Јас го пиев шејкот и чајот комбинирано, шејкот е само замена за оброк ништо повеќе и треба по шема да јадеш односно пет пати дневно,што лично мене на почетокот ми беше тешко дур избалансирам, треба да готвиш претежно пилешко и риба и реално џабе фрлени пари. Ич не би дала а иначе симнав неколку кг за еден месец после прекинав и ги вратив дупло. Чајот ќе те тера повеќе да мокриш ништо посебно и се пие двапати дневно како замена за кафе е. И тоа го пиев еднаш дневно затоа што е јак има многу кофеин во него. Со избалансирана исхрана, со помали оброци ќе се постигнат убави резултати, без никакви шејкови.
Малерозна на рапорт. Топскам во место, вага не мрда. Пмс ме побудале, 3 дена благо јадев, денес и леб си каснав. И со благо, вагата не мрда Си варирам од -10 до -12, еве уште малку како сум 3 месеци на диета. Нешто погрешно правам Треба да се движам, а мене ме мрзи што живеам
Да се пријавам и јас, одамна ме нема. Почнав на 12 февруари до денес сум скоро -10 кг. Малку ме зезна вирусот сега, неколку дена немав апетит воопшто па од ко сум подобра цело време сум гладна, инаку убаво ми се навикна телото на поздрава исхрана и одредена рестрикција. Друго сакав да прашам, што мислите за интуитивно јадење?
Јас ги користев и помагаа во слабеење. И немаа нус појави јојо ефект или да ти вратат килажа. Секако со комбинација на здрава храна ќе имаш ефект ако се надеваш на нив а јадеш свашта џабе ти е
Дали јадењето ист доручек секојдневно има бенефити во слабеење или има контра ефект? Станува збор за чиа, млеко, аронија, малина, банана, бадем и путер од кикирики.
Јас скоро секој ден јадев иста овесна каша (кравјо млеко, овес 4 лажици, банана, малку какао и по некој бадем), многу ретко јадев јајца варени/пржени и пак имав резултати. Се додека си во калориски дефицит ќе слабееш
Дојдов да кажам дека сум сатус кво. Ама сум подуена во стомак многу. Постот завршува за некој ден, па после може инакви комбинации да правам. Па да кажам дури и сум си горда дека не отидов на горе. Маж ми на пример секогаш намалува, ама јас не. За Велигден сите внимателно, да не претеруваме со месо, благотии и теста.... Да не кежете не сум знајала !! Убави празници да имате
претходно пишав дека килажа та ми е иста а обемот намален. Сега сум како ти што опиша со подуен стомак а - 3кг ме нервира таа подуеност во стомакот.
иста сум и јас, супер се чуствувам ама пак после празников ќе морам на повеќе рестрикциии со хранава, а вежбањево со ова темпо ми годи и ми е таман. @Estranged супер си девојче, јас пак сум со 7ца напред ама тоа е не сум веќе во триесетите !!! БМИ 26,4 .. Имајте убав празник и паметно јадете
Една недела сум во Мк и веќе сум опасно блиску до 7цата а уште 3 недели имам до враќање дома. Ќе ви се придружам пак активно во темава од средина на мај
Епа пукнав веќе. Вага не мрда и толку си е. А само колку благо изедов последната недела ипол. Се вртка околу -11, не е фер значи. 2 ипол месеци без леб, благо, без јаглехидрати и само толку килца да симнам. Да помине Велигден, се враќам на работа и почнувам турбо диета, нејадење за разлика од ова сега.
Ама тоа ич не се малце килца малерозна!! После некоја година, се потешко се слабее....секое кило у минус е успех.... Одлична си....ме се предавај . Браво!!!!
И кај мене вага не мрда.Ама па и не сум нешто ригорозна освен што бел леб и благо намалив до минимум.Не скроз ич. Може последнава недела дека постам а и од апчињава кои содржат и диуретик имам килограм минус. И од оваа килажа сум задоволна јас само да ја одржавам на долг рок да можам. Бми 23.93
Точно од пред 3 месеци сум на режим. Денес се мерев точно -10кг, БМИ 26.8 Ок е. Некако бавно ми оди, барем -12кг да беа, по 4кг месецот. Не е лошо ама според тоа што знам одприлика колку калории внесувам, пешачам, малку вежвам, со бебо по цел ден враце и плус со доењето трошам калории, малку е. Уште -10 за наредните 3 месеци и таман сум.
Од денес и јас, имам некои 8-10кг за симнување, планирам протеински шејкови, некое смути со зеленчук, ептен криза кога ќе ме фати јогурт, малку сиренце, кашкавалче зошто без тоа неможам и ќе видиме. Имам ограничен период, за 2недели имам роденден па барем 3 4 кг да се намалат.
Бидна што бидна денеска и вчера со јадењето, се враќам на стариот начин на исхрана, греота е тие 20кг да ги вратам бидејќи сум стрвна
Ајде, помина празникот сега сите само ОЗБИЛНО..прво ова за себе си го велам а вие сте сите умни си знаете.. Денес Д мимоза салата У јаболко Р супа зеленчлукова В салата или кисело млеко со сусам..