Конечно да се пофалам и јас . Мислам дека има некои резултати. Сега само што си ја стеснав сукната која моментално ја носам, за цели 5 цм . Свечено се мерам утре, да видам до каде сум стигнала
Јас сега морам да се пофалам Си купив денес дводелни купаќи и се изненадив кога се погледнав. Мешево не ми е рамно, ама се затегнало, не е кашаво, ама не е ни веќе големо, а задникот... Доволно е да кажам дека дури и дечко ми се изненади, иако нон стоп гола ме гледа Затоа девојки издржете, вреди бре за резултатите и маката и вежбањето и потењето
Колку работи би кажала на темава ама ајде, не би да се рчкам секој има право на мислење. Јас денес јадев кроасан сабајле, и за ручек туна и сирење со кришка леб. Толку за денес.
Јас сум катастрофа Овој ПМС тотално ме уништи, јадам како свиња. Нон стоп сум гладна. И одма почна да ми се познава на панталоните, тие што ми беа големи, сега ми се таман, а за оние за кои се израдував дека ќе можам да си ги носам, веќе не ме собираат. Се надевам дека наскоро ќе ми дојде, тогаш немам апетит.
И еве свечено пост да напишам. Не ве читам, ама се радувам за последните постови во кои сте ослабнале. Јас редовно теретана (освен среда и недела - pool party лајк мај казн сејс ) и супер ми е, си горам по некои 200 калории со по час возикање на статичниот или пак нешто помалку време со трчкање на лента али се заглавува по 10 мин. . Pozz.
еве и јас да се пофалам со тоа што се поправив уште две кила од последниот пат и неможам веќе да се гледам во огледало жално...... а плус тоа ми препишаа и хормонална терапија за нередовниот циклус како ке излезам на крај нз ми се јадеее,депресивна сум анксиозна и се ми е се нервирам ...
Конечно и мојот репорт денеска Па вака,појадував крај 10 часот четврт мазник со сирење.Потоа крај 2ипол часот јадев од вчерашната пилешка чорба.Па крај 4ипол вежбав стомачни,за задник,за нозе итн.Излегов да попашачам малце,т.е до кај една другарка и назад.Каснав после малце благо.И тоа.И да не кажувам секогаш пијам многу вода нон стоп.И тоа е за денеска.
На мојот репертоар додавам три кафиња, малку лубејнца и сладолед. Овошен, оној прстот де си знаете кој го јадам јас Воа кофеинов примеќам малку лошо ми делува во големи количини кога е внесен Ако де убаво ми е. Плус дома има лазањи а јас не јадам. Знам дека секој втор ден имаме лазањи ама на синчето мамино му се омилено јадење, а ти мече јади си туна од локалното продавниче АКо де, тие многу знаат, туната е повкусна
Јас ќе рапортирам по некој ден откако тета ќе си оди. Се хранам исто како и досега, вода пијам, се движам ( денес цел ден чистев дома, па работев физичка работа попладнето, попешачив малку), ноподуена сум и се чувствувам како цел вол да имам изедено, ама за некој ден ќе помине. Од утре се враќам на редовното вежбање и со Господ напред планирам утре да држам овошен ден. Поздрав
по ваше што мислите колку можам да ослабам според мојата диета...ке ви кажам за 1ден а др денови слични се,за доручек овошје,за ручек јајце и логурт,а за вечера јајце и патлиџан салата и парче лубеница,згора на све и физичка активност по 1 саат отприлика
Денес овошен ден, се надевам успешен. Ми треба за да се ослободам малку од подуеноста, нервозата и мрзоволноста на овој ПМС, а пред се' за да си ја вратам малку од малку самодовербата
Вчера се качив на вагата и гледам сум мавнала едно кило Пред 10 дена бев 54,2 а сега сум 53,2! За 10 дена само еден килограм , не знам баш дали ми е за пофалба работата! Сакам уште 3 да мавнам (ќе бидам задоволна и со 2) па онака лесно ми звучи, ама којзнае дали ќе успејам бидејќи бавно оди работава! Вчера си подготвив за доручок три суепени лажици мусли со малку млеко! Ручав кришка црн леб,мало парче сирење и летна манџа (пиперки и домати пржени) а вечерав супа! Но вечерта кога излегов со дечко ми не можев да му одолеам на мирисот на печен башак (печена пченка) и си купув еден нааајмал оти ептен ми сакаше душичкава! Смејам ли да јадам печена пченка, или ептен ја грешам работава? А?
Јас денес се што изедов беше три кифлички, 2 кебапчиња и 4 прсти. И кафе пиев. Планирам да биде толку, ама вечер сум на роденден ќе пробам малку торта за да му го направам меракот на едно детуле, а плус дома гости ќе имаме .. па ќе гледам да бидам мирна.
Ова не ми е десено до сега!! Значи кога сум на диета во умот ми се врти јадење, а стомакот ми се витка од глад. А вчера освен што испив две кафиња Слим енд фит и изедов две лепчиња со павлака и краставица кон 18ч ништо друго не јадев. Денес со сега испив две кафиња (едно од нив турско поради главоболката) и немам ништо друго јадено. Ако вака продолжам јас дефинитивно ослабнувам некое кило. А со физичката активност слабо стојам. Немам сили на топлово да вежбам, трчам или било што да правам. Добро, пливам-ако тоа се важи. Еве денес пливав обратно од текот на водата на дрим и тоа релација која никогаш не ми успеавало да ја испливам!
^ WhiteAngel, немој многу да се секираш, ќе се навикнеш после некое време, почетокот е секогаш најтежок, првите недела-две, после ти се привикнува организмот на помалку јадење. И немој да гладуваш, малку е тоа што го јадеш и нема така да ослабеш. Јади помалку, ама повеќе пати во денот, за да не чувствуваш глад. Денес сум само на јуфки во 12, ептен грешка направив што ставив малку сиренце, ама не можам така суви да ги јадам, па и јас сум човек И уште ми се нема пријадено, а за ручек имам посна зелка. Ќе јадам ако ми се пријаде, ама моментално не ми бара душата, што да правам
Моето денешно мени не е за пофалба, уознтми али изедов кифла со мармалад просипана со шекерче, баничка со вришла згреана на 100 степени, 3 големи, 3 средно големи и 4 мали колачиња и сите чајни освен 5 кои имаа подлога со ќоќоладо. Ќе си вечерам големо парче лубеничка на коцкички. Не ме карајте, губам по некои 250 калории на теретена и тоа е се. Pozz
Ам, јас не бев мирна. Каснав и малку торта и уште две кифлички со две колбавчиња. Плус испив две чаши винце со кока кола. Сега тешко ми е ама таква е вечерта. Се на се денес некои 5 кифлички ама мали се тие минијатурни, 5-6 кебапи, 2 колбавчиња, и неколку прсти и печени и пржени, и кајсии подкаснав и кафе пиев. Се на се не се многу калории, ама и после 9 јадев. о и шопска јадев де. е многу сум јадела денес Ај утре полабаво, демек утре не сум пак на прослава. Останете ми со здравје и со празни желудници. Инаку гостиве ми рекоа, ауу мече си поднамалила, баш со тој збор, море бре, многу знаат тие, јас сум се исушила Се шалам, убаво ми беше, ама ме срамат бе па