер денот, башка имав еден куп ангажмани и направив 15000 чекори... За денес Д овошје У бадеми Р ќе сварам макарони и ќе ги јадам со патлиџан од тегла како салце без зејтин што е В салата (ил не ми е вкусна марулата без зејтин само со лимон ама ај ќе ставам и малку пченка)
Марулата па и зелката без зејтин е како сецкан картон....Обиди се додади и морков и ротквица и рукола...и некоја јатка оревче, потпечен сусам...пак малку некој шмек ќе даде
Денес правам точно пола година откако внимавам што јадам (не би го нарекла диета). Малку помалку од предходната недела и сега сум 61,7 кг и БМИ 23,8. Значи за 6 месеци сум намалила повеќе од 8 кг што е супер. Убавото е што почнав и да вежбам секој ден. Некогаш 2 саати во Фитнес, некогаш само 10 минути лесни вежби дома, но не сум прескокнала ниту еден ден месецов. Ми се врати самодовербата, повторно се чувствувам убаво во моја кожа, па си посветувам повеќе време за себе. Немам секогаш време да готвам но фаст фуд имаме нарачано се на се 3 пати во овие 6 месеци за разлика од порано, кога јадев секој трет ден сендвичи. И покрај новите цени, си осеќам на буџетот колку е поевтино да готвиш дома. Ко што си ветив ако стигнам до 58 кг и се стегнам, одам наредна зима на егзотично патување. Вчера: Д: леб сирење и домати 450кал У: 2 мандарини 80 кал Р: крем супа од печурки 350кал В: наполитанки 550 кал (не ми требаше ова ама ај) Вкупно 1450кал Денес за јадење: Д: урда, домати и ржан леб 200кал Р: ќе бидат колбаси со компир салата В: касно ќе ручам може и без вечера да биде
Прва среда во месецот 67.4кг и БМИ 23.9. Од февруарскиот извештај сум во плус некој грам, ама ништо страшно, одиме напред ОЗБИЛНО.
Се мерив за да за знам колку како ќе одам.И да ја испочитувам средата. Бми 24.3. со заокружување на поголемата бројка. Д :овесни потопени со чај и овошје У овошје Р-В посна сарма со малку леб Месецов периодот ручекот на работа ми е па ручек и вечера заедно кон 6 ќе биде . Цел ми е до Велигден да се вратам на претходниот бми( 23,5)
Wow браво... е не ми текнало за потпечен сусам, фала ти на идејата.. постиш? супер, ќе бидеш топ до Велигден.. Него @malerozna ја нема?? да се јави на рецепција..
Тука сум, никако да најдам време да напишам пост. Уште диетувам. После брзински симнатите килограми, сега сум малку во стагнација, ама не се откажувам. Ме зезна роденденот, каснав благо И ето недела дена ми требаа да се стабилизирам 8.5 кила до сега, 42ри ден ми е некаде Никако да почнам да се движам, надвор ладно, дожд, од под черги не ми се излегува