Фала многу! Инаку порано бев многу активна во темава. Од 87кг намалив на 70.80 односно се вагав пред некој ден. Идеално за мене би било уште 5кг минус но полека полека. Инаку јадам се' и не се откажувам од ништо бидејќи организмот има потреба од секаков вид храна.
Како да ги стопам мастите на стомакот? Помислив да земам корсет за обликување, но пред се имам масти за топење
Корсет нема ништо да направи А не можеш да таргетираш топење на масти. Броење калории (ако не ти е мачно) и регулирана исхрана, физичка активност. Нема друга филозофија
Вака така се вративме сите на темава. Ми помина одморот на кој многу јадев и се изгубив скроз, едвај се вратив пак на 62кг. Сабајлево се мерев 61,6, веќе два дена сум на строга диета. Убавото е што вежбам па иако вагата стои на место, во обем сум намалена. Уште 4кг до целта останаа, морам да издржам.
и јас сакам да земам корсет за обликување. Побарав и низ темава мислење каде да најдам и дали би ми завршил работа ама не добив одговор. Уствари корсетот нема да ни помогне во топењето масти ама кога би се стегнала како додатно во вежбањето би имало некој бенефит. Мислам додека вежбањето да покаже ефект без корсетот ќе си одиме со растресена кожа на стомакот и без правилно држење на рбетот
Се мерев сабајле, 64.5кг имам. Во наредните месец и пол сакам да дојдам до 5ка напред, 58/59кг. Од вежбање, гледам да пешачам повеќе и дома вежби некои лесни. И многу вода пијам, многу.
Ај добро утро!! Ме нема некоја недела на темава имав премногу обврски и шетање ама најважно од се не претерував со јадење , ја одбирав здравата варијанта , пешачев кога можев и тоа над 15000 чекори на апликацаијата ми броеше! За денес Д јајце варено, патлиџан и кришка ржан леб У јаболка Р гравче со салата В салата
За денес Д јајце варено со патлџан и салата У јагоди Р гравче В салата Кај сте диеталки? или ослабевте сите или ве мрзи да пишувате?
Тука сме, тука. После еден месец хедонизам се враќам на мојот режим со точно 70 кг. До денот за БМИ во јуни сакам да се вратам на тежината што ја имав пред посетата на Македонија, а дотогаш не пишувам, ќе седам во ќош и ќе мислам на тоа колку бурек изедов во тој еден месец.