Јас постам, инаку да не постев со таков ПМС ќе имав ох леле мајко со благото Пиете ли кола кола зеро? Денеска се почастив и Мака ми е сега
Мене само Зеро ме спасува во криза, искрено подобро пола или цела чаша зеро отколку една чоколада Е ќе се подуе стомакот ама проаѓа и тоа. Штетно е да се пие во големи количини заради засладувачите ама мислам дека никој тука нема да се предозира.
колку кила падна за тие 5 дена? кока кола зеро, црно кафе и чај со засладувачи. 0 калории се така да можеш да пиеш додека не се протуриш.
На почетокот на диетата испив неколку шишиња кока кола, после ич немав напади за благо, сега еве пак. Цела ноќ јадам благо на сон Си купив една, вечер ќе се напијам
зашто забранети? 5 дена на вода си само? се мачиш без потреба, ке си олесниш ако пиеш нешто, кафето и чајот се по 1 калорија а и кока кола зеро исто, а засладувачот е помалку од 1 калорија и не активира инсулин за да осеќаш глад, ако ти е за тоа.
Не! Јас сум на water fasting и сум ок Има група на фб и се подржаваме резултатите се екстра! Само на вода, електролит и химелајска сол, 5 ден ми е денес и конечно малку каснав нешто, и продолжувам до 30 дена вака Се надевам дека нема да се скршам како во 5 ден
Втф 30 дена!? Човек може максимално за преживее 3 недели без храна, а и пред тоа телото ке почне да ги конзумира мускулите и органите. Не пробувај такво нешто, повеќе од 2-3 дена немој да постиш, пошто само бараш да си наштетиш. И од пребрзо губење на тежина може да се појават проблеми со жолчката, а знаеш колку боли тоа? Ке треба да те оперираат и да ти ја извадат.
Во групата кај што сум член на фб има по 40 дена на вода со изворедни резултати и излечени болести Летото држев 15 дена и бев топ
Ја ти кажувам за твое добро. Свесна си дека поголемиот дел од луѓето што сакаат да ослабат немаат појма како да ослабат, мислат дека ако пијат таблети или некој "чај за слабеење" ке ги стопат мастите. Не верувај на се што ке видиш на интернет, 90% не знаат што зборат.
Како воведуваш храна после постот? Најдов студија дека има здравствени бенефити од ваков пост, ама внесувањето оброк после него може да биде опасно.
Супа, лесна храна постепено никако тешка храна месо скроб со тек на време никако наеднаш прејадување Самоконтрола Ни јас не верувам дека од чај и од било какви таблети може да се ослаби
Здраво Да пријавам дека конечно сум на БМИ кој го пријавив као стартен пред некое време.....а всушност кујзнае шо сум видела и рачунала....Нејсе....Во минус сум 3,5-4 кг....варира ден-ноќ, вчера денес, за период од месец и 10 дена (+-). бавно ама ок е. Фастингот го практицирам скоро речиси 6/7 дена, едниот ден кој не ми е фастинг не е намерно, туку се дешава да треба да патувам, па да мора да каснам порано, да не ми се слоши по пат или слично. Постот пак, (нели на две диети сум, оти една не ми стига) добро ми оди за разлика од претходни години, иако сепак не сум најзадоволна оти консумирам благотии. Но секако имам и овошје и зеленчук на менито бајаги. Вчера лимон со вода, 2 турски, ѓеврек, посна сарма, 1 парче леб, краставица, јаболки, 2-3 мали посни бајадери. Бечера нема. Последен залак во уста во 17 и 30. Денес во план лимон и вода, овесни со шумско и лажиче мед, 2 турски, за ручек ѓувеч и печурки со 1-2 парчиња тостиран леб, и марула салата.... Е за викенд ќе видиме...
Што ми требаше да си направам посна погача, вагата кило плус покажа, башка што во вц сум цел ден од погачата, ај од утре пак по старо
Топиш масти, а градиш мускул Тоа е уствари што сакаме да постигнеме, обемот е многу поважен од вагата )
ако топи масти а гради мускул,ќе крева на килажа. Спрема то што го пиша членката, изгубила само волумен а тој волумен на телото е гликоген вода и натриум.
Другарки добро утро! Ако не пишувам ама тука сум ве дружам..утре и ќе се мерам по сите правила!!! Инаку уште терам пост, добро ми оди задоволна сум... За денес Д бојров сок и галети со џем (2 доста ќе се) У јаболка Р интегрални шпагети и некоја салата В салата