Ти си од умните во групата и мора да те слушаме... Арно вика мм,после постот на трет ден Велигден се опуштам за јадење ...Вчера, завчера ,умна бев.Денес напад за благо...но беше шо беше...Сега е на ред умереност.. Само ОЗБИЛНО...
Леле мене денес ми се случи да ми се пријаде благо ептен , па купив од оние чоколадирани лешници едно 50гр изедов (тие 70 гр имаат 500 кал). Морам да почнам да бројам калории затоа не намалувам...ама ај не се откажувам... Важно 38 фустан купив сеуште сум тука некаде...
Одмори некој период части се малку па после ќе се средиш...понекогаш треба малку да бидеме нежни сами спрема себе. Нема да трае долго ќе се вратиш...
Да се пријавам во темава. Цело време сум од утре. Ама еве го утре дојде, почнувам со 66,4 кила, целта ми е да стигнам до 58 Идеи за јадење ми фалат па се надевам споделувате тука што јадете или упатете ме во соодветна тема. Претходно можев кога сакам да симнам килажа, никогаш не сум имала повеќе од 64, ама сега после бременост е тоа резултатот. Килажа која ја имав цел живот е 58-59 кила и се осеќам супер со таа килажа. Никогаш не сум сакала благо ама во бременост се разјадов и еве уште сакам. Планирам прво благо да исфрлам, газирано, леб… Вежбање неколку пати во неделата-дома. Не сум држела никогаш ригорозни диети а и дојам така да ќе гледам да се хранам здраво.
Денес Д 2 варени јајца и 1 кришка леб У банана мала и малку индиски орев Р немам за денес ама ќе биде салата В кисело млеко со сусам Значи морам да се вратам некако на планов иначе само посегнувам по нешто и грешам..
Поминаа празниците, време е за диетување Изедов купишта благо, леб, се тоа што не требаше. Дури и нес со шеќер пиев Се надевам сега побрзо ќе тргне слабеењето. На вага не се качувам, последно бев -9 Ајде сите да се построите и да ветите дека сите заедно, сложно ќе држиме диета и ќе се поддржуваме. Ако не ќе игра стапот на Малерозна
Штом Малeрозна стапот го извади и јас да идам . Стварно сум неозбилна и неодговорна.И дрчна бе Не јадам количински ама се нездрава храна.Ај барем да пробам на поздрава варијанта. Да се вратам на овесот.
Јас морам да се озбилам, денес видов на вага 80 кг, ќе се онесвестев за малку... Претерав овојпат, имам апетит огромен, плус ја одбив малата од доење и овој месец удрив на јадење на нервна база. Си имам јас изгледа некое пореметување во исхраната, не можам да се контролирам, нонстоп нешто јадам. Не знам како да терам веќе, дали на ун да идам или имам рецепти од стари програми на ана...
Дечки, да ве прашам дали покрај исхраната вежбате? Освен пешачење трчање(иако тоа послабо) реков ајде ќе почнам да вежбам и првите два дена многу голема Тежина осетив. Дали е нормално тоа или не? Инаку вчера се заинатив и цел ден бев на овошје и зеленчук. Појадокот беше овесни снегулки со ленено семе и јаготки ручек салата - домат кокарче и краставици. Вечера еден портокал и потоа едно јаболко
Да, јас вежбам појди во другата тема за мотивација за вежбање има примери се од интернет ( и ја од таму открив што ми годеше) да си вежбаш дома. Тука сум, ако не пишувам терам....утре мерење! За денес Д урда со варено јајце У јаболка Р компир манџа со салата В кисело млеко со сусам
Од вчера што сум пишала немав време за манџата доцна ми с ефати да јадам па ручек вечера беше злека салата со кришла леб. Е денес сум гладна од сабајле.. Д урда со варено јајце У јабоилка Р стек со салата В кисело млеко
Извини што доцнам со одговоров. По правило е 3 лажици кисело млеко со 3 лажици сусам. Ама сега ако си гладна и цело да го изедеш без леб се разбира не е страшно. Вчера и денес супер, за денес јадев риба со салата за ручек. Ја активирав и апликацијата за мерење калории и одма мрдна вагата. Следна среда е официјално мерење и БМИ така да очекувам напредок. Убав викенд друштво
Јаглехидратите особено вештачките шеќери и засладувачи т.н брзи шеќери кои го трошат и го уништуваат инсулинот се главна причина за покачена телесна тежина. Заблуда беше дека мастите дебелат, всушност јаглехидратите дебелат кои ако се внесат вишок, првобитно се полнат резервите за нормална функција на црниот дроб, панкреасот и телото кои му се потребни, а вишокот се складира во масти и се таложи како сало и тогаш доаѓа до дебелење. 580 калории чоколадо и 580 калории пилешко месо нее исто. Чоколадото нема да го стави телото да согорува масти, додека пилешкото има 0 шеќери, а кога организмот нема внесено јаглехидрати, почнува да ги користи резервите и се става на согурвање на масти. Тие што сакаат да ослабат, мора да бидат во калориски дефицит за ако сакаат да спуштаат. Конзумирањето на ниско калорична храна го овозможува тоа.
Хидратите покасно се претворат во шеќери и го поттикнуват панкреасот да лачи инсулин. Хидратите дебелат но за да се претворат во масти,мора црниот дроб и мускулите да се заситени со гликоген па тогаш на сето то кога додаваме хидрати,тогаш се претворат во телесни масти затоа што црниот дроб има доволно хидрати па вишокот го складира како резерва а таја резерва се претвора во масти за жал. Е сега ако мешаме масти и хидрати во големи количини,тогаш мастите одат дирекно во сало. Тое малце поширока тема зошто е то така.
Во текот на бременоста се здебелив 30кг, почнав со 64кг на крајот имав 94кг (можеби и повеќе, не се мерев во 9ти месец). Ме болеа колената, грбот... за 5 месеци успеав да ослабам само 5кг без диета, за 1 месец диета и пешачење, 7кг ама имам уште многу за слабеење. Многу сум разочарана од себеси затоа што не можев да се контролирам колку јадам. Не ни сакам да се гледам во огледало. Моментално имам 82кг, а висока сум 161цм, уште носам труднички алишта. Јадам само еднаш на ден и пијам по еден протеински шејк, знам дека не е добро за здравјето ама не можам повеќе, многу ми е тешко и физички и психички.
@Winterborn77 Не се разочарувај, ќе успееш, секој ден е нова можност Јас би ти рекла почни со мали чекори. Гледај од ден за ден. Hе гледај во минатото, ниту се оптеретувај за иднината. Поставувај си мали дневни цели додека да ти стане навика. Значи утре кога ќе станеш, зацртај си денот да го поминеш со правилна исхрана и физичка активност. Наредниот ден пак така и така натаму. Вака сметам ќе имаш помалку притисок врз себе. И помалку ќе се разочаруваш, бидејќи преку ноќ нема ништо. Воедно не се мери секој ден. Доволно е еднаш неделно. Во текот на денот имај си 2-3 здрави и хранливи оброци, со што ќе се заситиш и нема да посегнуваш по нездрави грицки и слично. Кога ќе вежбаш и слично, пушти си ја омилената музика и ќе бидне. Се ќе се среди.
Isto I jas vo bremnosta se zdebeliv mnogu, se ova sto go pisa isto se osekav I jas, den pred porogaj bev 89 kg a pred brmenosta 66kg. Sega sum 63kg I uste pazam nanhrana sakam do 60kg. Pred kolku vreme si porodena? Mene najmnogu mi odgovara autofagija 16/8 imam 2 obroci ,dorucek so 2 parcinja tonus i rucek toa sto ke spremam mandja, peceno meso so mnogu salata ,kako uzina jadam ovosje, ne pijam gazirano,blago ne jadam osven za nekoj rodenden najlesno mi e vaka i mozam da se pridrzuvam.tuka ne pisham ama redovno citam za motivacija.