Д. Кајгана со шунка и салата. Р. Пилешко со зеленчуци В. Шунка и кашкавал, си мезев малку, без алкос Се надевам наредната недела да сум двоцифрен број во минус
Само 200гр помалку од минатата недела (сега сум 61,5) но задоволна сум. Прво нормално е на последните вишок кила побавно да оди слабеењето, а второ поинтензивно вежбам тежински вежби па сигурна сум дека качувам мускулна маса. Трето што не е за кажување си јадев пастрмајлии и пици викендот Секој ден вежбам и/или пешачам. Освен што бројам калории, сега се трудам и внесот на протеини да ми биде минимум 20% Вчера: Д: протеински леб, домати, урда Р: јогурт и динстани зеленчуци В: јогурт и динстани зеленчуци У: млеко со мелени бадеми Калории: меѓу 1200 и 1400 дека тешко ми беше да ги измерам зеленчуците Активност: саат пешачење и 15 мин лесни вежби дома Конечно почнав да пијам доволно вода. Си купив нова гардероба и нова козметика. Среќна сум, си се сакам повторно, ми се зголеми и желбата за секс што ми беше нарушена заради лошиот изглед Си го мразам само овој грд постпородилен стомак ама ќе го средам.
И јас имам проблем со вишок на кожа од пред бременоста кога ослабев и после бременоста што ми остана, катастрофа е, мислам најдебела сум во стомакот. Срам не срам ќе си кажам Денеска: доручек една банана Ручек: планирам салата а за вечера незнам. Пиете ли плус некои витамини додека сте на диета?
И јас сум со проблем на стомакот, една плус во клубот. Д. Тортиља со моцарела и песто Р. Тортиља со мелено месо, сос од грчки јогурт, зелка салата, кромид и кечап, У. Два реда црно чоколадо и капучино В. Може супа некоја. Е ова јадење веќе е изброено да е 1200 до 1400 калории. При тоа имам месо и протеини. Проверено ми е на апликација и мерено до грамови. Сакам да кажам, сигурни сте за калориите, ми личи дека многуу помалку имаш @kikikikirika. Не судам него сакам да помогнам. И кажи повеќе за динстаниот зеленчук како што, кој зеленчук.... Јас коа ќе го спремам го истурам.
@Eli23 мерев зеленчук по зеленчук и запишував во апликација и пак не сум сигурна дали е точно. Затоа и пишав од 1200-1400 калории, дека не сум ич сигурна. Посебно не со маслото. Ептен малку ставив ама тоа па една лажица 100 калории малку да утнеш и прави разлика. Јас дека немав на ручекот протеини земав бадеми и млеко. За јадења што прв пат ги правам многу ми е тешко да одредам калории. Денес правев крем супа од грашок. И гледам огромно тенџере само за мене, си велам ова сигурно 700 800 калории ќе биде. Додека се вареше земав да сметам само 400 калории. Со стомакот ќе има маки, ама му објавив војна па ќе видиме.
Вчера не јадев салата, си направив посен ориз без масло, со рендени домати и златна мешавина. Вечер ќе Ви пишам денеска што ќе јадам
Женски четвртата недела нормално е да се стагнира или грешам нешто? 4 и пол кг месечно малку е или таман? Мислев ќе се 5 ама сум иста килажа неколку дена веќе. А не грешам ништо со храната, исто се хранам.
Дали некој има пробано стриктно постење, во смисла да не конзумираш ништо 2-3 дена по ред освен безкалориски пијалаци (кафе, чај и диетални сокови)? До сега диетата одеше супер, паднав 30 кила у рок од пола година, ама последниве 5 кила идат толку бавно, а сум толку блиску до стомачни... Проблемот во последно време е ако почнам да јадам, не можам да престанам, што мислам е нормална реакција после 6 месечно гладување, и тоа ме кочи. Сакам малку да го убрзам процесот вака со постење и ме интересира дали е безбедно. Ке суплементирам витамини и минерали за да не завршам у државна .
Не сум пишала неколку дена..прекршив за 8ми март, каснав благо пиев вино..ама се частев да ви кажам.. Следен период повеќе салата и манџа и повеќе физичка активност. Денес Д чија пудинг со кокосово млеко и урми, преубав беше дома си го правев. У јаболка Р посна сарма со туршија В незнам ќе видиме @mareane и јас се потешко издржувам без храна, ми се стресува снагата и мене..пробувам да пијам вода повеќе ама не, не ми оди ич не ми се пие (чекам лето да дојде) и башка вежбањево, неможам да направам баланс, чим вежбам повеќе ми се јаде повеќе..
Ич периодов вода ич не пијам ама не ми се пие бре . Ама затоа еве увин од вечерва ќе пијам Деновиве јадам по 2 пати еднаш ѓеврек или мал тост(само тоа може на работа)и еднаш нешто манџа или месо.И некое овошје и тек тук некоја грицка измеѓу или вечер покасно. Ама вагава не мрда.+ - 500 гр. оди
Д. Ѓеврек и кафе У.црно чоколадо Р. Тортиља со фета и песто У. Капучино и тортица В. Две оризови гелети со путер од кикирики и мармалад
Да. Јас често практикувам water fasting. Моментално ми е втор ден од пост и планирам да држам уште ден-два. На секои две недели го правам ова за да ја достигнам аутофагија и да симнам некое килце. Безбедно е доколку немаш некои здравствени проблеми или анемија. Јас се чувствувам одлично и не сум гладна. Пијам кафе само и вода.
Вчера се мерев нели среда, многу побавно оди слабеењето кога се помалку кг вишок, но пак покажа вагата -200г т.е. 61,3 и покрај тоа што денот предходно ждерев баница. Од утре ми почнува одмор па и диетата ја ставам 3 недели на одмор. Целта што ми беше. До крај на март да сум 60кг може ќе ја промашам ама за малку. Денес, а и вчера исто беше Д: крем супа од аспарагус Р: мисиркино месо и салата В: две кифлички со сирење Не можев неколку дена да вежбам, ме фати ишијас, ама денес се осеќам подобро па планирам да пешачам.
Епа ај здраво. Долго време ја гледам темава и само кружам околу неа, ама откако вчера изедов *9* еклери (Делиција - кој пробал знае), без да ги споменам и другите глупости во текот на денот, реков доста е. Можеби имам проблем, бидејќи сум константно гладна и после јадење, а можеби е само психа и лош психички период. Неспиењето и уморот си го зема данокот, па планирам најдоцна до 23ч да сум легната. Земав програма на Милана Делич зошто ми требаат и вежби, а планирам на подолгорочен период да се консултирам и со др. Митов (откако ќе испитам шеќер и кс). Да се претставам, имам 75кг, висока 170 цм и BMI 26.
Јас сум -16кг од 8 јануари до сега(имав прекин 2 недели и уште 2-3 пати си кркав тоа што не треба) ама задоволна сум.
Од 17ти јануари до денес, во минус сум 12 килограми Грешев неколку пати, не бројам калории, ни па вежбам Мора малку да се раздвижам, поголем мерак да ме фати. А благо ми се јаде та ми се плаче